Свет
(Видео) Се запали моторот на патнички авион, кој требаше да лета за Њујорк

Летот „1382“ на „Јунајтед ерлајнс“ не полета од пистата на интерконтиненталниот аеродром „Џорџ Буш“ во Хјустон бидејќи избувна пожар во моторот на авионот непосредно пред полетувањето, објави „Њујорк пост“.
New air accident in the US, third in a week
This time there were no casualties, but the situation was life-threatening for passengers. In the morning at the Houston airport, a United Airlines plane caught fire on its wing before takeoff. pic.twitter.com/VD1V59J0dM
— John Wick (@Youri47021927) February 3, 2025
Авионот го прекина полетувањето поради пријавен проблем со моторот, се вели во соопштението на американската Федерална управа за авијација (ФАА).
Екипажот и 104 патници мораа да се спуштат преку помошна лизгалка и бргу да стигнат до пистата, каде што ги пречекаа автобуси и ги вратија во зградата на аеродромот, додаде ФАА.
На патничките видеа што може да се видат на социјалните мрежи повеќе од 100 патници се вознемириле кога го виделе пожарот непосредно пред полетувањето.
Се работи за авион „ербас А320“, кој требаше да лета за Њујорк, според медиумот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Во сообраќајка загина поранешен хрватски фудбалски репрезентативец и играч на фудбалскиот клуб Динамо

Во тешка сообраќајна несреќа, што се случи во Карловац, загинаа 2 лица, меѓу кои и поранешниот хрватски фудбалски репрезентативец и играч на фудбалскиот клуб Динамо, Никола Покривач, јавуваат хрватските медиуми.
Полицијата во краткото соопштение наведува дека несреќата се случила на обиколницата Турањ и дека во неа учествувале 4 патнички возила.
Три лица се пренесени на лекување во медицинска установа.
Свет
Русија и Украина денеска треба да разменат затвореници

Русија и Украина денеска треба да разменат затвореници, а посредник во договорот повторно се Обединетите Арапски Емирати, соопштил извор запознаен со преговорите.
Ќе бидат разменети вкупно 492 војници – 246 од двете страни, како и уште 46 ранети украински војници.
За време на војната Русија и Украина со посредство на ОАЕ веќе разменија вкупно 3.233 воени заробеници
Свет
„Вие сте глупави луѓе“: Трамп за Путин и Зеленски доколку ги отфрлат преговорите за прекин на огнот

Американскиот претседател Доналд Трамп ги потврди зборовите на американскиот државен секретар Марко Рубио во врска со повлекувањето од преговорите доколку руската и украинската страна не постигнат договор наскоро.
Трамп понуди помек пристап, велејќи дека Рубио бил „во право“, но во исто време покажа поголем оптимизам во врска со изгледите за постигнување договор.
На прашањето за временската рамка во која САД би можеле да се повлечат, Трамп одговори:
– Нема конкретен број на денови, но сакаме брзо да го завршиме. Ако, поради некоја причина, една од двете страни го отежни тоа многу, ние само ќе кажеме: „Вие сте глупави, вие сте глупави. Вие сте ужасни луѓе“ и едноставно ќе се откажеме. Но се надевам дека нема да мораме“, продолжи тој.
Трамп не сакаше да каже дали е подготвен целосно да ги напушти преговорите или дали ќе продолжи воено да ја поддржува Украина доколку преговорите не успеат.
На прашањето каков напредок би требало да види за да ги продолжи преговорите, Трамп рече дека „ќе мора да види ентузијазам за заклучок“ од двете страни, предвидувајќи дека ќе знае „наскоро“.
– Мислам дека имаме навистина добри шанси да го постигнеме тоа. „Сега сè завршува“, рече тој.
Претходно американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека ако не е можно да се стави крај на војната во Украина, Соединетите Американски Држави треба да се откажат од своите напори и да продолжат понатаму, според написите во светските медиуми.