Регион
(Фото+Видео) Потресна сцена во Цетиње: Гледајќи во далечината, кучето на убиените момчиња чекаше пред нивната куќа

Куче со тажен поглед во очите седеше пред куќата на убиените момчиња во Цетиње
Бројни медиуми ја објавија тажната глетка што вчера ја затекнаа жителите на Цетиње. Имено, кучето седеше пред куќата на момчињата убиени во масакрот во овој црногорски град, мирно ги набљудуваше минувачите како да ги чека своите мали соседи.
Сцената беше уште потрогателна од тажниот поглед во далечината што го имаше кучето додека седеше неподвижно дури и на дождот на ѕидот во близина на прозорецот од детската соба.
Се претпоставува дека ова куче ги познавало момчињата и можеби често си играло со нив, па неговиот став бил таков што ги чекал да се појават зад аголот и да ја продолжи играта со нив, која како и нивната младост била прекината во крвавиот масакрот што се случи на 1 јануари се случи во Цетиње.
Со ваквото присуство кучето им оддаде почит на убиените момчиња и на некој начин „ги испрати во подобар свет“.
View this post on Instagram
Вукан (8) и Јован (13) Вулетиќ се најмладите жртви на крвавиот масакр, а двајцата биле ученици во Основното училиште „Ловќенски партизански одред“, пишува mojportal.me.
Убиен е и нивниот вујко Мирко Вулетиќ кој вчера е погребан со овие две момчиња. Според медиумите, на погребот присуствувале многу граѓани, а на местото на нивното вечно почивање одекнале лелеци и потресни пораки.
View this post on Instagram
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Жељазков и Марта Кос: Без Западен Балкан не може да се заврши европскиот проект

Европската иднина на Западен Балкан е гаранција за просперитет и мир и превенција од влијанието на силите кои имаат за цел неединство. Интеграцијата на земјите од регионот не е прашање на суд, туку стратешки избор поврзан со стабилноста и конкурентноста на целиот регион.
Ова го изјави бугарскиот премиер, Росен Жељазков, кој се сретна со Марта Кос, еврокомесарката за проширување на унијата , јави БГНЕС.
„Бугарската позиција е јасна – го поддржуваме европскиот пат на секоја земја од Западен Балкан, водени од принципите на индивидуалниот пристап и постигнатиот напредок“, додаде Жељазков.
Рече дела посветеноста на реформите мора да биде двострана.
„Ни треба искреност, јасност, предвидливост и дијалог. Интеграцијата на Западен Балкан е одговорност од особено значење за Бугарија. Интеграцијата на овие земји ќе ја направи ЕУ посилна и поотпорна“, коментира Жељазков.
Тој и’ се обрати на Кос, велејќи дека нејзиното присуство во Софија е израз на доверба дека заедно ќе дадат нов поттик за иднината и просперитетот на нивните земји.
„Без интеграција на Западен Балкан не може да се заврши европскиот проект“, додаде Жељазков.
Комесарката Кос, исто така, истакна дека европската интеграција пред се ќе доведе до стабилност и безбедност во регионот на Западен Балкан.
„Мора да го надминеме заморот. Вреди да се инвестира во реформи за ЕУ. За да бидеме успешни, потребен ни е став кој ја надминува болката од минатото. За ова ќе биде потребно лидерство“, повика Марта Кос.
Според неа, пристапот на соседните земји на Бугарија во Европската унија ќе обезбеди многу придобивки за трговијата, бизнисот и поврзувањето.
Во изјавата за „Дондуков 1“, Марта Кос објави дека таа и премиерот Жељазков разговарале за планот на Европската унија за нова стратегија за Црното Море, која Европската комисија ќе ја претстави наскоро.
„Црноморскиот регион е исклучително важен за нашата безбедност, за трговијата, за енергетските врски и како мост кон Турција, Грузија, Ерменија и Азербејџан“, истакна Кос во заедничката изјава со бугарскиот премиер.
„Бугарија е во срцето на овие размислувања и важно е таа активно да учествува во подготовката на оваа нова стратегија“, рече Кос.
Марта Кос го истакна и значењето на пристапот на Бугарија во еврозоната.
Регион
Револт во Германија поради новите правила за работниците од Западен Балкан, меѓу кои и македонските

Идната Демохристијанско-социјалдемократската влада планира да инвестира 500 милијарди евра во наредните години во реконструкција на дотраената инфраструктура: железници, патишта и мостови. Во исто време, има намера да се фокусира на уште еден итен проблем, а тоа е недостатокот на станови во Германија, пишува Дојче веле.
Но, за тие планови, покрај пари, ќе бидат потребни и многу работници, квалификувани и неквалификувани. Токму во овој сектор Правилото за Западен Балкан, воведено во 2016 година, ги покрива потребите на германскиот пазар на труд во последните години бидејќи, за разлика од другите програми за имиграција на работна сила, Правилото за Западен Балкан не ја условува квалификацијата, туку само договорот за вработување на германскиот работодавач. Ова и овозможи на градежната индустрија особено да вработува неквалификувани работници кои исто така се дефицитарни на германскиот пазар на труд.
Погрешна и штетна одлука
Минатата година, социјалдемократско-зелено-либералната влада, во екот на имиграциската либерализација, ја зголеми годишната квота како дел од правилото за Западен Балкан од 25 на 50 илјади работни дозволи годишно. Но, во својот коалициски договор, идната влада минатата недела повторно ја намали таа квота на 25.000 годишно.
Сега многу работодавци се прашуваат која е причината за ова намалување.
„Правилото за Западен Балкан се покажа како испробан инструмент за регрутирање работна сила без прекумерна бирократија, што инаку е реткост во секторот за миграција“, изјави за „Штутгартер цајтунг“ заменик-директорот на Германската индустриска и трговска комора, Ахим Деркс. Затоа одлуката на идната влада повторно да ја преполови квотата за Западен Балкан, според него, оди во погрешна насока.
Тим-Оливер Милер, директор на Централната асоцијација на германската градежна индустрија, дели слично мислење. Тој за „Штутгартер цајтунг“ изјави и дека намалувањето на годишната квота особено влијае на градежната индустрија.
„Значаен дел од странските работници на германските градилишта доаѓаат од некои од земјите на поранешна Југославија… сегашната одлука за намалување на овој контингент е изненадувачка и штетна за индустријата. Особено ако се земат предвид планираните инфраструктурни проекти кои ќе ја зголемат побарувачката за работна сила“, вели Милер.
Зошто да се намалат квотите?
Намалувањето на квотата нема да влијае само на големите инфраструктурни проекти, туку и на станбената изградба, смета Аксел Гедашко, директор на чадор-асоцијацијата за изградба на станови (ГдВ).
„Ако протокот на работници од Западен Балкан се преполови, тоа би можело да го влоши недостигот на работна сила на градилиштата“, смета Гедашко.
Ниту Јан Даненбринг од Централното здружение на германски занаетчии (ЗДХ) не ја разбира причината за намалувањето на контингентот.
„Федералната влада неодамна ја удвои оваа квота и сега ја враќа назад иако околностите во споредба со минатата година не се променети“, вели Даненбринг, исто така за „Штутгартер цајтунг“ и заклучува: Ако сакаме да промениме нешто во секторот за домување, ќе ни треба секој човек.
Негативни коментари и недоволно разбирање за одлуката на идната влада за правилата за работниците од Западен Балкан доаѓаат и од редот на експертите за пазарот на трудот. Херберт Брикер од Институтот за истражување на пазарот на труд (ИАБ) смета дека потегот на владата испраќа погрешен сигнал. Тој посочува дека вработувањето на Западен Балкан досега се покажало како успешен механизам.
„Од 95 до 98 отсто од оние кои пристигнале во Германија како дел од ова правило се вработени една година по нивното пристигнување во Германија и редовно ги плаќаат своите придонеси“, заклучува Брикер.
Регион
Додик: Добив понуда од моќни луѓе

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека некои моќни луѓе од Европа му понудиле мирно да ја напушти Босна и Херцеговина.
„Имам понуда од некои моќни европски луѓе, кои ми испратија порака дека немаат ништо против да заминам и да бидам слободен во Унгарија, Русија, Србија, каде и да сакам“, рече Додик во емисијата „Телеринг“ на РТРС. Тој рече дека нема да ја напушти Република Српска.
Пред еден месец судот на БиХ издаде налог за апсење на Додик и му одреди едномесечен притвор поради одбивање да се јави на поканата од Обвинителството на БиХ за сослушување како осомничено лице.
Додик беше прогласен за виновен со првостепената пресуда за непочитување на одлуките на високиот претставник Кристијан Шмит. Покрај тоа, Додик е под истрага за сомнителното купување вила во Белград, а тој одби да се јави на поканата за сослушување во тој случај.