Скопје
Дел од Кисела Вода без вода
Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека имаат планирано еден прекин со водоснабдување и тоа поради промена на затворач ф-200 мм на улицата Славејко Арсов бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица и висока зона од населбата Пржино, односно зградите над 4. кат.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 8.30 часот до завршување со работните активности (Општина Кисела Вода).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Без струја денеска дел од улицата Христо Татарчев
Од „ЕВН Македонија“ АД известуваат дека денеска без електрична енергија, во периодот од 9 до 15 часот, ќе останат корисниците на дел од улицата Христо Татарчев 25, околу бр. 113, во Кисела Вода.
Скопје
(Фото) Герасимовски: Џез, вино и костени, предновогодишна вечер за скопјани
Градоначалникот Горан Герасимовски синоќа присуствуваше на настанот „Џез под ламба“, каде што беа изведени македонските евергрини во џез-верзија на „Искра Србиновска квартет3.
„Синоќа, Скопје беше обвиено во звуците на македонските евергрини, мајсторски преработени во џез-верзии од ‘Искра Србиновска квартет’. Во предновогодишна атмосфера, со убави разговори и многу позитивна енергија, заедно го одбележавме културниот настан ‘Џез под ламба’. Подиумот беше отворен за сите – од најмладите до највозрасните! Сите во еден глас и ритам се потсетивме на безвременските евергрини, песни што ги обележале животите на многу генерации, а и понатаму ги инспирираат новите“, истакна Герасимовски.
Општина Центар продолжува да ги поддржува македонските уметници со организирање вакви слични културни настани, во кои се оддава признание на македонската музика.
Скопје
Градоначалникот на општина Илинден им додели паметни таблети на учениците од СОСУ „Илинден“
Градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевскки, додели 66 смарт таблети во СОСУ „Илинден“ по повод новогодишните и божиќните празници.
Градоначалникот Георгиевски истакна дека оваа иницијатива е во согласност со неговите заложби и посветеност кон модернизацијата на образованието и обезбедување на најдобрите услови за учење и развој на учениците.
Таблетите ќе бидат искористени за пристап до најновите едукативни апликации, дигитални учебници и други материјали кои ќе го направат учењето поинтересно и попријатно и ќе им помогнат на учениците да ги доразвијат своите дигитални вештини кои се клучни во ова време на дигитализација.
Тој додаде дека локалната самоуправа цели кон модерно и современо образование за сите млади.