Македонија
Сите дојави за бомби, без исклучок, се лажни, тоа се очекувани хибридни напади, ќе има нови протоколи за МВР и за училиштата, вели Мицкоски

Полицијата и училиштата до крајот на денот ќе добијат нови насоки за постапување по дојави за бомби откога утрово многу училишта во земјата не можеа навреме да ја почнат наставата поради дојави за бомби. Премиерот Христијан Мицкоски, по доделувањето на социјалните станови во Велес, попладнево, рече дека ваквите хибридни напади не се неочекувани и претпоставува дека ќе продолжат.
„Јас бев постојано во контакт со министерот за внатрешни работи, ме брифира и, конечно, имам пресек досега, сите, без исклучок, се лажни дојави. Тоа се тие хибридни напади што ќе се случуваат, не се нешто неочекувано. Ќе треба да се подготвиме. Постапено е според протоколот. Ваков тип на напади имаше пред некој ден и во Хрватска, претходно во институциите во Унгарија и претпоставувам дека ова ќе биде континуитет и кај нас, но мислам дека се креира еден протокол. Веќе работната група се состанува, работи на изготвување протокол и денеска до крајот на денот ќе стигнат и насоките до училиштата, до директорите, но и до припадниците на Министерството за внатрешни работи за тоа што треба да се направи за да имаме непречено одвивање на наставата во овие објекти“, рече премиерот Мицкоски.
Министерката за образование и наука Весна Јаневска денес порача вработените во училиштата да не ги користат приватните, туку службените имејлови оти, според првичните информации, дојавите за бомби не биле стигнати на службените имејлови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Вреди: Исплатени 99,7 милиони денари на 1.865 земјоделци низ државата

Преку Програмата за финансиска поддршка за 2024 година, 1.865 земјоделци од цела Северна Македонија добиле директни плаќања во вредност од 99,7 милиони денари – информираат од политичката платформа Вреди.
Според соопштението, исплатите се реализирани благодарение на, како што посочуваат, „непоколебливата посветеност“ на заменик-министерот за земјоделство Албрим Хоџа. Од Вреди ја оценуваат оваа поддршка како една од најзначајните и најдиректни инвестиции во земјоделството, која, како што наведуваат, ја отсликува нивната филозофија за правична застапеност, рамномерен развој и економско достоинство.
„Ова е конкретен доказ за јакнење на локалните земјоделци, зголемување на локалното производство и враќање на довербата во институциите. Албанското земјоделство влегува во нова, помодерна и поподдржана фаза“, се наведува во соопштението.
Од Вреди истакнуваат дека продолжуваат со градење инклузивни развојни политики и поставување нови стандарди во работењето на државата, со фокус на одговорност, институционален пристап и континуирана поддршка за земјоделците.
„За земјоделство што вреди, за држава што претставува“, порачуваат од Вреди.
Македонија
Ваучери за електронски уреди од 250 евра за студентите

Собранието со 84 гласа „за“ го усвои Законот за издавање вредносни ваучери од 250 евра (15.300 денари) за набавка на електронски помагала: лаптоп, таблет или персонален компјутер, за сите студенти до 29 години запишани на додипломски студии.
Според информациите на властите, за оваа намена од државниот буџет се издвоени 850 милиони денари, со што ќе бидат опфатени 55 илјади студенти. Право на ваучери ќе имаат редовните и вонредните студенти на додипломски студии кои имаат не повеќе од 29 години и кои ќе запишат семестар во учебната 2025/2026 година на државен или приватен факултет.
Студентите запишани во втор и трет циклус на студии немаат право на ваучер.
Ваучерите за студентите премиерот Христијан Мицкоски првпат ги најави во октомври 2024 година на отворената програма „100 дена Влада“ што се емитуваше на јавниот сервис, а во јуни изјави дека ваучерите за електронски уреди ќе бидат доделени од наредната академска година.
Притоа, посочи дека процедурата е отпочната во рамките на Владата, односно во Генералниот секретаријат.
Македонија
Регистрирани се вкупно 29 пожари на отворен простор, од нив 10 се активни

До седум часот на територијата на Македонија регистрирани се вкупно 29 пожари на отворен простор. Од нив 10 се активни, три се под контрола и 16 се изгаснати.
Активни се пожарите во:
1.Општина Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, планина Голем Готен и Малешевските Планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација);
2.Општина Прилеп 1 – с. Бешиште, м.в. Бешишки Рид, друг крак према с. Градешница и трет према граница со Р. Грција (мешана шума);
3.Општина Прилеп 2 – активен крак кон с. Дрен; под контрола делот меѓу с. Царевиќ и Смолани (мешана шума и ниска вегетација);
4.Општина Македонски Брод 1 – с. Црешнево (ниска вегетација);
5.Општина Македонски Брод 2 – меѓу селата Локвица и Крапа (деградирана дабова шума, грмушки, ниска вегетација);
6.Општина Штип – меѓу с. Драгоево и Селце (нискостеблеста шума, прнар и сува трева);
7.Општина Зелениково – с. Гумалево (ниска и мешана вегетација);
8.Општина Желино – меѓу с. Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума);
9.(број 9 недостасува – може да се внесе ако има информација)
10.Општина Струмица – м.в. Три Води (вегетација);
Под контрола се пожарите во:
1.Општина Македонски Брод – с. Грешница (мешана шума и сува трева);
2.Општина Шуто Оризари – ул. Брсјачка Буна (дива депонија);
3.Општина Карбинци – с. Јунузлија (шума);
Изгаснати се пожарите во:
1.Општина Шуто Оризари – кај општината (ѓубре);
2.Општина Прилеп – кај Касарната (ѓубре и сува трева);
3.Општина Ресен 1 – с. Долно Перово (трска и ниска вегетација);
4.Општина Ресен 2 – с. Прељубје (сува трева);
5.Општина Македонски Брод – с. Латово (мешана шума);
6.Општина Кочани 1 – с. Нивичани (ниска шума и сува трева);
7.Општина Кочани 2 – кај ДООЕЛ „Стоименов“, Кочани (сува трева);
8.Општина Кочани 3 – с. Мојанци (стрниште и сува трева);
9.Општина Куманово – с. Романовце (сува трева);
10.Општина Липково – с. Никуштак (сува трева);
11.Општина Гостивар – автопат Гостивар-Тетово, кај Бунар Петрол (сува трева);
12.Општина Старо Нагоричане – с. Руѓинце и с. Орах (шума, сува трева и куќа);
13.Општина Куманово 1 – н. Ристово трло (сува трева);
14.Општина Куманово 2 – с. Романовце (сува трева);
15.Општина Велес – ул. АСНОМ (сува трева);
16.Општина Росоман – помеѓу Росоман и Градско (сува трева);