Македонија
Забрана за сообраќај за тешки товарни возила преку планинскиот превој Стража и на Плетвар во двата правци

Во 14.50 ч се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила преку планинскиот превој Стража, додека од 14.50 часот на патен правец Прилеп-Градско, кај Превој „Плетвар“, воведена е забрана за тешки товарни возила во двата правци, соопштија од АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Велес-Градско

Од 08 часот и 20 минути, утрово, сообраќајот на регионалниот пат Велес-Градско е нормализиран, извести АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин поради сообраќајна несреќа.
Македонија
Почувствуван земјотрес во југоисточните делови на Македонија, епицентарот во Грција

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава во 03 часот и 20 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, 290 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML5.0.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во југоисточните делови од Републиката, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
Несреќа на патот Велес-Градско, сообраќајот е во прекин

Поради сообраќајна незгода на регионалниот пат Р1102 Велес-Градско, кај крстоница за село Ногаевци, од 06:25 часот сообраќајот е во прекин, извести АМСМ.
На местото на несреќата се врши увид.