Спорт
Интер подготвува трансфер кој ќе го стресе Милано

Италијанскиот шампион Интер подготвува трансфер кој ќе го стресе градот Милано. „Нероаѕурите“ се насочени кон голманот на Пари Сен Жермен и Италија, Џанлуиџи Донарума.
Интер е во потрага по замена за Швајцарецот Јан Зомер кој има 36 години, мета е најдобриот италијански голман.
Донарума има договор со Пари Сен Жермен до летото 2026 година, но неговиот статус на „Паркот на принцовите“ не е најдобар во последно време и се чини дека францускиот шампион сака да го продаде.
Тренерот Луис Енрике не е задоволен од Донарума, па во вториот дел од сезоната голот на „светците“ го бранеше Русинот Матвеј Сафонов.
Според експертот за трансфери Џанлука Ди Марцио, Интер веќе имал првични разговори со Донарума.
Доколку Донарума навистина одлучи да го облече дресот на Интер, тоа сигурно дополнително ќе ги налути навивачите на неговиот матичен клуб Милан, кои се уште не му простиле што го напушти клубот како слободен играч во 2021 година.
На секој натпревар на италијанската репрезентација во Милано, Донарума е исвиркан од навивачите на Милан, а евентуалниот трансфер само дополнително ќе го влоши работите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Онана треба да реши дали ќе се пресели во Трабзон

Трабзон наводно има усмен договор со Манчестер јунајтед во врска со позајмицата на Андре Онана (29). Голманот сега треба да реши дали ќе се пресели во Турција, тврди италијанскиот трансфер инсајдер Фабрицио Романо. На својот официјален профил на социјалната мрежа „X“, тој напиша дека е постигнат усмен договор меѓу клубовите и дека се чека согласност од репрезентативецот на Камерун.
Онана пристигна во Јунајтед во летото 2023 година од Интер како наследник на Давид де Хеа. Пред Интер, тој бранеше за Ајакс, каде што освои голем број домашни трофеи под водство на Ерик тен Хаг.
Тој играше во финалето на Лигата на шампионите со Интер во 2023 година, а го освои ФА Купот со Јунајтед во 2024 година. Тој е репрезентативец на Камерун, учествуваше на Африканскиот куп на нации и на Светското првенство.
Бранеше во Јунајтед во променлива форма и ова лето клубот го потпиша Белгиецот Сене Ламенс.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Србија се коцкаше, но победи во Летонија

Летонија и Србија го отворија денот резервиран за квалификациски натпревари за пласман на Светското првенство. Фаворитот Србија победи со 1:0 со голот на Влаховиќ во 12.минута.
Србите беа фаворити, тоа го покаѓаа на теренот во првиот дел кога доминираа во поседот и во одарите кон голот (12:2).
Србите беа сигурни и во вториот дел, но никако не може да мпостигнат уште еден гол, а тоа можеше скапо да ги чини. Летонците во 92.минута ја погодија стативата од голот на Петровиќ.
Србија по три одиграни натпревари во К групата има седум бода, Англија е прва во групата со два повеќе. Англичаните, кои во наредното коло и гостуваат на Србија, вечерва ќе ја пречекаат Андора.
Foto/ EPA
Спорт
Алекс падна, Марк најбрз во спринтот во Каталуња

Возачот на Дукати, Марк Маркез, победи во спринт трката како дел од Големата награда на Каталуња во шампионатот Мото ГП.
Марк Маркез ја однесе својата 14-та победа на 15-та спринт трка оваа сезона на патеката „Каталуња“, иако стартуваше од третото место.
Освојувачот на пол-позицијата, Алекс Маркез, падна од својот мотор четири круга пред крајот на трката, на тој начин му ја препушти лидерската позиција на својот постар брат.
Втор беше возачот на Јамаха, Фабио Квартараро, а третото место го освои Фабио ди Џанантонио од ВР46.
Поени освоија и Педро Акоста, Енеа Бастијанини, Бред Биндер, Жоан Зарко, Лука Марини и Аи Огура.
Главната трка за Големата награда на Каталонија ќе се одржи утре во 14 часот.
Марк Маркез е лидер во генералниот пласман со 467 поени, Алекс Маркез е втор со 280, а Франческо Бањаја е трет со 228.
Foto/ EPA