Свет
Захарова му одговори на Руте: Почнете да учите руски – веднаш

Изјавата на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, дека ако aлијансата не ги зголеми трошоците за одбрана, жителите на Европа набргу ќе мора да учат руски или да одат на Нов Зеланд, е националистичка, изјави портпаролката на МНР на Русија, Марија Захарова.
Покрај тоа, таа ги советуваше граѓаните на земјите од ЕУ и НАТО веднаш да почнат да учат руски јазик.
„Мислам дека ова е болно. Се прашувам дали Нов Зеланд е навреден поради тоа што го третираат со презир? Не сум ни сигурна што е поодвратно во оваа изјава на Руте – дали се работи за лага за руската експанзија или за национализам. Притоа, не само во однос на нас, туку и на Нов Зеланд“, нагласи Захарова.
Таа рече дека Руте треба да зборува за тоа дека Европејците се веќе под надворешна контрола и потсети дека во Европа има американски бази и американско нуклеарно оружје до кои самите Европејци немаат пристап и немаат контрола.
„Има и американски нарачки, чиј гас треба да се купи и кои цивилни инфраструктурни проекти треба да се уништат. Европската Унија долго време работи како што диктираат Соединетите Американски Држави“, ја оцени портпаролката актуелната ситуација во ЕУ.
Таа иронично ги советуваше граѓаните на земјите од ЕУ и НАТО веднаш да почнат да учат руски јазик.
„Можете да го направите тоа бесплатно или како процент од БДП на вашите земји, како што сакате. Тоа е прекрасен јазик“, изјави Захарова.
Дипломатот потсети дека рускиот јазик е еден од официјалните јазици на Обединетите нации и дека на него се напишани дела кои се составен дел на светските уметнички класици.
„Не гледам зошто рускиот јазик да не се учи“, заклучила Захарова, пренесува „Спутник“.
Претходно, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ги предупреди земјите од Европската Унија дека за неколку години ќе мора да го научат рускиот јазик или да одат на Нов Зеланд доколку не одвојат значително повеќе пари од сегашните два отсто од БДП за воени цели, пренесоа светските медиуми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Пратеник најден мртов во парламентот во Финска

Безживотно тело е пронајдено денес околу 11 часот наутро во зградата на финскиот парламент, а според релевантните локални медиуми, станува збор за тело на пратеник кој извршил самоубиство, но сè уште не го објавуваат неговиот идентитет.
Полицијата не ги потврди наводите дека станува збор за пратеник, но објави дека засега нема сомнение за кривично дело.
Повикот до полицијата пристигна во 11.06 часот наутро.
Шефот на обезбедувањето на парламентот, Аро Тоивонен, рече дека имало смртен случај во зградата на парламентот, но дека на властите е да дадат дополнителни информации за случајот.
Еден од пратениците рече дека не знае многу за случајот.
„Немам никакви подетаљни информации. Тоа е навистина тажна работа, за што многу ми е жал“, рече пратеникот Јука Копра.
Копра додаде дека претпоставува оти парламентот ќе даде официјално соопштение кога тоа ќе биде можно.
Во овој момент во зградата на парламентот има голем број полицајци, а надвор беа видени неколку возила за итни случаи.
Свет
Лавров: Трамп и неговиот тим сакаат да постигнат долгорочен и сигурен резултат

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, го пофали Доналд Трамп за желбата за траен мир во Украина, а ги критикува европските лидери за инсистирањето на прекин на огнот.
Во интервју за државниот телевизиски канал „Росија 24“, Лавров се осврна на средбата на Трамп со Владимир Путин на Алјаска опишувајќи ја атмосферата како „многу добра“.
„Беше јасно дека лидерот на Соединетите Американски Држави и неговиот тим, пред сè, искрено сакаат да постигнат резултат што ќе биде долгорочен, одржлив, сигурен“, додаде Лавров.
Оваа изјава доаѓа еден ден откога Трамп изјави дека прекинот на огнот не е неопходен услов за постигнување мировен договор за време на тековниот конфликт меѓу Русија и Украина.
Од друга страна, Лавров упати остри критики до европските лидери. Според него, на секој чекор тие инсистирале само на прекин на огнот, а потоа ќе продолжат да ja снабдуваат Украина со оружје.
Свет
Швајцарија планира укинување на даночната казна за брак

Швајцарија планира да го укине системот на заедничко даночење брачни парови, кој често доведува до повисоки даноци отколку за невенчани двојки.
Поддржувачите велат дека оваа промена ќе поттикне повеќе жени да работат и ќе ја усогласи земјата со практиките на повеќето држави од ОЕЦД.
Сепак, конзервативните партии и црковните групи најавуваат иницијатива за референдум тврдејќи дека реформата ги казнува семејствата со еден примател на приход и би создала милион дополнителни даночни пријави.
Владата проценува дека половина од граѓаните би имале корист, 14 проценти би биле во полоша положба, а годишните приходи од даноци би се намалиле за речиси една милијарда франци.