Македонија
Спасовски: Поднесовме иницијатива, бараме надзорна расправа за загадениот воздух

„Да разговараме какви мерки и активности се преземени од страна на владата и на другите надлежни институции. Заради тоа што ова е една од основните функции на Собранието, да преку вакви деловнички и законски инструменти, успееме да седнеме сите на една маса и пред граѓаните да ги отвориме сите прашања. Оваа иницијатива ја покренавме заедно со пратениците на Левица. Сметаме дека борбата против загадениот воздух може да ги обедини сите пратеници во македонскиот парламент“, вели Оливер Спасовски – пратеник на СДСМ.
„Зачувувањето на животната средина е една темелна вредност којашто е загарантирана со Уставот а е дел од корупусот социјални, економски и културни права на граѓаните а не тангира и сите нас поединечно и сите нас заедно. Токму затоа сметам дека одговорноста пред се на пратениците во овој дел е да заеднички седнеме и да разговараме за решенија. Врз основа на тие решенија што ќе ги изнајдеме да произлезат ктивности коишто ќе допринесат за зачувувањето на животната средина. Надзорната расправа како инструмент ќе даде одговор на многу прашања, ќе може на високо ескпертско ниво да се разговара со сите оние кои работат во областа, да ги чуеме мислењата на институциите, да ги видиме сите проблеми. Но најважно од се, да се отвори конечно една ваква дебата и да преку таа дебата побараме од извршната власт да преземе конкрени мерки и активности се со цел граѓаните да го добијат тоа што го заслужуваат а тоа е здрава животна средина и чист воздух’, посочува Спсасовски и додава:
„Ако ги погледнеме статистичките податоци во делот на влијанието на воздухот врз здравјто на граѓаните, за тоа колку и какви болести се развиваат како последица на нечистиот воздух се поразителни факти кои мора да не замислат сите нас. Секој еден што мисли дека е одговорен политичар да застане зад оваа иницијава“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пожар на депонијата Дрисла, Ангелов смирува дека не е алармантно, но е сложено поради хемиските процеси

Пожар избувна на депонијата Дрисла.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, рече дека пожарот не е алармантен, а скопската противпожарна бригада работи на негово гаснење.
Сепак, како што објаснува Ангелов, гаснењето на било која депонија е сложен процес поради хемиските и биолошките процеси кои се одвиваат во внатрешноста на депонијата како резултат на кои се создаваат запаливи гасови.
(Фото: илустрација, архива)
Македонија
Муцунски во Стразбур: Потврдена посветеноста за унапредување на демократијата

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на работната посета на Стразбур, денеска оствари одвоени средби со Генералниот секретар на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Деспина Шацивасилиу, и со Вицегувернерот на Банката за развој на Советот на Европа (CEB), Томаш Бочек.
На средбата со Генералниот секретар Деспина Шацивасилиу беше потврдена посветеноста на Република Северна Македонија за унапредување на демократијата, владеењето на правото и човековите права, како и активното учество на нашата држава во рамки на Парламентарното собрание на Советот на Европа.
Со Вицегувернерот Томаш Бочек беше нагласена континуираната поддршка и конструктивната соработка со Банката за развој на Советот на Европа преку реализираните проекти на CEB во Северна Македонија. Воедно, беа разгледани конкретните можности за понатамошно продлабочување на оваа соработка во контекст на европската интеграција и регионалната стабилност.
Македонија
Откако Филипче замина во Франција да лобира за Македонија, владата падна, очекуваме да видиме каков Француски предлог ќе донесе повторно, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Откако Венко Филипче замина во Франција, владата падна, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„И откако Венко Филипче отиде да лобира за Македонија очекуваме да видиме како ќе излобира, и каков Француски предлог повторно ќе донесе, откако еднаш веќе ја забетонираа државата во место со нивното лобирање.
Исто така очекуваме да видиме како Венко Филипче ќе ги заштити Македонските интереси откако еднаш ги избриша“.
Според ВМРО-ДПМНЕ, кога Венко Филипче лобира за Македонија и македонските интереси, народот главата го боли цела година потоа.