Црна хроника
Приведени лица барани со потерници
Утрово во 05.10 часот на ул. „Алија Авдовиќ“ во Скопје полициски службеници од Оперативен тим потраги и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода Н.С.( 48) од Скопје, кој бил баран со централна потерница по наредба од Основен кривичен суд Скопје за затворска казна од три години и два месеци за сторено кривично дело во врска со член 396 од КЗ (неовластено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи).
Лицето, како што соопшти полицијата ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.
Денеска во 07.35 часот на ул.134 во Скопје полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишија од слобода Б.Ѓ. (46) од Скопје, кој бил баран со централна потерница по наредба на OJO Скопје, во врска со член 215 од КЗ (Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори).
МВР соопшти дека лицето ќе биде предадено на ОЈО Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

