Скопје
Субвенции за младите од Карпош кои ќе посетуваат обуки за полагање возачка дозвола
Локалната самоуправа и оваа година распиша Јавен повик за субвенционирање на млади лица кои се жители на општина Карпош, за посетување на обуки за теоретски и практичен дел за полагање на возачка дозвола, Б категорија. Во таа насока, Комисијата за доделување на субвенции точно ги дефинираше критериумите, начинот и условите под кои заинтересираните странки можат да се пријават на Јавниот повик, односно да станат потенцијални корисници на горенаведените субвенции.
Оттука, секое лице кое ќе поднесе барање за субвенционирање за посетување на обуки за теоретски и практичен дел за полагање за возачка дозвола мора да е жител на општина Карпош, заедно со неговите родители, минимум 3 години до денот на поднесување на барањето. Притоа, според принципот „прв дојден – прв услужен“ ќе се субвенционираат млади лица кои се родени во 2007 година, односно кои во 2025 година ќе наполнат 18 години.
Согласно утврдените правила, висината на субвенции е определена според следниве критериуми:
- Двајца родители со вкупен приход до 80.000,00 денари,добиваат 100% од износот кој се наплатува за посетување на обука за теоретски и практичен дел.
- Двајца родители со вкупен приход од 80.001 до 100.000 денари,добиваат 75% од износот кој се наплатува за посетување на обука за теоретски и практичен дел.
- Двајца родители со вкупен приход од 100.001 до 120.000 денари,добиваат 50% од износот кој се наплатува за посетување на обука за теоретски и практичен дел.
- Двајца родители со вкупен приход од над 120.001 денари,добиваат 25% од износот кој се наплатува за посетување на обука за теоретски и практичен дел.
Локалната самоуправа напоменува дека во предвид ќе се земат само оние лица кои уплатиле за посетување на обука за теоретски и практичен дел за полагање за возачка дозвола, по добиена Потврда од страна на Општина Карпош за исполнување на критериуми и само во оние авто школи кои имаат склучено Договор со Општина Карпош бр.11-140/8, произлезен од Јавен повик со Одлука бр.11-140/6 од 24.01.2025 година. Уплатата треба да биде според минимална цена за обука во Правилникот за минимална цена за оспособување на возачи во авто школа за следење на обуки од теоретскиот и практичниот дел на кандидатите за возачи за Б категорија, согласно минималните пресметани елементи на вредност.
Во претходниот Јавен повик беа избрани следниве авто школи:
- Друштво за сообраќајна едукација АВТО ШКОЛА СМАРТ ДООЕЛ Скопје
- Друштво за спроведување оспособување на кандидати за возачи АВТО ШКОЛА МОБИЛИТИ ПЛУС ДООЕЛ Скопје – АМСМ
- Друштво за туризам, транспорт и услуги БОБИЕМ ДООЕЛ Скопје
- Друштво за сообраќај, промет и обука на возачи СОФИ СКУЛ ДООЕЛ Скопје
- Друштво за промет, услуги и сообраќајно воспитување ТРИМОСКИ ДООЕЛ Скопје
Во овој случај, ќе се субвенционираат само оние лица кои ги исполнуваат горенаведените критериуми и уплатиле во авто школите на денот или по денот на објавување на Јавниот повик.
Приложувањето на потребната документација ќе се одвива во две фази од кои во првата, странките ќе треба да достават Барање за издавање Потврда за исполнување на критериуми, (кое се подигнува во архива на ул. Радика бр.9 барака 2 или на веб страната на општината – по електронски пат), заедно со Изјава за согласност за обработка на лични податоци.
Покрај оваа документација, заинтересираните ќе треба да достават и копија од лична карта како доказ за жителство и година на раѓање, како и копија од лична карта на двајцата родители, како доказ дека тие живеат минимум 3 години во општина Карпош.
Во втората фаза од процесот на доставување на потребната документација, потенцијалните корисници на субвенции ќе треба да достават Барање за субвенционирање за поврат на одреден износ на уплатени средства од вкупниот износ за обука за теоретска и практична обука (по добивање на потврда за исполнување на критериумите). Исто така, во втората фаза ќе треба да се достават следниве документи:
- Потврда за исполнување на критериуми издадена од Општина
Карпош, - Оригинална фискална сметка за извршена уплата за теоретска и практична обука во автошколата,
- Потврда за остварени приходи добиена од работодавачот за последните три месеци. Потврдите треба да бидат со датум од месецот на поднесување на Барањето од двајцата родители
- За невработени лица – Потврда од Агенција за вработување дека родителот е евидентиран како лице кое бара работа – активен барател на работа или листа од ПИОМ дека родителот е невработено лице. Потврдите треба да бидат со датум од месецот на поднесување на Барањето за исполнување на критериуми
и
- Копија од трансакциска сметка.
Барањата со комплетна документација ќе се доставуваат до архивата на Општина Карпош (ул. Радика бр.9, барака 2). По поднесувањето на документите, подносителите ќе бидат известени во писмена форма.
Општината ги информира граѓаните дека Јавниот повик ќе трае до исцрпување на предвидените средства за оваа намена, а правото на субвенција е еднократно. За сите дополнителни информации, лицата можат да се обратат во Секторот за развој, на контакт телефоните кај овластените лица:
Никола Димовски 076/299-175 и Драгана Божиновска 070/410-627.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Делови од Центар и Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска имаат планирани два зафати во водоводната мрежа и тоа:
· поради уличен дефект на ул.Адам Мицкиевиќ бб (пред ОУ „Киро Глигоров“), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Адам Мицкиевиќ-вклучително и основното училиште, дел од Козара и дел од Васил Ѓорѓов, општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
· поради уличен дефект ф-225м на ул.Отокар Кершовани бб , прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Отокар Кершовани,вклучително Амбуланта „Бит Пазар“, Петре Георгиев и Чаирска, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси
Со одлука на Владата на Република Македонија, Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, чекор што ќе го промени секојдневието на илјадници граѓани кои го користат јавниот превоз, извести градоначалникот Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи.
„Како што истакна премиерот Христијан Мицкоски, на Град Скопје ќе му бидат доделени 100 автобуси и 50 полначи. Тоа значи безбеден, навремен и достоинствен јавен превоз, но и силен удар во корист на заштита на здравата животна средина и чистиот воздух, наш приоритет што го должиме на нашите деца и идните генерации.
Оваа одлука е дел од стратешкиот договор влада со влада помеѓу нашата и владата на Унгарија, што овозможува набавка по исклучително поволни услови“, напиша градоначалникот.

