Спорт
Вокер: Последниот разговор со Гвардиола не беше пријатен
Кајл Вокер (34) стана нов играч на МиланИталијанскиот клуб го донесе на позајмица од Манчестер сити до крајот на сезоната, со опција потоа да го откупи неговиот договор.
Вокер беше претставен во Милано, а на прес-конференција зборуваше за неговиот последен разговор со Пеп Гвардиола, тренерот на Сити.
„Очигледно беше дека ситуацијата во Манчестер сити не е добра и дека не играм колку што сакам. Дојдов во голем клуб, Милан, надевајќи се дека ќе играм повеќе отколку во Англија. Сакам да освојувам трофеи. Последниот разговор со Гвардиола не беше пријатен. Сè што освои тој во Манчестер сити, освоив и јас“, рече Вокер.
Италијанскиот клуб ќе му ја покрие и целата плата, а доколку Вокер продолжи да соработува со Милан и по позајмицата, ќе добие тригодишен договор. Вокер му се приклучи на Сити од Тотенхем во 2017 година и оттогаш освои шест титули во Премиер лигата, два ФА Купа и една Лига на шампиони.
Гвардиола претходно откри дека неговиот капитен и десен бек побарал да го напушти клубот. Вокер оваа сезона испадна од стартната постава, што е една од причините зошто зимава замина на позајмица. За Сити одигра вкупно 319 натпревари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Мбапе од ПСЖ ќе наплати 61.000.000 евра
Килијан Мбапе го доби судскиот спорт со поранешниот клуб, ПСЖ. Клубот ќе мора на Мбапе да му исплати 61.000.000 евра.
Килијан Мбапе во ПСЖ пристугна во 2018 година од Монако, за сума од 180.000.000 евра. Овој трансфер е вториот најскап во историјата на фудбалот. Според меѓу клубот и фудбалерот настана кога, Мбапе во летото 2024 година реши како слободен играч да се пресели во Реал Мадрид.
Откако замина побара клубот да му ги исплати платите и договор за верност. Првиот човек на ПСЖ, Насер Ал Келаифи, лут на својот поранешен играч, покрена контра тужба.
На крајот, сè заврши на многу грд начин. Мбапе побара дури 263.000.000 евра пред судот. ПСЖ побара 440.000.000 од поранешниот играч. Секако, ниедна страна не можеше да добие толку многу, но ПСЖ сепак ќе мора да плати.
„Оваа пресуда потврдува дека преземените обврски мора да се почитуваат. Тоа е едноставна вистина: дури и во професионалната фудбалска индустрија, трудовото право важи за сите. Г-дин Мбапе, од своја страна, ги почитуваше сите договорни обврски седум години, до последниот ден. Тој направи сè што можеше за да избегне судење, дури и јаповлече жалбата за вознемирување за да ја смири ситуацијата. Сè на сè, тој побара да му се исплаќаат само платите и бонусите за повеќе од 18 месеци“, беше задоволен. адвокатот на Мбапе, Фредерик Касеро.
По сето ова, ПСЖ ќе мора да ја објави оваа пресуда во целост на веб-страницата на клубот и да ја чува таму еден месец.
Мбапе во дресот на ПСЖ одигра 308 натпревари, постигна 256 гола и забележа 110 асистенции.
Foto/ depositphotos
Спорт
Џеко по само шест месеци си оди од Фиорентина
Доаѓањето на Един Џеко во Фиорентина беше најавено како едно од најзначајните засилувања во летниот преоден рок во Серија А. Сепак, како што сега стојат работите „љубовта“ ќе заврши по само шест месеци.
Лошите резултати на клубот и скромните перформанси на босанско-херцеговскиот напаѓач, се доволни Џеко да биде ставен на трасфер листата. Џеко ќе ја напушти Фиренца, но ќе остане во Италија.
Фиорентина, минува низ веројатно најтешкиот период во поновата сторија. „Виола“ се наоѓа на последното место, со само шест бода и без ниту една победа во 15 одиграни натпревари.
Во Фиренца се најавуваат големи промени во зимскиот проеден рок, не само во ростерот, туку и на тренерската позиција и во Управниот одбор на клубот.
На удар се најискусните играчи, меѓу кои е и Џеко. Се очекува најмалку петмина да си заминат од „Артемио Франки“ во јануарскиот преоденр ок.
На 17 официјални настапи за Фиорентина, Џеко постигна само два гола, што е далеку под репутацијата и искуството што го поседува. Поради ова, разделбата стана реална опција за двете страни.
Според информациите што ги објави турскиот „Минет“, Џеко нема да ја напушти Серија А. Џенова се издвојува како најсериозен кандидат за неговиот потпис, која наводно веќе влегла во последната фаза од преговорите со босанскиот напаѓач. Клубот од Џенова е исклучително упорен во намерата да го доведе, а трансферот би можел да биде официјализиран на 1 јануари.
Foto/ depositphotos
Спорт
Интер без Дамфрис најмалку три месеци
Десниот бек на Интер, Дензел Дамфрис, ќе мора да направи долга пауза. Холанѓанецот ќе паузира најмалку три месеци и ќе се врати на теренот дури во втората половина на март.
Ова секако е лоша вест за Кристијан Киву кој ќе мора да истражи опции на пазарот, заедно со спротскиот директор, Бепе Марота.
Италијанските медиуми се сигурни дека Интер ќе биде активен во зимскиот преоден рок, бидејќи тимот мора да биде конкурентен во борбата за сите трофеи.
Интер конечно стигна до врвот на табелата во Серија А, а за да успее да го врати пехарот на „Џузепе Меца“, се очекуваат засилувања.
Засега нема индикации кој би можел да дојде, но се шпекулира дека замената би можела да дојде од Динамо Загреб. Според инсајдерот, Џанлука Ди Марцио, Интер го следи Морис Валинчиќ.
23-годишниот минатото лето пристигна во Загреб за сума од 1.350.000 евра.
Foto/ depositphotos

