Спорт
Реал пред пет години го плати 63 милиони евра, сега ќе игра за последниот клуб во Серија А?

Лука Јовиќ е блиску до потпис за Монца, која моментално е на последното место во Серија А.
Милан му дозволи на српскиот напаѓач да го напушти клубот без обештетување, а претседателот на Монца, Адријано Галијани му постави 48-часовен ултиматум да одлучи дали сака да потпише за најлошиот тим во Италија, откри италијанскиот фудбалски инсајдер Николо Скира.
Оваа сезона, Јовиќ одигра четири натпревари (88 минути) и нема постигнато гол.
Во јануари беше поврзуван со Монако, чиј тренер е Австриецот Адолф Хитер го тренираше во Ајнтрахт. Јовиќ играше за клубот од Франкфурт од 2017 до 2019. Во сезоната 2018/2019. имаше 27 гола и седум асистенции на 48 натпревари, со што избори трансфер во Реал Мадрид за 63 милиони евра.
Во Реал не се снајде, ниту пак покрај Карим Бензема доби вистинска шанса, поради што замина на во Ајнтрахт, постигна осум гола и донекаде ја оживеа кариерата. Како слободен играч во 2022 година, тој замина во Фиорентина и постигна 13 гола на 50 натпревари за нив.
Тој ја напушти Фиренца подоцна во сезоната и потпиша со Милан, кој повеќе не смета на него. Според „Трансфермаркт“, вредноста на Јовиќ е четири милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Шмајхел: На ЕУРО 1992 игравме и за Југославија

Легендарниот дански голман Петер Шмајхел отворено зборува за клучните моменти од неговата кариера и моменталната состојба на Манчестер јунајтед во вториот дел од ексклузивното интервју за видео серијалот „ A Guest and a Half “ на Софаскор.
Зборувајќи за почетоците на својата кариера, Шмајхел се присети како неговиот трансфер во Манчестер јунајтед речиси пропаднал поради Брондби и како тоа го мотивирало да стане уште подобар.
„Брондби не сакаше да ме пушти. Бев лут и разочаран, бидејќи сонував да играм за Јунајтед. Тогаш решив: Ќе бидам толку добар што ќе се вратат по мене. И кога тоа се случи, сè имаше смисла.“
Голем дел од интервјуто му го посвети на Сер Алекс Фергусон, кого го опишува како „фудбалски татко“.
„Искрено, најважната личност што можев да ја запознаам во фудбалот. Беше неуморен, секогаш бараше максимум, и токму тоа ми требаше.“
Секако, тука е и приказната за Европското првенство во 1992 година, кога Данска сензационално стана европски шампион, иако воопшто не се квалификуваше.
Шмајхел детално опиша како националниот тим беше поканет на турнирот откако Југославија беше исфрлена поради воената сосотојба:
„Сезоната заврши, сите бевме подготвени да се одмориме. Никој од нас не размислуваше за Европското првенство. А потоа се појавија гласини дека Југославија нема да може да игра. Искрено, не го сакавме тоа – ниту за нас, ниту за нив. Имаше премногу тага во таа приказна. Но, кога се случи, мораше да одиме и да дадеме се од себе.“
Првата средба со Англија заврши без гол, и токму таа игра, вели Шмајхел, сè промени.
„0:0 со Англија ни даде самодоверба. После тоа, сè стана сосема нова авантура. Беше тешко, бидејќи се сместивме во хотелот каде што требаше да биде југословенската репрезентација. Чувствувавме дека играме за нив, а не против нив. Кога ја освоивме титулата, чувството беше дека го направивме тоа заедно – ние и тие.“
Спорт
Нејмар од бизнисмен што не го познава добил во наследство милијарда долари

Легендарниот Бразилец Нејмар неочекувано стана единствен наследник на богатство вредно речиси 1.000.000.000 долари, од човек кого никогаш не го запознал, објавуваат бразилските медиуми.
Бизнисменот од Рио Гранде до Сул, кој почина во јуни 2025 година, остави тестамент во кој му го довери целиот свој имот на 33-годишниот напаѓач.
Имотот беше проценет на околу 1.000.000.000 долари, а тестаментот беше заверен во нотарската канцеларија во Порто Алегре во присуство на двајца сведоци и заменик-нотар.
Починатиот бизнисмен, кој целиот свој живот го помина сам, без сопруга и деца, во документот наведе дека одлуката ја донел „со целосна свест и без никаква принуда“.
„Ми се допаѓа Нејмар. Многу се идентификувам со него. Тој не мисли само на себе, што е реткост денес“, напиша починатиот, додавајќи дека односот на фудбалерот со неговиот татко го потсетува на односот со сопствениот татко.
Нејмар сè уште не се изјаснил за овој случај, а конечната одлука за тоа дали навистина ќе стане наследник ќе ја донесат бразилските судови.
Еден од најбогатите фудбалери во светот веќе има имот вреден над 1.138.000.000 долари, а со овој тестамент би можел да го зголеми своето богатство за дополнителни милијарда долари.
Спорт
Започна меѓународниот пинг понг натпревар, нашите го имаа првиот настап

Во салата Јане Сандански во Скопје започна меѓународниот пинг понг натпревар World Table Tennis (WTT) Youth Star Contender Skopje 2025.
Претставниците на Македонија настапија во поединечна категорија и во мешани двојки, додека натпреварот пречека околу 100 учесници. Се играат две возрасни категории – до 15 и до 19 години.
Натпреварите ќе се одвиваат до недела од 9:30 до 21:00 ч. Влезот е слободен.
Претседателот на Пинг погнарската федерација Славко Пројкоски и потпретседателот Златко Рикалоски денес беа дел и од манифестацијата за доделување на државната награда „8 Септември“ на заслужни спортисти и спортски работници.