Спорт
(Видео) Челси ја прекина лошата низа, го победи Вулвехемптон
Фудбалерите на Челзи го совладаа Вулверхемптон со 3:1 во последниот натпревар од 22. коло на Премиер лигата.
„Сините“ влегоа во мечот против „волците“ со серија од пет натпревари без победа во англиската Премиер лига. И гостите беа во слична форма, два последовни порази, од вечерва три, по што според англиските медиуми сериозно е загрозена позицијата на тренерот Витор Переира кој пред два месеци пристигна во клубот.
Дефанзивецот Тосин Адарабијо, најдобро се снајде пред голот на Вулведхемптон во 24.минута и го отвори резултатот.
Тоа требаше да биде единствениот гол во првото полувреме, но Мет Доерти мислеше поинаку. Се играше петтата минута од судиското надополнување кога Роберт Санчез реагираше очајно по ударот од корнер, дозволувајќи му на Ирецот да израмни.
Во вториот дел на теренот постоеше само еден тим. Марк Кукуреља ја започна и ја заврши акцијата на домашните во 60. минута, додека конечниот резултат шест минути подоцна го постави Нони Мадуеке.
Со оваа победа, Челзи се врати на четвртото место, по 22 кола имаат 40 бода. Во следното коло му гостуваат на Сити на „Етихад“ во директна пресметка за четвртото место.
Вулверхемптон е прв над „линијата“ со ист број на бодови и подобра гол разлика од Ипсвич. Во следното коло ги очекува тешка задача бидејќи на „Молињу“ ќе гостува Арсенал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Барселона му нуди нов договор на Левандовски
Барселона е подготвена да го задржи Роберт Левандовски уште една година.
Неколку каталонски медиуми денес открија дека Барселона одлучила да му го продолжи договорот на Левандовски.
Понудата содржи и неколку услови, Левандовски треба да прифати да биде втора опција во нападот, што значи помалку минути на теренот и да се согласи на намалување на платата од најмалку 50 отсто.
Левандовски во моментов иам најголема плата во тимот, па според неговата улога во новата сезона, клубот очекува тој да се согласи на значително намалување на платата.
Според претходните најави, токму ова го сакаше Левандовски, бидејќи ужива во Барселона со своето семејство и со задоволство би останал на „Камп Ноу“ до крајот на кариерата.
Левандовски пристигна во Барселона во летото 2022 година за 45.000.000 евра од Баерн Минхен. Освои две титули во Ла Лига, Купот на Кралот и два Суперкупа.
Foot/ depositphotos
Спорт
Пропадна трансферот на Матета во Јувентус
Жан-Филип Матета е бесен на Кристал Палас, откако пропадна неговиот потенцијален трансфер во Јувентус.
Напаѓачот, односно неговиот менаџер, лесно постигнал договор со Јувентус околу платата, но Кристал Палас не успеа да се договори за обештетување со Јувентус. Клубот од Лондон бараше Јувентус веднаш да го исплати трансферот, додека италијанскиот клуб понуди позајмица со право на откуп по завршувањето на сезоната.
И покрај тоа што му пропадна трансерот, не значи дека Матета дека ќе остане во Кристал Палас.
Астон Вила продолжува да покажува интерес за Матета и како што сега стојат работите од Бирмингем се подготвени да ја платата сумата што ја бара Кристал Палас.
За Матета, клубот од Лондон бара 35 милиони фунти (околу 40 милиони евра / 47 милиони долари).
Foto/ depositphotos
Спорт
Словенија доби нов селектор
Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Словенија (ФСС) го потврди Боштјан Цесар за нов селектор на репрезентацијата.
Со 102 натпревари, Цесар го држи рекордот по број на настапи за словенечката репрезентација и беше капитен многу години.
Тој играше на Светското првенство во 2010 година во Јужна Африка, кога беше дел од генерацијата што ја однесе Словенија на Светското првенство по втор пат во историјата.
Поголемиот дел од својата клупска кариера го помина во Киев, каде што одигра 247 натпревари и постигна девет гола за десет години. Играше и за Марсеј, Гренобл и Вест Бромвич Албион.
По завршувањето на кариерата, се посвети на тренерската работа,ја водеше репрезентацијата до 19 години, а во јануари 2022 година се приклучи на стручниот штаб на сениорската репрезентација, како прв асистент на Матјаж Кек.
Тој беше член на тренерскиот штаб кога тимот го постигна својот најголем успех со пласманот во четвртфиналето на Европското првенство во Германија во 2024 година.
Во отсуство на Кек, тој ја предводеше Словенија до серија од пет натпревари без пораз, вклучувајќи го и пријателскиот натпревар од 2:0 против Португалија.
Фудбалскиот сојуз на Словенија не го продолжи договорот со Кек, чиј втор мандат истече минатиот декември.

