Спорт
„Повеќе од гол” – Mozzart донира по 5000 денари за секој гол на македонските ракометари на СП 2025
Со голема хуманитарна акција „Повеќе од гол”, лидерот во приредување игри на среќа ја започнува новата година. Mozzart повторно внесува хуманитарна нота на светското првенство во ракомет. Македонските ракометари во среда го играат првиот натпревар, а за секој нивен погодок ќе бидат донирани по 5.000 денари во хуманитарни цели. Промотер на хуманитарната акција на Mozzart ќе биде капитенот на македонската репрезентација, Филип Кузмановски кој без двоумење се согласи да биде дел од оваа убава приказна, за која вели дека ќе биде голем мотив да се постигнат што повеќе голови.
„ Ми преставува вистинско задоволство да бидам дел од оваа хуманитарна акција на Mozzart. Драго ми е што заедно ќе имаме можност да помогнеме онаму каде тоа е најпотребно. Кога станува збор за вакви и слични акции, секогаш сум тука да помогнам и да бидам дел од истите. Ќе дадеме се од себе да постигнеме повеќе голови и да собереме убава сума која потоа заедно со Mozzart ќе ја донираме во хуманитарни цели”, изјави Филип Кузмановски
Светското првенство во ракомет за мажи ќе се одржи во Хрватска, Данска и Норвешка од 14 јануари до 2 февруари 2025 година.
„ Повеќе од гол веќе станува традиционална акција. Тргнувајќи од фактот дека ракометот е еден од најпопуларните спортови во Македонија, компанијата одлучи повторно да ги мотивира ракометарите да постигнат што повеќе голови и да ги тресат противничките мрежи. За секој погодок на македонската репрезентација, Mozzart ќе донира по 5000 денари кои ќе бидаат наменети за хуманитарни цели. Им посакуваме многу среќа на нашите ракометари, а нам ни останува да ги бодриме, заедно да се радуваме на секој нивни погодок кој ќе го зголемува хуманитарниот фонд”, изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.
Првиот натпревар на македонската репрезентација ќе биде против Унгарија на 15 јануари, два дена подоцна на 17 јануари ќе следува натпревар со Холандија, а на 19 јануари нашите ракометари силите ќе ги одмерат со Гвинеја.
ПР текст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дембеле одбил да го продолжи договорот со ПСЖ
Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Усман Дембеле, ја одбил првата понуда на клубот за продолжување на договорот во вредност од 30.000.000 евра, објавија француските медиуми.
ПСЖ започна разговори за продолжување на соработката со францускиот репрезентативец, кој има важечки договор до 2028 година, со цел да го задржи освојувачот на „Златната топка“ и еден од клучните играчи во историската сезона 2024/2025, во која тимот ја освои Лигата на шампионите.
Според извештаите, Дембеле веќе добил првична понуда од клубот, но таа не е во согласност со неговите финансиски барања.
Како што се истакнува, понудената плата е околу 30.000.000 евра по сезона, проблем е што менаџерот на фудбалерот бара речиси двојно поголема сума, поради што договорот во моментов е далеку.
Во сезоната 2024/2025, Дембеле ги освои најважните индивидуални награди, вклучувајќи ја Златната топка, наградата „Најдобар“ на ФИФА и наградата за најдобар играч на Лигата на шампионите, а одигра и клучна улога во освојувањето на првиот европски трофеј во историјата на ПСЖ.
Спорт
Барселона нуди 30 милиони евра за Рашфорд
Маркус Рашфорд се чини дека ги се наметна во Барселона на задоволство на тренерот Ханси Флик.
Челниците на „блауграната“ решија да му испратат понуда на Манчестер Јунајтед за откуп на договорот на репрезентативецот на Англија.
Според шпанските медиуми, Барса е подготвена да издвои 30 милиони евра.
Во дресот на Барселона, крилниот напаѓач одигра 18 натпревари и постигна два гола.
Спорт
Рој Кин: Фергусон е како смрдеа од која не можеш да се ослободиш
Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, повторно проговори за ситуацијата во неговиот поранешен клуб, а овој пат остро го критикуваше легендарниот менаџер Алекс Фергусон.
Познат по своите остри и директни ставови, Кин отворено проговори во програма во живо за отпуштањето на Рубен Аморим и начинот на кој клубот носи клучни одлуки, не штедејќи ги луѓето кои, формално, повеќе не се дел од структурите на Манчестер Јунајтед.
„Што всушност се случува на тие интервјуа за работа? Секогаш ме интересира зошто истите луѓе добиваат шанси. Како можат да сфатат по 12 или 14 месеци дека некој не е вистинскиот човек за клубот?“, почна Кин.
Потоа отиде чекор понатаму и директно го спомена Фергусон, кој сè уште редовно ги гледа натпреварите од трибините на „Олд Трафорд“.
„Не го сфаќате ли тоа во разговорот? Го гледата чобекот во очи. Гледате кој навистина ги прави потезите во Манчестер Јунајтед. Фергусон и Дејвид Гил сè уште се шетаат како смрдеа што не може да се избрка.“
Нетрпението меѓу Рој Кин и Алекс Фергусон трае од 2005 година, кога легендарниот менаџер одлучи да го продаде својот капитен по контроверзно интервју на клупската телевизија.
Дека тензијата сè уште постои, потврди самиот Фергусон во 2024 година, кога го исфрли Кин од листата на своите најдобри капитени во историјата на клубот, и покрај фактот дека Ирецот ја носеше капитенската лента во осум исклучително успешни сезони.
Најновите коментари на Кин се само продолжение на долгогодишната и јавна расправија меѓу две икони на Манчестер Јунајтед.

