Црна хроника
Пронајдено безживотно тело на 77-годишен маж од Горно Оризари
Безживотното тело на 77-годишниот М.Г. од село Горно Оризари, велешко, вчера беше пронајдено во близина на ТИРЗ-Штип, откако неговото исчезнување беше пријавено од неговиот братучед.
Како што информираа од Министерството за внатрешни работи, во полициската станица Велес вчера во 09:30 часот, У.К. (54) пријавил дека М.Г. го напуштил својот дом. Според пријавата, претходниот ден во 22:00 часот, пријавителот добил повик од пријателот В.С., кој поседува шлеп служба. В.С. му соопштил дека М.Г. го контактирал и му кажал дека неговото возило „Спарк“ со велешки регистарски ознаки излетало во дупка на регионалниот пат Штип-Радовиш.
В.С., заедно со пријавителот и други лица, во текот на ноќта извршиле претраги на споменатиот пат, но не успеале да го пронајдат М.Г.
На 4 јануари, во 12:00 часот, откако во СВР Штип пристигнала пријава од лицето Т.М. дека негов вработен забележал починато лице на коловозот во кругот на ТИРЗ-Штип, полициски службеници од ПС за безбедност во патниот сообраќај Штип, ОКТУПА при СВР Штип и екипа од ИМП Штип излегле на терен.
По извршениот увид од страна на надлежните служби, идентификувано е дека станува збор за исчезнатиот М.Г. Според насоките на јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Штип, телото на починатиот е предадено за обдукција со цел утврдување на причините за смртта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Со фалсисифкување документи го оштетил РЕК Битола за речиси 90.000 евра: кривична против управител на приватна фирма од Новаци
СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против 46-годишниот М.Т. од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување”, „фалсификување исправa” и „употреба на исправа со невистинита содржина”.
Пријавениот, управител во приватна фирма од Новаци, во април и мај 2024 година, со пречекорување на границите на своите службени овластувања, а со намера да прибави противправна имотна корист, нанел штета од 5.453.7000 денари или 88.678 евра на РЕК Битола.
Имено, тој извршил промена на две барања од РЕК Битола (рудник Суводол) до фирмата за набавка на ролни за јаглен за репарирање на лента за јаглен, на тој начин што извршил промена на количината, односно ги преправил првичните појдовни барања кои како документи биле изготвени и таквите фалсификувани барања ги употребил како доказ во правен сообраќај за набавка на гумени прстени.
Црна хроника
(Фото) Претреси во валандовско: четворица уапсени, пронајдени и одземени околу два килограми дрога
Вчера во 21.30 часот во село Пирава, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица и ОВР Валандово ги лишија од слобода С.Ј.(22) и Г.Т.(29), двајцата од село Пирава.

При претрес во домот на С.Ј., извршен со судска наредба, полициските службеници ги затекнале С.Ј. и Г.Т. во момент кога вршеле мерење на марихуана, по што биле пронајдени неколку пакувања со марихуана, 110 семки од канабис и повеќе предмети со остатоци од марихуана.

Исто така, со судска наредба, полициски службеници извршиле претрес и во домот на Г.Т., каде се пронајдени неколку пакувања со марихуана и предмети со остатоци од марихуана. Од преземените службени дејствија, дојдено е до основи на сомневање дека во вршење на кривичното дело, со С.Ј. и Г.Т. се поврзани и К.М.(47) и Б.М.(23) од село Јосифово, валандовско, поради што, врз основа на судска наредба, се извршени претреси во домот на лицата и деловен објект кој го користел К.М. во село Јосифово. При претресот во деловниот објект биле пронајдени повеќе различни пакувања со марихуана и хашиш.

Инаку, во сите претреси се пронајдени и одземени околу два килограми марихуана и хашиш. Лицата се задржани во Полициска станица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.

По документирање на случајот во текот на денот против С.Ј., Г.Т., К.М. и Б.М. ќе биде поднесена кривична пријава.
Црна хроника
Уапсени три лица од Неготино и неготинско: од нив се одземени ловечка пушка и дрога, следува соодветна пријава
На 19.01.2026 во периодот од 10:30 до 10:55 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионален центар за Гранични работи Југ ги лишија од слобода М.З.(31), полициски службеник од Неготино, К.Т.(29) и Б.П.(28), двајцата од с.Тимјаник, неготинско.
При вршење службени дејствија во атар на с.Копришница, демиркаписко, на место каде што нема концесија за лов, односно забранет е лов, полициските службеници ги забележале лицата како излегуваат од патничко возило „лада нива“ со ловечка пушка, а откако се оддалечиле од возилото слушнале повеќе истрели од огнено оружје.
Откако се вратиле, лицата се лишени и задржани во полициска станица, при што од М.З. е одземена ловечка пушка „Хуглу“ со патрони. Исто така, полициски службеници од ОВР Неготино, со судска наредба, извршиле претрес во викенд куќа што ја користел К.Т. во атар на с.Копришница, каде биле пронајдени и одземени ловечки патрони, марихуана, дробилка и останати предмети.
Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

