Скопје
Ѓорѓиевски: Реконструктивни активности за современи услови за учениците од село Драчево

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска изврши увид во градежните активности во ООУ „Свети Климент Охридски“ во село Драчево, каде што се изведува целосна реконструкција на тоалетите и санација на фискултурната сала. Со оваа реконструкција, целосно се обновуваат тоалетите за учениците. Ќе бидат заменети сите санитарни елементи, поставени нови подни и ѕидни плочки, нови врати и нов плафон. Проектот, вреден 1.000.000 денари, е финансиран од Министерството за образование и наука. Во рамки на проектот за санација на фискултурната сала, се обновува подот и ќе се заменат прозорците. За оваа намена Општина Кисела Вода издвои 750.000 денари од својот буџет. Реконструираните тоалети ќе се користат во стариот училишен објект додека тој е во функција. Но, уште поголема промена носи изградбата на нова, современа училишна зграда, што веќе е во тек. Овој нов објект ќе овозможи модерни услови за учениците, додека стариот објект, кој повеќе од 100 години има историско и културно значење за жителите, ќе се зачува и ќе добие музејска функција.
„Вложувањето во образованието е еден од најважните приоритети на Општина Кисела Вода. Наша цел е да создадеме современи и стимулативни услови за сите ученици. Тоалетите, кои ги обновуваме со цел да бидат функционални додека се користи овој училишен објект, ќе им служат на учениците се до изградбата на новата училишна зграда, која ќе донесе еден нов почеток за идните генерации, а истовремено ќе го сочуваме и богатото културно наследство што го претставува стариот објект. Паралелно, како општина, вложивме 750.000 денари од сопствениот буџет за санација на подот и прозорците во фискултурната сала, со што значително ќе се подобрат условите за изведување на часовите по физичко образование. Вложувањето во училиштата е вложување во иднината на нашите деца и тоа е насока која јас како градоначалник ќе продолжам да ја следам и во периодот што е пред нас- истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода делови од Центар и Аеродром

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Питу Гули бб, општина Центар (во близина на Тинекс), прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици: Питу Гули, дел од Загребска, Ганчо Хаџипанзов, Капештец, Димитар Пандилов, Караорман, висока зона Козле и Ловќенска-крак 1,3,5 и 7.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, во општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на дел од село Долно Лисиче.(општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на објектите спроти Ист Гејт населба Крњево.(општина Центар)
· во периодот од 08.10 до 12.00 часот, корисниците од улица Божидар Рајковиќ, дел од ул. Горноврановска и дел од улицата Горно Лисиче (општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 16.00 часот, корисниците на улиците Ибе Паликуќа, Воин Драшкоци, Веле Марков (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел и Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.20 до 12.30 часот, дел од корисниците од ул. 1 во населба Радишани. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Горно Лисиче лоцирани на потегот од Маг Комерц, А-М Стил, Феромонт Инжинеринг кон село Долно Лисиче. (општина Аеродром)