Свет
Поранешниот канцелар на Германија, Герхард Шредер, хоспитализиран во болница
Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер (СПД) е примен во болница поради хроничен замор, изјави денеска адвокатот на Шредер.
Кога Шредер одби да учествува во работата на истражниот комитет на собранието на Шверин, главниот град на германската покраина Мекленбург-Западна Померанија, во средината на јануари за изградбата на контроверзниот гасовод „Северен тек 2“ во Балтичкото Море, се појавија шпекулации за неговото здравје, објави весникот „Билд“.
„Поранешниот канцелар страда од проблеми со концентрацијата и меморијата, како и од нарушувања на спиењето. Тој не е во состојба да се справи со продолжениот физички и психички стрес, особено со јавната работа како член на истражниот комитет на собранието на Шверин ниту сега ниту во иднина“, рече адвокатот на Шредер, кој зборуваше во име на семејството и побара од јавноста да ја почитува приватноста на пациентот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шпанија пред одлука за пократка работната недела без намалување на платите, се чека одобрување од парламентот
Шпанските министри денеска се согласија да ја намалат законската работна недела на 37,5 часа без намалување на платите, продолжувајќи со една од клучните мерки на коалициската влада и покрај противењето на здруженијата на работодавачи.
За време на неделниот состанок, владата го одобри намалувањето од сегашните 40 часа со извршен декрет подготвен од министерката за труд Јоланда Дијаз, лидер на екстремно левичарската партија Сумар, пренесува Ројтерс.
„Овој предлог е да се живее подобро, да се работи помалку и да се биде многу попродуктивен и економски поефикасен“, им рече Дијаз на новинарите.
Мерката сè уште треба да биде одобрена во парламентот, каде што владата на левиот центар предводена од социјалистичкиот премиер Педро Санчез нема јасно мнозинство и мора да ги балансира барањата на неколку помали партии за усвојување на законот.
Дијаз, која е и вицепремиер, направи план за намалување на работното време до крајот на 2025 година како централен дел од поддршката на нејзината партија за премиерската функција на Санчез.
Каталонците и работодавците против предлогот
Сепак, каталонската централно-десничарска сепаратистичка партија Јунтс веќе изрази противење на предлогот, додека главното здружение на работодавачи CEOE рече дека овој потег ќе ги зголеми трошоците за шпанските компании и ќе ги направи помалку конкурентни.
По неколкумесечни преговори меѓу Дијаз, синдикатите и претставниците на работодавачите, разговорите со CEOE пропаднаа во ноември, откако работодавачите инсистираа дека пократката работна недела не треба да се наметнува со закон, туку да се договори преку колективни договори според потребите на секоја компанија.
„Деловниот свет е за дијалог, а не за монолог“, изјави денеска претседателот на CEOE, Антонио Гараменди.
Централната банка на Шпанија и поранешниот министер за економија предупредија дека повисоките трошоци за работна сила може да ја поттикнат инфлацијата и да го ограничат создавањето работни места. По одлуката на владата, Куерпо рече дека компаниите можат полесно да ја прифатат промената со оглед на силниот економски раст на Шпанија, падот на инфлацијата и најниската стапка на невработеност во последните 16 години.
Свет
Фон дер Лајен: ЕУ мора да биде креативна за замрзнатите руски средства
Европската унија мора да го најде најкреативниот начин да ги искористи замрзнатите руски средства и да ги зајакне санкциите против Русија, ставајќи до знаење на Кремљ дека колку подолго трае нејзината агресивна војна против Украина, толку поголема ќе биде цената за Русија, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула. фон дер Лајен.
Како што јави Укринформ, Фон дер Лајен ја даде изјавата во својот говор на годишната конференција на амбасадорите на ЕУ во Брисел, според извештајот на дописникот на Укринформ.
„Никој не сака мир повеќе од народот на Украина. Но, постои само еден пат до праведниот и траен мир што го бараат. И тој пат води низ воената и финансиската сила на Украина“, рече таа.
Посочи дека санкциите на ЕУ и нанесуваат сериозен удар на руската економија, која се соочува со висока инфлација и рекордни каматни стапки. Таа додаде дека ЕУ во моментов го подготвува 16-тиот пакет санкции против Русија и нагласи дека постепеното отстранување на зависноста од руските фосилни горива мора да продолжи.
„Исклучително е важно што земјите-членки го продолжија замрзнувањето на руските средства. Сега можеме да продолжиме да размислуваме за најкреативниот начин да ги искористиме овие средства за поддршка на Украина во нејзината борба за слобода. Мораме да му покажеме на Кремљ дека колку е подолга војната, толку повисока ќе биде цената за Русија“, рече Фон дер Лајен.
Свет
(Видео) Напад во училиште во Шведска, најмалку пет повредени лица
Пет лица се застрелани во училиште за возрасни во централна Шведска, соопшти полицијата.
Пукањето се случило во Оребро, 200 километри западно од Стокхолм.
Shcool shooting in Örebro captured: https://t.co/HJQfnVIniU
— Rebecca Mistereggen (@RMistereggen) February 4, 2025
Полицијата свика прес-конференција во 15.30 часот во врска со пукањето во Оребро.
Лена Варенмарк, која предава во училиштето „Кампус Рисбергска“, изјави за SVT Nyheter дека била затворена на своето работно место повеќе од еден час.
„Пред тоа слушавме пукотници многу блиску до нашата работна област. Веројатно, имаше десет истрели“, вели таа додавајќи дека најпрвин одекнале неколку истрели едноподруго, потоа имало кратка пауза, а потоа уште неколку истрели.
Таа објаснува дека училиштето е образовна институција за возрасни и дека имало невообичаено малку ученици, со оглед на тоа што многумина си заминале дома по државниот испит.
Најмалку пет лица се повредени во престрелката во Оребро, јавуваат шведските медиуми.
Малку по 13.30 часот, полицијата добила дојава за напад во училиштето „Кампус Рисбергска“ во Оребро. Пет лица беа застрелани, а полицијата ги повикува граѓаните во областа Вестага да останат дома, пренесуваат тамошните медиуми.