Македонија
(Видео) Тренчевска: Власта има 6 милијарди буџет, да ги зголеми платите на работниците и да исплати заостанати плати
Власта на Мицкоски и ДПМНЕ го има најголем Буџет во историјата од 6 милијарди евра а не ги покачува платите на работниците во јавниот сектор. За што е тој буџет од 6 милијарди евра ако не за да се поддржат граѓаните и работниците? Очигледно за да се богатат функционерите на власт, за нивните плати, за коли, мебел, луксузирање на власта и задоволување на интересите на елитата. За удобност на власта но не и за поголеми плати за работниците, вели Јована Тренчевска – пратеничка на СДСМ.
„Системот за зголемување на платите, воспоставен од СДСМ е целосно напуштен од актуелната власт, што резултира со влошување на животниот стандард на работниците. Тоа го потврдуваат и последните податоци од Државниот завод за статистика. Трошоците за живот се пораснати за 4,4% а цените на основните производи се зголемени за 4,3%. Граѓаните имаат се помалку пари во џебовите, работниците живеат се потешко“, вели Тренчевска и додава:
„СДСМ бара власта да ги напушти овие погрешни политики и да ги покачи платите на работниците во јавниот сектор. Дополнително, недозволиво е поради неспособност на актуелната власт околу 1.000 вработени во јавниот сектор се уште да бидат остевани без плата. 988 вработени во инспекторатите власта ги остави без плата токму за празниците. Власта создаде хасо со измени во Законот за организација и работа на органите на државата управа. Со распределбата и создавањето на новите министри инспекциските служби власта ги стави под капа на министерствата и не се повеќе самостојни органи. Цела им беше само да им бидат под контрола работата на инспекциските служби а работниците ги оставија на маргините и целосно ги заборавија. Затоа луѓето немаат земено плата. Од јуни, кога беше усвоен Законот до сега, цели 7 месеци власта не успеа да најде соодветно решение, да обезбеди соодветни законски измени за да не дојде до ова. Тотално неспремни и непособни. Вработените се збунети, не знаат ниту како ќе функционираат. Срамно и тажно е работниците да бидат принудени да протестираат барајќи нешто што го заслужиле, што им следува и што го заработиле. СДСМ е на страна на работниците и бара од Владата итно да преземе чекори за зголемување на платите во јавнот сектор, за потпишување на колективните договори и за решавање на проблемите“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

