Свет
Тотален хаос во Газа поради израелските напади, сите болници не работат
Палестинското Министерство за здравство објави дека индонезиската болница, последната функционална болница на северот на Појасот Газа, „од денеска повеќе не дава никакви услуги за пациентите или ранетите“.
На север од енклавата има три јавни болници, вклучувајќи ги и индонезиската болница Камал Адван и Беит Ханун, од кои ниту една повеќе не е функционална поради израелската офанзива, се вели во соопштението што го пренесе Ал Џезира.
Израелската армија минатата недела изврши рација во болницата Камал Адван, нареди евакуација на персоналот и пациентите и ја запали зградата на болницата.
Најмалку 41 лице загина денеска во израелски напади врз Појасот Газа, од кои 27 лица беа убиени во опколениот север од енклавата, изјавија за „WAFA“ палестински медицински претставници.
Портпаролот на цивилната одбрана во Газа, Махмуд Басал, изјави дека Израел извршил повеќе од 30 напади врз цивили во енклавата од утринава.
Од почетокот на израелската војна во Појасот Газа во октомври 2023 година, според Министерството за здравство во енклавата, загинале најмалку 45.717 Палестинци, а 108.856 биле ранети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Поранешната портпаролка на Зеленски: Губиме, секој следен договор ќе биде полош
Поранешната портпаролка на Володимир Зеленски, Јулија Мендел (2019-2021), коментираше за ситуацијата на фронтот и тековните мировни иницијативи, додека интензивните преговори продолжуваат за неколку паралелни мировни предлози, вклучувајќи го и мировниот план на САД од 28 точки, неговиот ревидиран нацрт од 19 точки и руските предлози кои, според „Ројтерс“ и „Блумберг њуз“, делумно се вклучени во верзијата на планот што моментално се дискутира меѓу Вашингтон, Москва и Киев.
Every subsequent deal for Ukraine will only be worse — because we are losing. We are losing people, territory, and the economy.
The EU (which by the way has paid Russia more than €311 billion for energy and goods since February 2022) has no real strategy, no way to stop fueling… pic.twitter.com/zx8lBKQn7X— Iuliia Mendel (@IuliiaMendel) November 22, 2025
„Секој следен договор за Украина ќе биде само полош затоа што губиме. Губиме луѓе, територија и економија. ЕУ (која, патем, ѝ плати на Русија над 311 милијарди евра во енергија и стоки од февруари 2022 година) нема вистинска стратегија, нема начин да го запре полнењето на рускиот буџет, нема доволно силна поддршка за победа на Украина, нема директен дијалог со Москва и нема вистинско влијание ниту врз Кремљ ниту врз Вашингтон.
Аргументите дека ‘Русија освоила толку малку територија’ звучат речиси детски кога ќе се земе предвид човечката цена. Изгубивме повеќе луѓе за три години отколку што некои европски нации имаат население.
Мојата земја крвари. Многумина кои рефлексивно отфрлаат каков било мировен предлог веруваат дека ја бранат Украина. Со сето должно почитување, ова е најјасен доказ дека немаат поим што навистина се случува на бојните полиња и во земјата во моментов.
Војната не е холивудски филм. Никогаш нема да ги напуштам вредностите што Бог и демократијата ги ставаат во самата основа на човечкото постоење: Човечкиот живот е највисоко добро, а луѓето, живителуѓе, луѓето што дишат, се оние кои треба да се спасат“ да се спасиш“, напиша Мендел на X.
Фото: facebook
Регион
Хрватска нема да ја купи српската нафтена компанија НИС
Хрватска нема намера да се стекнува со средства на српската нафтена компанија НИС, изјави вчера за новинарите претседателот на земјата, Зоран Милановиќ.
„Хрватска има поитни проблеми поврзани со енергетската компанија ИНА, а кој и да ја купи НИС… сигурно нема да биде Хрватска“, ја цитираше неговата изјава хрватската телевизија ХРТ.
Претходно, хрватскиот министер за економија Анте Шушњар изјави дека Загреб е подготвен да влезе во сопственичката структура на компанијата НИС доколку тоа ги реши нејзините проблеми. Според него, тоа би било во интерес и на Хрватска и на Србија.
Претходно во вторникoт, српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека српската рафинерија за нафта НИС (дел од Газпром Нефт) се префрлила на режим на намалена циркулација поради недостиг на нафта како резултат на санкциите на САД.
Како што е објавено, НИС, која е подружница на Газпром Нефт, беше вклучена на списокот со санкции на САД на почетокот на 2025 година. Во врска со ова, српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека САД бараат целосно повлекување на рускиот капитал од таму .
Тој потсети дека во 2008 година српската влада ја префрлила контролата врз НИС на „Газпром Нефт“ и дека во последните години компанијата придонела за добивање значителни приходи во српскиот буџет, како и за развој на многу проекти.
Моментално, главни ко-сопственици на НИС се „Газпром Нефт“ (44,85%) и властите на Србија (29,87%).
Свет
Извори: Мировниот план на Трамп се базираше на документ што му го испратија Русите
Додека дискусиите за мировниот план на САД од 28 точки се интензивираат, три извори открија за Ројтерс дополнителни детали за тоа како е создаден планот.
Според изворите, планот се базира на документ изготвен од Русија и доставен од Москва до администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во октомври.
Изворите велат дека Русија го споделила документот, во кој се наведени условите на Москва за завршување на војната, со високи американски претставници по состанокот меѓу Доналд Трамп и Володимир Зеленски во Вашингтон.
Документот, според извештајот, исто така содржел наратив што руската влада претходно го презентирала на преговарачката маса, вклучувајќи отстапки што Украина ги отфрлила, како што се територијата, безбедносните гаранции и големината на нејзината армија.
фото: принтскрин

