Компании
Пивара Скопје со проект за едукација на учениците за здрави и безбедни школски денови
Пивара Скопје, трета година по ред, продолжува со реализација на волонтерскиот проект за едукација на учениците во основните училишта на теми поврзaни со здравјето и безбедноста во училишната средина.
Оваа година со едукацијата се опфатени над 8.000 ученици од четвртите одделенија од над 100 основни училишта во 14 општини и градови ширум земјата, што е неколку кратно зголемување во однос на претходните две години.Проектот се реализира преку интерактивни и сликовити презентации кои се прилагодени на возраста на учениците, а ги изведуваат вработени во Пивара Скопје кои, во рамки на воспоставената практика на компанијата, редовно се обучуваат и ги обновуваат своите знаења од областа на здравјето и безбедноста при работа.Преку презентациите, учениците во присуство на своите наставници, стекнуваат знаења и прaктични совети за тоа како правилно да го држат телото при седење во училишната клупа и при работа со компјутер, како да спречат повреди предизвикани од лизгање, препнување и паѓање и за тоа како да постапат при евентуална појава на пожар во училиштето.„Тргнувајќи од тоа дека добрите навики се стекнуваат уште на помлада возраст и дека тие се од исклучително значење за создавање здрави генерации, среќни сме што го реализираме овој проект со кој сакаме да ја поттикнеме свеста кај најмладите за значењето на здравјето и безбедноста во училиштата, а подоцна и на работното место. Горд сум што оваа година дури 60 наши вработени, на волонтерска основа, се пријавија да им го пренесат своето знаење на учениците. Тоа ја покажува нашата корпоративна култура која се темели на поддршка на вредностите и интересите на пошироката заедница“, изјави Јован Радосављевиќ, генерален директор на Пивара Скопје.Покрај презентациите, децата добија и едукативни материјали кои треба да помогнат во пренесување на клучните сознанија и препораки за обезбедување безбедни и здрави училишни денови. Пивара Скопје континуирано се грижи и вложува во здравјето и безбедноста на своите вработени, но и на потрошувачите и пошироката заедница. За досегашните достигнувања и активностите на овој план, компанијата е добитник на Националната награда за најдобри практики од областа на безбедноста и здравјето при работа. Пивара Скопје е меѓу првите компании во Македонија која уште од 2007-та година го има воведено и е сертифицирана според водечкиот меѓународен стандард за управување со безбедноста и здавјето при работа – OHSAS 18001. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
БРАКО на АНАНАС: медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас
Дел од програмата на медицински мебел на БРАКО отсега ќе може да се купи на сајтот за онлајн тргување Ананас. На сајтот се изложени производи кои се од домашно македонско производство и кои досега беа достапни за купување директно oд капацитетите во фабриката во Велес.
На овој начин, со партнерството со популарниот сајт за онлајн продажба Ананас, се излегува во пресрет на приватни лица и помали правни субјекти од областа на здравството и козметологијата да можат набават опрема за лично користење и за обавување на својата дејност, на начин кој е во тек со светските трендови на купување.
На сајтот се достапни кревет за медицински преглед, столчиња за медицински преглед, медицински паравани, рефлектори, сталаци, отомани за физиотерапија и масажа, сервисни колички и други производи.
Палетата на БРАКО која ќе биде достапна на Ананас во иднина ќе се проширува и ќе биде од корист особено за постари лица и лица кои се соочуваат со одредени физички здравствени попречености и на кои им се потребни помагала за олеснување на секојдневното функционирање, дома и надвор од домот.
Сите големи нарачки на медицински мебел и натаму се возможни во директен контакт со производителот БРАКО.
(ПР)
Економија
BLACK FRIDAY во СЕТЕК со попусти и до 70 отсто
Акцијата BLACK FRIDAY во СЕТЕК ги носи најголемите попусти и до 70 проценти.
На едно место бирајте сè што ви е потребно од најпознатите светски брендови за бела техника, телевизори, ИТ, мобилни уреди, апарати за домаќинство и уште многу други останати производи за домот и деловниот простор.
Искористете ја можноста да купите најмногу техника со најниски цени за BLACK FRIDAY во сите салони на Сетек и онлајн на www.setec.mk .
Сетек и оваа година, со радост ве очекува во сите салони полни со вашите омилени производи и уникатно шопинг искуство.
Акцијата трае oд 25 ноември до 2 декември 2024.
Има зошто сите купуваат во СЕТЕК.
Сетек – сè од техника е помеѓу водечките во трговијата со техника.
Не пропуштајте, сè што е најдобро – сега е и достапно: бела техника, апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, мобилни телефони, гејминг опрема и ИТ уреди.
Сетек континуирано, повеќе од 30 години ја развива својата мрежа и стратегија за блискост со купувачите. Со застапеност на 32 различни локации и модерни салони, вклучувајќи ја и онлајн продавницата, Сетек е достапен до секој миленик на современата техника.
Воедно Компанијата нуди и и многу помошни улуги како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање, рати без камата и многу експертски услуги за правилен избор и корисна употреба.
(ПР текст)
Економија
Креативен пристап на MINT Fintech Group на eCommerce конференцијата
На 13 ноември, MINT Fintech Group беше значајна поддршка на eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер, настан кој ги собра водечките професионалци и ентузијасти од светот на е-трговијата. Оваа конференција се истакна како платформа за најновите трендови и иновации, овозможувајќи им на учесниците непроценливо искуство за вмрежување и размена на знаења.
Во својот корнер, MINT понуди уникатен пристап, спојувајќи ја финтек индустријата со релаксирачки активности, меѓу кои и масажа во соработка со My Spa.
„Ова е наш начин да го направиме искуството на посетителите подинамично и поопуштено,“ истакна претставник на MINT Fintech Group. „Реакциите беа исклучително позитивни, а редиците за масажа зборуваа сами за себе, сепак ова се личности чија професија е најчесто поврзана со долгочасовно седење, па оттука и нашата идеја да бидеме корисни.“
MINT Fintech Group и понатаму останува посветен на својата визија за поддршка на дигиталната економија и креирање нови можности за развој и соработка во финтек индустријата.
(ПР)