Свет
(Видео) Меланија на српски зборуваше со жртвите од пожарот во Лос Анџелес
Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија Трамп, во петокот попладне отпатуваа за Јужна Калифорнија за да ги обиколат деловите на Лос Анџелес кои беа опустошени од пожар, особено Палисадите, пренесе „CBS“.
Тие беа придружувани од гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом.
По пристигнувањето во Лос Анџелес, тие ги обиколија областите погодени од разорните пожари, а се случи неверојатна сцена.
Една жена ѝ пријде на Меланија Трамп и почна да ѝ зборува на српски. Меланија тоа убаво го прифати и го продолжи разговорот на српски, кој воодушеви многу луѓе од Србија и регионот, но и луѓето од Ех-Ју кои живеат во САД.
Melania spoke to a woman in California and consoles her in her native language – Slavonic. Amazing. pic.twitter.com/TB9QIGTCVC
— Sara Rose 🇺🇸🌹 (@saras76) January 25, 2025
Пред да ги обиколат погодените области, Доналд и Меланија Трамп накратко разговараа со гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, откако нивниот авион слета во Лос Анџелес, пред да им се обратат на новинарите кои чекаа.
Трамп претходно ја заврши посетата на Северна Каролина, каде ураганот Хелен направи хаос.
„Сега одиме на мала обиколка со луѓе од околината. Го ценам гувернерот што излезе и ме запозна. Сакаме да ја поправиме ситуацијата, сакаме да го решиме проблемот“, им рече Трамп на новинарите, подавајќи ја раката кон Њусом.
„Како да те погодила бомба, нели?“, рече Трамп на Њусом пред гувернерот да им се обрати на новинарите.
„Ви благодариме што сте тука“, рече Њусом гледајќи во Трамп.
„Тоа многу ни значи на сите нас, не само на луѓето во Палисадес, на луѓето во Алтадена чии домови беа уништени. Ќе ни треба вашата поддршка. Ќе ни треба вашата помош. Бевте тука за нас за време на Ковид. Не го заборавам тоа и очекувам да работиме заедно“, рече Њусом.
Трамп зборуваше за уништувањето предизвикано овој месец од пожарите во Палисадес и Итон во Лос Анџелес, во кои загинаа 28 луѓе и уништија или оштетија илјадници домови, вклучително и цели населби со куќи и луксузни вили.
„Ништо такво не се случило досега“, рече тој, а потоа додаде дека планира „да работи заедно“ со Њусом откако новинарите прашаа за нивните политички разлики и можноста за меѓусебна соработка.
„Гледаме нешто да завршиме, а начинот да го завршиме е да работиме заедно. Тој е гувернер на оваа држава и ќе му треба многу федерална помош“, рече Трамп.
Не се очекува Трамп да ја посети зоната на пожарот Итон, каде што најмалку 17 луѓе загинаа во шумски пожар кој сега се смета за еден од најсмртоносните и најразорните регистрирани во историјата на Калифорнија. Уништени се повеќе од 10.000 домови, деловни објекти и други објекти.
Доналд Трамп замина од Лос Анџелес во петокот навечер за Лас Вегас, додека првата дама Меланија Трамп тргна со посебен лет за Флорида, објави „CBS News“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Американски конгресмен со повик САД да излезат од НАТО
Американскиот конгресмен Томас Меси предложи закон со кој бара САД да се повлечат од НАТО, тврдејќи дека Алијансата претставува финансиски и дипломатски товар за земјата.
Во објава на мрежата X тој напиша дека НАТО е реликт од Студената војна и дека парите треба да се вложуваат во одбраната на САД, а не на социјалистички држави. Според него, НАТО ги чини американските даночни обврзници трилиони долари и носи ризик да ги втурне САД во туѓи војни.
Во предложениот закон се наведува дека европските членки имаат доволно економска и воена моќ за сопствена одбрана и дека членството на САД во НАТО не е во согласност со националните интереси. Законските тврдења исто така посочуваат дека распадот на Варшавскиот пакт и Советскиот Сојуз го сменил безбедносното окружување и ја направил НАТО-мисијата за колективна одбрана нерелевантна, како и дека алијансата започнала голема источна експанзија од 1999 година.
Контекстот доаѓа по најновите изјави на Доналд Трамп, кој за „Политико“ рече дека европските лидери се слаби и „=препремногу политички коректни, додавајќи дека Европа „не знае што да прави“. Трамп претходно повика земјите од НАТО да го зголемат воениот буџет од 2% на 5% од БДП и предупреди дека оние што нема да го исполнат условот може да бидат исклучени од алијансата.
Свет
(Видео) Снимен моментот кога авион слета врз автомобил на автопат во Флорида
На социјалните мрежи се појави снимка што го прикажува моментот кога мал авион слета врз автомобил што се движел на автопатот I-95 во округот Бревард на Флорида.
Според властите, возачката на автомобилот и двете лица во авионот добиле само полесни повреди. Ударот го снимиле татко и син кои возеле веднаш зад возилото што било погодено.
Полицијата соопшти дека двомоторниот авион Beechcraft 55 во понеделник околу 17:45 часот локално време морал присилно да слета на јужната лента од автопатот. При слетувањето удрил во автомобил Toyota Camry со 57-годишна жена. Во авионот биле 27-годишен пилот од Орландо и 27-годишен патник.
A small plane crash landed on a busy interstate in Merritt Island, Florida, hitting a car.
The plane experienced a “loss of power in both engines,” it was known, and was attempting an emergency landing on I-95 when it hit a Toyota Camry.
The driver of the car was hospitalised… pic.twitter.com/ViZAuMJcwT
— Vani Mehrotra (@vani_mehrotra) December 10, 2025
Таткото и синот, Џејмс и Питер Кофи, изјавиле дека авионoт нагло почнал да паѓа пред нив.
„Бев преплашен, сфативме колку беше блиску до трагедија“, рекол Џејмс. Питер додал дека дури следниот ден сватил колку среќа имале.
Авионот бил отстранет од автопатот.
Причината за присилното слетување сè уште не е утврдена, а истрагата продолжува. Според проценка на службата, можно е авионот да останал без гориво.
Свет
Децата во Австралија го измамија системот: забраната за социјални мрежи има големи пропусти
Првиот ден од австралиската забрана за користење социјални мрежи за лица под 16 години покажа бројни слабости во системот. Многу деца успеале да ги заобиколат новите правила користејќи ВПН, манипулации со датумот на раѓање или трикови при скенирање на лицето.
Родители од различни делови на земјата за „Еј-би-си“ сведочат дека нивните деца без проблем добиле пристап до „Снеплет“, „Инстаграм“ или „Тик-Ток“, иако формално би требало да им биде забранет.
Во повеќе случаи, системите за проверка на возраст погрешно утврдиле дека децата имаат над 16 години — дури и кога станува збор за 11- или 13-годишници. Некои тинејџери успеале да ја измамат технологијата со шминка или прикривање на делови од лицето. Социјалните мрежи признаа дека постојат технички предизвици и дека родителите можат да пријават профили за деца под 16 години кои ќе бидат суспендирани.
Стручњаците објаснуваат дека технологијата за процена на возраст има маргина на грешка од една до три години, што овозможува заобиколување на забраната. На „Тик-ток“ веќе се појавија објави од деца кои се потсмеваат дека „успешно ја преживеале“ забраната.
Владата најавува дека пропустите ќе се отстрануваат постепено. Премиерот Албанезе посочи дека околу 440.000 „Снепчет“ профили, 150.000 „Фејсбук“ профили и 350.000 „Инстаграм“ профили во сопственост на деца од 13 до 15 години ќе треба да се деактивираат. Повеќе од 200.000 „Тик-ток“ профили веќе се затворени.
Министерката за комуникации Анника Велс нагласи дека ова е „маратон, не спринт“ и дека децата кои денес ја заобиколиле забраната нема да можат да го прават тоа постојано.

