Македонија
Претежно облачно и студено со локални врнежи, на планините и на повисоките места од снег, на пониските од дожд и снег

Денеска претежно облачно и студено со локални врнежи, на планините и во повисоките места од снег, во пониските од дожд и снег. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 1 до 6 степени.
Во Скопје, претежно облачно и студено со повремени врнежи од дожд, а во повисоките делови од котлината од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Во следните денови ќе се задржи променливо облачно, студено и ветровито време со локални врнежи претежно од снег.
Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Од сабота следува период на стабилно, суво и понатаму студено време.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нема повеќе седење дома и земање плати, потребна ни е ефикасна администрација, порача Мицкоски

„Јавната администрација не е само механизам за спроведување на законите и политиките, таа е лицето на државата, одраз на нејзината ефикасност и посветеност кон граѓаните. Колку е подобро организирана, толку побрзо и поквалитетно ќе ги испорачува услугите. За жал, во изминатите години сведочевме на слабости, партизираност, неефикасност, недоволна компетентност на одредени кадри. Сега е време за промени“, рече премиерот Христијан Мицкоски на втората по ред седница на Советот за реформа на јавната администрација.
Мицкоски исто така подвлече дека нема веќе седење дома и земање плати, и дека Владата ќе се фокусира на одредени елементи во јавната администрација да ја направи поефикасна.
„Можам да соопштам дека нема повеќе луѓе кои седат дома и земаат плата.
Се бориме за систем на заслуги наместо партиски влијанија.
Професионалната администрација подразбира дека вработувањата и унапредувањата се засноваат на знаење, вештини и резултати, а не на политички или лични врски. Воведување транспарентни критериуми за селекција, тестирање и континуирана евалуација ќе гарантира дека само најдобрите ќе бидат дел од институциите.
Според него, професионалец не е само оној којшто знае, туку и оној што работи одговорно и транспарентно.
„Ќе ја зајакнеме етичката свест и механизмите за отчетност на администрацијата кон граѓаните.
Дигитализација за поголема ефикасност е многу значајна. Современата јавна администрација мора да биде технолошки напредна. Ќе инвестираме во дигитални алатки кои ќе го намалат времето на обработка на барањата, ќе ги елиминираат непотребните чекори и ќе ја зголемат ефикасноста.
Квалитетната администрација бара мотивирани и задоволни службеници. Тоа значи подобри работни услови, фер плати и можности за напредување врз основа на реални заслуги“, рече тој.
Мицкоски нагласи дека јавната администрација е сервис за граѓаните и дека реформата мора да се спроведе ако сакаме европска држава.
„Ова не е промена што се случува преку ноќ, но е реформа што мора да ја спроведеме доколку сакаме модерна, европска држава. Јавната администрација мора да биде сервис за граѓаните, а не институција што ја кочи државата. Време е да создадеме систем во кој професионалците ќе ја движат администрацијата напред“, заклучи Мицкоски.
Македонија
Набавка на 120 еколошки автобуси, изградба на нови и реконструкција на постојните објекти во културата, одлучи Владата

На денешната 65. владина седница беше разгледана и усвоена информацијата за содржината на програмата за изградба на нови објекти и за реконструкција, санација и адаптација на постојните објекти што ги користат јавните установи во областа на културата за 2025 година, која содржи 11 проектни активности, кои ќе се реализираат од страна на Министерството за култура и туризам и националните установи од областа на културата, кои се носители на активностите.
Со оваа програма, како што информираат од Владата, се предвидуваат активности за продолжување со изведување градежни работи за изградба на нов објект наменет за театар и библиотека во Тетово, изградба на објектот на НУ Турски театар – Скопје и изградбата на Стариот театар во Струмица, се продолжува и со реконструкција на објектот на театарот во Куманово, како и почеток со реконструкција на објектот НУ Музеј на Македонија и почеток со реконструкција – санација и адаптација на објектот на поранешно кино „Партизан“ во Битола при НУ Народен театар – Битола.
Финансиските средства потребни за реализација на активностите од програмата се предвидени во буџетот на Министерство за култура и туризам за 2025 година во износ од 123.775.000 денари.
Исто така, Владата ја разгледа и усвои информацијата од Министерство за транспорт во врска со доставените писма за интерес од единиците на локалната самоуправа за потребата од набавка на еколошки автобуси за јавен превоз. Имајќи ги предвид финансиските средства обезбедени во рамките на буџетот на Министерството за транспорт за оваа намена, предвидена е набавка на 120 еколошки автобуси, од кои 80 се ургентно потребни за обнова на возниот парк на ЈСП „Скопје“ и подобрување на јавниот превоз, а другите 40 ќе бидат распределени во согласност со економската оправданост и реалните потреби на секоја од единиците на локалната самоуправа.
Набавката на еколошките автобуси за јавен превоз ќе придонесе за подобрување на квалитетот на услугите за граѓаните, како и намалување на загадувањето на воздухот во општините, одржлив развој и заштита на животната средина, нагласуваат од Владата.
Македонија
Вештачења, распити и анализи за обезбедување докази: обвинителите ја продолжуваат истрагата за трагедијата во Кочани

Јавните обвинители од тимот што ја води предистражната постапка за пожарот во дискотеката во Кочани континуирано преземаат повеќе истражни дејства за обезбедување докази, информираат денеска од Обвинителството.
„Такви дејства, кои вклучуваат распити, анализи и вештачења од голем обем и во однос на повеќе институции, се во тек и денеска. Меѓутоа, за да се зачува тајност на постапката и да се спречи компромитирање на доказите, Обвинителството не е во можност во моментот да открива повеќе детали за активностите“, велат од Обвинителството.