Топ
(Фото) Пронајдено безживотно тело на улица во Аеродром
Утрово околу 7 часот и 30 минути тело на мртов човек беше пронајдено на улица во скопската населба Аеродром.
На терен беа излезени екипи на полицијата и итната помош.
Повеќе детали се очекуваат за подоцна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Битолски хирург извршил операција, па побарал 150 евра да се почести, доставена мерка за притвор
Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело примање поткуп од член 357 став 6 во врска со став 3 и став 2 од Кривичниот законик.
Сомнението произлегува од фактот дека осомничениот на 27 јануари како лице што вршело работи од јавен интерес, односно доктор хирург на Одделението за хирургија при ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ – Битола, извршил интервенција – операција на жолчно ќесе врз пациентка, а потоа индиректно, преку сведок, побарал од синот на пациентката да му даде пари во износ од 150 евра за да се почестел за извршената работа. Синот следниот ден во просториите на болницата во плик му дал на осомничениот три банкноти по 50 евра. Кога осомничениот ги примил, му бил извршен претрес и овластени службени лица од СВР Битола ги пронашле и одзеле парите.
Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство.
Македонија
Ригорозни контроли за цените во два големи синџир-маркета од денес, инспекторите ќе утврдуваат дали ги изигрувале законите
Во пресрет на најавениот бојкот на маркетите поради лажно намалените цени, премиерот Христијан Мицкоски извести дека од денес се почнати вонредни контроли во два големи синџир-маркета. Одговорајќи на новинарски прашања по симулацијата на хибриден напад во касарната „Гоце Делчев“, премиерот рече дека однесувањето на маркетите го сфаќа како напад врз стандардот на граѓаните.
„Утрово, пред да дојдам на овој настан, имав координација со министерот за економија и труд, заменикот, претседателот на Комисијата за заштита на конкуренцијата и со директорот на Државниот пазарен инспекторат, и ги договоривме чекорите што ќе се преземаат почнувајќи од денеска. Знаете дека за време на вчерашната прес-конференција беа потенцирани два синџир-маркета, кои можеби прават одредени, би рекол, изигрувања на законите и процедурите и денеска и следните денови тие ќе подлежат на ригорозна контрола. Според информациите со кои располагаме, имаме дваесетина илјади коминтенти од синџир-супермаркети и ќе треба длабоко да се навлезе во тоа да видиме дали постојат вакви индиции. Истовремено, и други трговски објекти ќе бидат подложни на ваков тип контроли бидејќи стандардот на граѓаните е наш приоритет и ние ќе сториме сѐ како Влада да го заштитиме стандардот на граѓаните. И тоа треба сите да го знаат и дека сме сериозни во ова. Овој напад го сфаќаме како напад врз стандардот на граѓаните, а ние како Влада имаме право и обврска да го штитиме интересот – јавниот и интересот на граѓаните“, рече премиерот Мицкоски.
Тој вчера ја поддржа иницијативата за бојкот на маркетите в петок со мотото „Попусто попусти кога цените се исти!“ и потсети дека од самиот почеток зборува за однесувањето на поединци во овој бизнис, кои се обидуваат на шпекулативен начин да генерираат високи профити.
Иницијативата за бојкот на маркетите в петок ја поддржа и СДСМ, од каде што сметаат дека граѓаните се организираат за бојкот оти Владата не ги поддржала, а ВМРО-ДПМНЕ, пак, го поддржа бојкотот со објаснување дека одредени маркети со зголемувањето на цените влијаат директно врз зголемувањето на сиромаштијата.
Регион
Падна владата, но не и Вучиќ, кој владее со Србија, вели полскиот премиер
Полскиот премиер Доналд Туск ги негира наводите дека во Србија избувнала вознемирувачка криза, која исто така е опасна за безбедноста на Полјаците во таа земја и посочи дека „не падна претседателот Александар Вучиќ, кој владее со Србија, туку премиер со слично презиме, а со тоа и српската влада“.
„Не ми се чини дека во овој момент во Белград може да избувне таква политичка криза, која на кој било начин би ги загрозила интересите или безбедноста на полските граѓани; ништо во овој момент не укажува на тоа. Немам ништо алармантно да им кажам на Полјаците во тој регион и мислам дека на кој било начин не треба да има причина за тревога“, изјави Туск вчера пред новинарите во Варшава.
Како одговор на обвинувањата на новинарот од полскиот јавен сервис ТВП до српските власти и Русија дека студентските протести се обоена револуција инспирирана од странство, како и неговиот лапсус дека паднале и владата и Вучиќ, Туск се насмеа и рече дека понекогаш лапсусите имаат свое значење во политиката.
„Премиерот поднесе оставка, а не претседателот Вучиќ, кој владее со Србија, иако лапсусите имаат свое значење во политиката. Имињата се слични, премиер е Вучевиќ. Со двајцата се сретнав релативно неодамна и, ве молам, верувајте во моето знаење и врз основа на долгогодишните активности во врска со проширувањето на Европската Унија, не ми се чини дека во овој момент може да избувне ваква политичка криза во Белград“, рече Туск.