Скопје
Неколку семејства надвор на студот, се навали кранот на новата зграда кај Стара Рампа
Неколку семејства од куќите во близина на новата зграда „Флет ајрон“ којашто ја гради „Адора инженеринг“ се надвор, бидејќи кран се навалил и можно е да падне врз нивните куќи.
Кранот се навалил околу четири часот, во вторник, и дел од работниците ги алармирале семејствата кои живеат во куќите да излезат бидејќи не е безбедно.Луѓето кои живеат во куќите се револтирани бидејќи заедно со нивните деца морале да излезат од сопствените куќи и да се смрзнуваат на студот. Некои од нив ги засолниле децата во своите автомобили за да седат на топло.
Тие се жалат, дека од кога почнала да се гради зградата многу често им снемува струја, а кранот бил секогаш завртен кон нивните куќи и дека очекувале во секој момент да падне врз нив.Работниците кои беа останати, не сакаа новинарски екипи, ниту да фотографираат, ниту да се приближуваат до објектот којшто е во изградба, а не кажаа ниту како се случило кранот да се навали.„Дерман немаме, секоја сабота и недела се работи. Никој од одговорните нема дојдено, работниците си заминаа. Не знаеме ни до кога ќе чекаме надвор“, се жалеа луѓето.Додека разговаравме со нив, дојде одговорно лице од фирмата која го изнајмила кранот на користење и рече дека ситуацијата веднаш ќе се реши и дека кранот ќе се размонтира.Тој ги смируваше луѓето дека најлошото било избегнато, немало повредени работници, иако како што раскажуваа граѓаните за малку била избегната несреќа со работник.
„Ќе се среди се. Ќе се организираме, ќе се растури кранот и ќе биде се како што треба. Ќе дојдат други дигалки се ќе биде средно“, рече човекот кој не го кажа своето име и презиме.Висококатница по урнекот на позната зграда „Флетајрон“ во Њујорк се гради на влезот на Кисела Вода, на местото на поранешната фабрика „Цветан Димов“ од летото, а на Илинден беше официјално означен почетокот. /крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Бутел утре без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина:
· од 06:00 – 10:00 часот, корисниците од ул. Пајак и ул. Наум Наумовски Борче. (Општина Центар)
· од 08:00 – 12:00 часот, дел од корисниците од ул.Пејо Јаворов (општина Кисела Вода)
· од 09:00-11:00 часот корисниците од улиците со бр. 406 и бр, 408 во с. Марино. (Општина Илинден)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улица со бр. 101 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улиците Индира Ганди, Брсјачка Буна, Овчеполска, Пелагонија, Демирхисарска, Сландол, Хаџи Јован Шишков,Злетовска, Тиквешка и ул.Нов Живот. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Засилени контроли во Центар, 50 евра глоба за непрописно паркирање, порача Герасимовски
Комуналните инспектори и редари на општина Центар спроведуваат засилени контроли на возила кои се непрописно паркирани на јавни и зелени површини.
На секое неправилно паркирано возило ќе биде оставено известување за сторен прекршок, со предвидена казна од 50 евра во денарска противвредност, согласно Законот за комунални дејности и Одлуката за комунален ред на општина Центар.
Сторителот на прекршокот е должен веднаш да го подигне прекршочниот платен налог во Општина Центар, Сектор за инспекциски работи, барака 6А. Доколку казната се плати во рок од осум дена, сторителот плаќа половина од износот.
По истекот на рокот следува целосна наплата, односно се поведува прекршочна постапка пред надлежен суд, извести Општината.

„Редот се спроведува доследно и без исклучоци. Жителите на Центар го бараат тоа од нас. Безбедноста на пешаците и заштитата на јавните и зелените површини ни се приоритет“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.
Општина Центар ги повикува граѓаните да ги почитуваат правилата и да придонесат за подобра урбана и животна средина.

