Спорт
Јувентус има подготвени замени за Влаховиќ
Душан Влаховиќ во летниот преоден рок ќе го напушти Јувентус. Влаховиќ и неговите менаџер ги одбија сите понуди на клубот околу новиот договор, кој предвидуваше намалување на платата. Бидејќи има договор до јуни 2026 година, летниот преоден рок ќе биде последна шанса Јувентус да заработи од неговиот трансфер.
Челниците на Јувентус веќе имаат план како ќе реагираат по заминувањето на Влаховиќ. Нивната намера е да го задржат Рандал Коло Муани, Францускиот репрезентативец неодамна го засили клубот. Одлично се вклопи постигна три гола во првите два натпревари.
Планот на Јувентус е и наредната сезона да го задржат Муани на позајмица, а по завршувањето на сезоната 2025/2026 да го откупат од ПСЖ за 45 милиони евра.
Јувентус не сака веднаш да го купи Муани, бидејќи во летниот преоден рок за 30 милиони евра сака да го ангажира дефанзивецот на Феенорд, Словакот Давид Ханцко.
Покрај Ханцко, во летниот преоден рок, челниците на „старата дама“ ќе тргнат и по Виктор Осимен. Нигериецот сезонава е позајмен во Галатасарај, а се претпоставува дека Наполи ќе прифати 75 милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Србија и Албанија домаќини на ЕП за фудбалери до 21 година
Србија и Албанија ќе бидат домаќини на Европското првенство за фудбалери до 21 година.
Шампионатот ќе биде отворен на стадионот „Караѓорѓе во Нови Сад“, додека финалето ќе се игра на националниот стадион во Тирана, кој ги исполнува стандардите за финален натпревар од вакво натпреварување.
Бидејќи се одржува во годината пред Олимписките игри, ова ќе биде и квалификациски турнир за Олимпијадата во Лос Анџелес во 2028 година, каде место ќе обезбедат најдобрите четири европски селекции.
Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) покажа доверба во Србија и Албанија да организираат многу сериозно натпреварување, на кое ќе учествуваат 16 репрезентации.
Србија ќе биде домаќин во Нови Сад, Лесковац, Лозница и Зајечар, а градови домаќини во Албанија ќе бидат Тирана, Скадар, Драч и Елбасан.
Да потсетиме, овогодинешното издание на ЕП за фудбалери до 21 година го организира Словачка, а титулата ја брани Англија.
Спорт
Реал без Мбапе во Купот против Леганес
Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе ќе го пропушти претстојниот четвртфинален натпревар од Купот на Шпанија против Леганес поради повреда на потколеницата.
„Вчера му дадовме на Мбапе дополнителен ден за рехабилитација, денеска тренираше нормално, но има хематом на потколеницата и утре нема да ни биде достапен“, изјави тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти.
Реал Мадрид во среда од 21 часот гостува кај Леганес.
Мбапе се повреди на натпреварот против Еспањол, кој неговиот тим го загуби со 0:1.
Анчелоти нема да може да смета на уште двајца играчи за натпреварот против Леганес, Давид Алаба и Антонио Ридигер.
Спорт
Хенес: Прелесно се откажавме од Нагелсман
Почесниот претседател на Баерн, Ули Хенес смета дека клубот прерано се откажал од тренерот Јулијан Нагелсман.
Нагелсман нецели две сезони ги предводеше Баварците. Во рпвата ја освои двојната круна, втората не ја заврши бидејќи доби отказ на 24.март 2023 година. Неколку месеци подоцна тој стана селектор на Германија.
„Отпуштањето на Нагелсман беше голема грешка, со која бордот на директори не се согласи, мислеа дека е премногу рано. Тоа предизвика турбуленции во клубот во време кога сè уште можевме да ја освоиме тројната круна. Ситуацијата не беше катастрофална. Знаевме што можеше да се случи ако на Јулијан му дадевме шанса на подолг рок. Посакувам клубот подобро да се справи во таа ситуација, да покажеше поголемо трпение“, рече Хенес.
Хенес верува дека не е нормално да се зборува за освојување три трофеи секоја сезона.
„Чувствувам дека Баерн сега е постабилен отколку во последните неколку години. Целиот овој разговор за освојување на тројната круна е глупост. Најважно е да се освои германското првенство. Видете, Дортмунд мина понатаму во Лигата на шампионите, а никој не зборува за тоа. Причината е што тие заостануваат 22 бода зад нас во Бундеслигата. И луѓето ми се смееја кога во ноември реков дека Дортмунд не е наш кандидат за титулата. Тогаш имаа 12 поени помалку од нас, а сега се на 22. За мене домашното првенство е мерило за сите работи: ако се освои титулата, сезоната е успешна“, изјави Хенес.