Црна хроника
Со пиштол на дијаболи соученици повредиле малолетна ученичка
Вчера во периодот од 09:00 до 09:30 часот, во училница на основното училиште во Чаир, малолетна ученичка била повредена со пиштол на дијаболи.
Настанот се случил откако еден ученик, кој го одземал оружјето од друг ученик, испукал дијабола што ја погодила ученичката.
Повредената ученичка била пренесена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за медицинска помош.
„Нашите полициски службеници веднаш реагираа по пријавата и излегле на местото на настанот. Пиштолот бил одземен од вработените во училиштето, а увидот го изврши екипа од ЕВР Чаир. Во тек е целосно документирање на случајот и по завршувањето на истрагата ќе биде поднесена соодветна пријава“, изјавија од полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ги претепале играчите од гостинскиот клуб: уапсени две лица од Кумановско
Вчера во 18:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода О.Д.(32) и Е.А.(18), двајцата од Куманово, играчи на фудбалскиот клуб „Беса“ од с.Слупчане, општина Липково.
Тие на фудбалски натпревар во с.Слупчане физички нападнале играчи од гостинскиот клуб ФК „Аеродром“ од Скопје.
СВР Куманово презема мерки за откривање на сите инволвирани и за целосно расчистување на случајот, по што против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Нападнати баба и внука во Чаир
Вчера во 12:30 часот во СВР Скопје, А.Ф.(72) од Скопје пријавила дека на 25.10.2025 околу 17:00 часот во домот на подрачјето на Чаир, таа и нејзината внука А.Ф.(18) биле физички нападнати од Ј.И., Е.О.И., С.И. и С.И..
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со оружје го нападнале и опљачкале кај наплатната рампа „Миладиновци“
Вчера во 06:20 часот во СВР Скопје, Б.Н.(26) од Кичево пријави дека на автопатот „Пријателство“, во близина на наплатна рампа „Миладиновци“, општина Петровец, додека бил паркиран во патничко возило, пет машки лица застанале со друго патничко возило и со закана со огнено оружје му одзеле пари и други предмети.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

