Црна хроника
Уапсен кумановец, бил баран по потерница за издржување затворска казна
Вчера во 08.40 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 32-годишниот У.З. од Куманово, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од една година за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 од Кривичниот законик.
Тој бил спроведен во Казнено-поправна установа Затвор К’шање за издржување на казната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена претепана од сопругот во Драчево, и го искршил и возилото
Синоќа во 22.00 часот во СВР Скопје, 42-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 17.30 часот во дворот од семејната куќа на подрачјето на Драчево била физички нападната од нејзиниот сопруг М.Т.(43) од Скопје, кој потоа го оштетил нејзиното возило.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Се запали една од просториите на Поликлиника Чаир, нема повредени
Вчера во 07.35 часот во СВР Скопје, од Поликлиниката Чаир било пријавено дека настанал пожар во една од просториите во установата.
Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.
Увид бил извршен од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Нападната прилепчанка во скопски Аеродром: и ја украле чантата со пари и документи
Вчера во 13.00 часот во СВР Скопје, Љ.С.(28) од Прилеп пријавила дека на 10.01.2025 околу 23.08 часот на подрачјето на општина Аеродром, едно лице со употреба на физичка сила ѝ ја одзело чантата со документи, пари и други предмети.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.