Спорт
Тимска хуманост на СП: Mozzart и ракометарите собраа 905.000 денари

Македонија настапот на СП во ракомет го заврши со 181 гола, но и со титула шампион на хуманоста. Компанијата Mozzart како дел од кампањата „Повеќе од гол“, донира по 5.000 за секој погодок на македонската ракометна репрезентација, а собрани се 905.000 денари,кои ќе бидат наменети за хуманитарни цели. Нашите ракометари со главниот амбасадор на оваа акција Филип Кузмановски ќе одлучат каде ќе биде упатена оваа донација.
„Честитки за нашите ракометари, за нивната игра,борбеност,за големиот број постигнати голови и за тоа што и овојпат го оставија срцето на терен и ја покажаа силата на нашата репрезентација. Нам ни преставува вистинско задоволство што заедно со нив ја реализираме хуманитарната акција „Повеќе од гол”, преку која ќе помогнеме некаде каде е тоа потребно, изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.
Ова беше трета акција „Повеќе од гол“ на Mozzart. На првата се постигнаа вкупно 70 гола и беа собрани 350.000 денари, на втората 221 гола и собрани 663.000 денари, додека годинава постигнати беа 181 погодоци и највисока собрана сума од 905.000 денари. Лидерот во приредување игри на среќа и натаму продолжува со реализација на вакви проекти каде хуманоста има главна улога и преку кои помош ќе стигнува на голем број адреси.
ПР текст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
„Нејмар во Интер? Глупости!“

Во изминатите неколку дена се појави информација дека Нејмар бил понуден на Наполи и Интер ова лето, но повредата го натерала да остане во Сантос.
Бидејќи неговиот договор со Сантос истекува на крајот од годината, извесно е дека брилијантниот напаѓач ќе го промени клубот.
Се споменуваше Интер Мајами, каде што ќе им се придружи на Меси и Суарез, а се пишуваше дека повторно ќе биде понуден на клубови од Серија А.
Сепак, тоа нема да биде Интер од Милано, бидејќи спортскиот директор на овој клуб, Пјеро Аусилио, ги негираше тврдењата на медиумите.
„Нејмар во Интер? Тоа се глупости! Никогаш не сме разговарале за тоа, ниту сме испратиле понуда. Се обидовме со Лукман, но напредокот на Пио Еспозито и Бони ни овозможи да видиме напредок. Исто така, го следевме Хојлунд“, рече Аусилио во интервју за „Кориере дело Спорт“.
Спорт
(Видео) ПСЖ се спаси од пораз против Стразбур

Фудбалерите Пари Сен Жермен и Стразбур ремизираа 3:3 во дербито на осмото коло од Лига 1.
Луд натпревар беше виден на „Паркот на принцовите“. Домаќинот трган фуриозно, а на крајот мораше да се бори за еден бод.
Сè започна со голот на Баркола во шестата минута, но гостите до полувремето направија пресврт, со головите на Паничели во 26-та и Мореира во 41-та минута.
Паничели дополнително ги загрижи „Светците“ во 49-та минута, а Рамос го врати ПСЖ во игра од пенал во 58-та минута.
Мајулу спаси бод за ПСЖ во 79-та минута.
И на овој натпревар Луис Енрике не можеше да смета на важни играчи – Дембеле, Маркињос, Невеш, Руиз, додека Кварацхеликја, Мендеш и Витиња започнаа од клупата.
ПСЖ го запиша второто последователно реми, и е на чело со 17 бода, еден повеќе од Стразбур.
Спорт
Мареска потврди дека Палмер ќе паузира уште шест недели

Фудбалерот на Челзи, Кол Палмер (23), нема да може да им се придружи на соиграчите уште шест недели поради повреда на препоните, објави тренерот Енцо Мареска.
Палмер не играл од поразот на Челзи од Манчестер Јунајтед на 20 септември.
Тој го напушти теренот во првото полувреме, а Мареска потоа објави дека ќе го одмори до октомвриската репрезентативна пауза, која сега е завршена.
„Згрешив. За жал, тој ќе биде надвор од терените веројатно шест недели“, рече Мареска, исклучувајќи ја можноста за операција.
„Се обидуваме да го заштитиме Кол колку што е можно повеќе и најважно е тој да биде целосно закрепнат кога ќе се врати“, додаде италијанскиот стручњак.
Челзи, кој моментално е седми на табелата во Премиер лигата, во сабота гостува кај Нотингем Форест, кој е 17-ти на табелата.