Свет
Кремљ: Западните земји се обидуваат да се мешаат во нашите избори

Работната група на Кремљ чија цел е да се спречи надворешно мешање тврди дека Западот се подготвува да се меша во парламентарните избори во Русија во 2026 година.
„Комисијата ја забележува активната подготовка на западните земји да организираат обиди за мешање во изборите за Државната дума во 2026 година“, се вели во документот што го пренесе руската државна новинска агенција ТАСС, а на кој се повикува „Политико“.
„САД и нивните сателити веќе се обидоа да се мешаат во руските избори во 2024 година“.
Минатата година Москва се соочи со бројни критики од западните земји за обидот да се влијае на претседателските избори во Романија, како и на претседателските избори и референдумот за пристапување во ЕУ што Молдавија ги организираше во октомври.
Покрај тоа, на минатогодишните руски претседателски избори, одржани без автентична политичка опозиција, победи претседателот Владимир Путин со 87 отсто од гласовите, пренесува медиумот.
Владимир Путин е претседател или премиер на Русија од 2001 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Третата светска војна не е толку далеку

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека третата светска војна не е толку далеку, но е убеден дека неговото претседателствување ќе спречи тоа да се случи.
Тој исто така предупреди на растечките конфликти на Блискиот Исток и во Украина и ја нагласи важноста од брза акција за да се спречи ескалација на глобалните конфликти.
„Во целиот свет дејствувам бргу за да ги прекинам војните, да ги решам конфликтите и да го вратам мирот на планетата, сакам мир и не сакам да гледам како луѓето се убиваат“, рече Трамп.
Зборувајќи за војната во Украина и за ситуацијата на Блискиот Исток, Трамп рече дека ќе стави крај.
„Погледнете ги, толку многу смртни случаи на Блискиот Исток и војната што се случува меѓу Русија и Украина. Ќе ја прекинеме. Нема корист од трета светска војна и не сме толку далеку од тоа. Да ги имавме претседателот Џо Бајден и неговата администрација уште една година, ќе бевме во трета светска војна, а сега за време на мојот мандат тоа нема да се случи“, рече Трамп.
Тој исто така ѝ се заблагодари на Саудиска Арабија за организирањето на разговорите меѓу САД и Русија нарекувајќи ги голем чекор.
Свет
Трамп: Америка потрошила милиони за промена на власта, трагите водат и до Западен Балкан

САД потрошиле милиони долари мешајќи се во изборите во целиот свет, а Русија само 2 во нашата земја, саркастично изјави американскиот претседател, Доналд Трамп.
„21 милион долари за гласачите во Индија. Зошто ни беше потребно да потрошиме 21 милион долари за тоа? Па тие веројатно се обидоа да изберат некој друг. Ова треба да ѝ го соопштиме на индиската влада бидејќи кога ќе слушнеме дека Русија потрошила речиси 2 милиона во нашата земја, тоа е голема работа, нели? Москва објави реклама на интернет за две илјади долари и тоа е огромно достигнување. А ние 21 милион долари во Индија“, им откри Трамп на новинарите од Белата куќа.
Покрај тоа, американскиот лидер рече дека Вашингтон потрошил милиони долари на разни иницијативи во Камбоџа, Србија, Молдавија, Либерија, Бангладеш и во Непал.
Трамп претходно потврди дека ќе ја укине американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД). Тој рече дека УСАИД е управуван од куп радикални лудаци и е погрешно управуван.
Претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп за специјални мисии, Ричард Гренел, изјави дека милијарди долари се даваат на левичарските невладини организации за спроведување радикални политики во други земји и го наведе примерот во Западен Балкан.
Свет
Салвини: Трамп направи повеќе за неколку недели отколку Бајден за 4 години

Италијанскиот потпретседател и претседател на Лигата, Матео Салвини, ги поддржа ставовите на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина и рече дека Трамп направил повеќе за ова прашање за неколку недели отколку поранешниот американски претседател Џозеф Бајден за четири години.
За време на седницата на Лигата тој рече дека Трамп работи во интерес на сите, вклучително и на Италија, и ја поздрави неговата посветеност да стави крај на конфликтот, пренесува „Кориере дела сера“.
Поранешниот италијански премиер и член на Движењето Пет ѕвезди, Џузепе Конте, исто така ја поддржа политиката на Трамп за Украина и посочи дека американскиот претседател грубо ја демаскира целата воена пропаганда на Западот за Украина и ја кажува вистината.
„Мораме да разговараме со сите во Вашингтон. Тоа што Мелони вети воена победа над Путин е целосна глупост. Европа беше на таа линија, Трамп ги изненади – постигна прекин на огнот во Газа и директно се занимава со Путин“, рече Конте, пренесува „Танјуг“.