Контакт

Топ

72-годишна скопјанка загина по удар од возило: била прегазена на раскрсница

Објавено пред

Синоќа во 20.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Партизански одреди“ и ул.„Франклин Рузвелт“ во Скопје, патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.В.(30), удрило во В.М.(72), двајцата од Скопје.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.М., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, по што била препратена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде подоцна починала.

Увид извршила  екипа од СВР Скопје.  

Македонија

Дурмиши: Ако трговците не ги коригираат цените, ќе бидеме принудени да донесеме одлука за замрзнување цени или маржи

Објавено пред

Инспекторите од утрово прават анализи во маркетите во однос на тоа како се движеле цените на основните прехранбени производи во изминатите три месеци, односно колку поскапеле производите што не се опфатени со новогодишната кошница.

dobivaj vesti na viber

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши ги повика трговците да ги коригираат цените на оние производи што се најпотребни во овој период на новогодишните празници и да им излезат во пресрет на граѓаните.

„Државниот пазарен инспекторат е на терен на вонредна инспекција и врз основа на податоците што ќе ги добиеме од нив ќе зависи каква одлука ќе биде донесена, дали трговците ќе се коригираат и ќе остане акцијата новогодишна кошница или ќе бидеме принудени да донесеме одлука за замрзнување цени или на маржи“, рече Дуемиши.

Министерот уверува дека Владата нема да ги толерира однесувањето на трговците и покачувањето на цените на одредени производи на сметка на намалување на други производи, кои ги предложија во новогодишната кошница.

„Сакам да апелирам до сите фактори во целиот овој процес, производители, дистрибутери и трговци, да ја покажат општествената одговорност за која зборуваа кога на нивен предлог ја креиравме оваа акција новогодишна кошница. Апелирам да ги коригираат цените на оние производи што се најпотребни во овој период на новогодишните празници и да им излезат во пресрет на граѓаните. Не може тоа што ним им беше дадено како право и можност за едни производи сега да го надоместуваат со драматично зголемување на некои други производи што ги користат граѓаните, како што се маслото, лебот, млекото, млечни производи, шеќерот, солта и така натаму, и така натаму, јајцата и слично“, изјави Дурмиши.

Целта на Владата, како што рече, е преку општествена одговорност кај компаниите за време на новогодишните празници да се намалат трошоците за живот на граѓаните преку самоиницијативно намалување на цените на некои од производите што се најпродавани за време на новогодишните празници.

„Она што на состаноците го договоривме и добивме уверување од производителите и трговците и дистрибутерите е пред почетокот на акцијата да нема драстично зголемување на цените на оние производи што ќе ги понудат и да не се зголемуваат драстично цените на производите што не се на листата на производи во новогодишната кошница“, рече министерот.

Оцени дека акцијата во првите денови почнала успешно, а кај некои производи во кошницата намалувањето на цените било и над 10 проценти. Но, тоа не се случи и кај другите основни прехранбени производи, чии цени се драстично зголемени.

Премиерот Христијан Мицкоски претходно денес рече дека цените кај некои продукти пораснале и до 25 отсто.

Прикажи повеќе...

Македонија

Цените пораснаа до 25 проценти кај некои продукти, рече Мицкоски и најави реакција уште денес

Објавено пред

На одредени продукти во маркетите цените им се зголемени до 25 проценти, изјави премиерот Христијан Мицкоски, кој најави реакција од институциите.

dobivaj vesti na viber

Според Мицкоски, ваквото однесување н трговците не е етичко, особено пред празниците.

„Тоа што мислеа дека ќе нè надмудрат и си играат со трпението на граѓаните и Владата не е добро. Тоа не е коректно однесување, особено пред празници. На ваков начин не треба да се прават големи профити. Граѓаните очекуваат разбирање, а не наеднаш да се зголмеуваат цените на одредени продукти. Тоа е нечовечно однесување. Реакција од институциите ќе има уште денес, а ако продолжат така, реакцијата ќе биде поголема во периодот што следува“, рече премиерот одговарајќи на новинарско прашање, додавајќи дека трикови од овој тип нема да поминат.

Мицкоски истакна и дека имаат и други мерки на располагање, кои може да ги преземат за производите да не поскапуваат, а за кои јавноста ќе биде информирана.

Премиерот претходно вчера најави дека ќе побара од Пазарниот инспекторат вонредна инспекција со цел да се утврди како цената на одредени основни производи е зголемена во изминатите 30 дена.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски им се извини на жителите на Арачиново и Липково: Има неодговорни градоначалници, ќе се стапи во контакт со општините за градинките

Објавено пред

Постојат неодговорни градоначалници со неодговорни изјави, но тоа не треба да биде пречка, изјави премиерот Христијан Мицкоски во врска со согласностите за вработувањата и пуштањето во употреба на градинките во Липково и Арачиново.

dobivaj vesti na viber

Мицкоски рече дека разговарал со министерот за социјална политика, Фатмир Лимани, и во текот на денот членови на неговиот кабинет ќе стапат во контакт со администрацијата во Арачиново и Липково и состојбата ќе биде надмината и завршена.

„На жителите на двете општини им се извинувам за непријатностите. Децата се наш приоритет и политиката на оваа Влада е во таа насока. Постојат неодговорни градоначалници со неодговорни изјави, но тоа не треба да биде пречка“, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Лимани вчера изјави дека очекува извинување од градоначалниците поради нивните изјави дека е нелигитимен министер.

„Во моментот кога ќе утврди дали сум легитимен или не, тогаш кога ќе се увери дека сум легитимен во исто време и мојот потпис ќе биде легитимен, и двете не одат заедно, мојата нелегитимност и мојот легитимитет како потпис“, рече Лимани.

Од друга страна, градоначалниците на двете општини изјавија дека се соочуваат со бирократски пречки за ставање во функција на објектите.

Градинките во Арачиново и Липково се очекува да сместат по 115 деца.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија25 минути

Дурмиши: Ако трговците не ги коригираат цените, ќе бидеме принудени да донесеме одлука за замрзнување цени или маржи

Инспекторите од утрово прават анализи во маркетите во однос на тоа како се движеле цените на основните прехранбени производи во...

Македонија1 час

Цените пораснаа до 25 проценти кај некои продукти, рече Мицкоски и најави реакција уште денес

На одредени продукти во маркетите цените им се зголемени до 25 проценти, изјави премиерот Христијан Мицкоски, кој најави реакција од...

Македонија1 час

Мицкоски им се извини на жителите на Арачиново и Липково: Има неодговорни градоначалници, ќе се стапи во контакт со општините за градинките

Постојат неодговорни градоначалници со неодговорни изјави, но тоа не треба да биде пречка, изјави премиерот Христијан Мицкоски во врска со...

Македонија2 часа

ВМРО-НП предлага укинување на „Државната лотарија“: Покрај сите досегашни нерегуларности во кои била вклучена институцијата, се нанесува и непотребна финансиска штета

ВМРО-Народна партија со внимание ги следи случувањата во врска со „Државната лотарија“ и во контекст на тоа предлагаме вклучување на...

Македонија2 часа

Трипуновски: Децата ги фрлаа јаболката што ги добиваа, а се потрошија над 40 милиони денари, таа мерка ќе се модификува

Мерката на претходната влада за помош на овоштарството, со која учениците и децата во градинките добиваа јаболка, сегашниот министер за...

Свет3 часа

Во авионот што се урна имало државјани на пет земји – преживеале 28 патници, меѓу нив и деца

Државјани на пет земји имало во авионот што утрово се урна во Казахстан. Во соопштението на Министерството за транспорт на...

Свет3 часа

(Видео) Се појави нова снимка од падот на авионот во Казахстан

Новата снимка од падот на авионот во Казахстан покажува дека леталото се запалило кога удрило во земјата. Khoảnh khắc máy...

Македонија4 часа

Најмногу снег во Маврови Анови, најладно на Попова Шапка

Утрово најладно било на Попова Шапка каде што се измерени -5 степени, -4 се измерени во Маврови Анови, Крушево, -1...

Свет5 часа

(Видео) Се урна патнички авион, испратил СОС-сигнал над Каспиското Море: драма во Казахстан

Се урна патнички авион на АЗАЛ кој летал од Баку за Грозни, јавува АПА. Авионот испратил сигнал „СОС“ над Каспиското...

Свет6 часа

Само оваа година во Саудиска Арабија беа егзекутирани најмалку 330 луѓе: бројот на казните нагло се зголеми, една третина се странци

Најмалку 330 луѓе беа егзекутирани оваа година во Саудиска Арабија, што е најголем број на егзекуции досега забележани, покажуваат податоците...

Свет6 часа

Данска ја зајакнува одбраната на Гренланд по изјавата на Трамп дека сака да го купи: купуваат дронови и бродови, инвестираат големи пари

Данската влада најави огромно зголемување на буџетот за одбрана на Гренланд, неколку часа откако новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ја...

Македонија6 часа

Забрана за сообраќај за тешки товарни возила на неколку патни правци

Како што извести АМСМ, забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на патните правци Крива Паланка – г.п.Деве Баир,...

Европа6 часа

(Видео) Масовен руски напад врз Харков: одекнаа десетина експлозии, објавени првите снимки

Русија изврши масовен ракетен напад врз градот Харков во источна Украина, каде во средата наутро беа пријавени серија експлозии. „Од...

Македонија19 часа

Антикорупциска нема да постапува против директорот на АНБ, Бојан Христовски – за веродостојноста на сертификатот велат дека не се надлежни

Антикорупциската комисија го затвори предметот за именувањето на директорот на АНБ, Бојан Христовски. За сертификатот по англиски јазик, издаден од...

Македонија22 часа

Одлуката за притвор за Груби останува во важност: Кривичниот суд ја одби жалбата

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, ја одби жалбата на одбраната на поранешниот вицепремиер, Артан Груби. „Кривичниот совет при...

Економија1 ден

Мицкоски најави робусна акција и за покачените цени: Апелирам големите трговски синџири да се преиспитаат, срамота е ова што го прават пред празниците

Вонредни инспекции и робусна акција ќе има во следниот период против девијантното однесување на маркетите, кои на сметка на новогодишната...

Топ1 ден

72-годишна скопјанка загина по удар од возило: била прегазена на раскрсница

Синоќа во 20.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Партизански одреди“ и ул.„Франклин Рузвелт“ во Скопје,...

Македонија1 ден

(Видео) ДПМНЕ го пушти Груби да избега: „случајно“ не работеле камерите, „случајно“ полицајците не знаеле кого треба да проверуваат, „случајно“ згрешил службеникот на границата, вели Кузеска

„Со потсмев ги следиме обидите на ДПМНЕ да ја префрли вината за бегството на Груби врз СДСМ. Тоа е само...

Македонија1 ден

Мисајловски најави вработувања: В година ќе има оглас за 300 нови професионални војници и 60 луѓе со цивилни факултети

В година Армијата ќе вработи нови професионални војници, граѓани со цивилни факултети, но и администрација потребна на Министерството за одбрана,...

Македонија1 ден

По 12 години пауза, Скопје ќе се поврзе со авиолинија со Амстердам

ТАВ Македонија, подружницата на ТАВ Аеродроми, објави дека по 12 години пауза Скопје ќе се поврзе со авиолинија со Амстердам,...