Регион
Дојавата за бомба во училишето во Загреб била лажна
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/12.jpg)
Занаетчиското училиште за лични услуги на улицата Савска утрово било евакуирано по добивањето заканувачки имејл, а загрепската полиција сега потврди дека ништо не е пронајдено и дека пријавата е лажна.
Тие претходно известија дека ги презеле сите неопходни превентивни мерки и дека нема место за паника.
„Можеме да потврдиме дека по електронска порака, која пристигнала на адресата на образовната установа, таа е евакуирана и учениците се безбедни“, соопштија претходно од полицијата.
„По сознанието за инцидентот, полицијата врши безбедносен увид во институцијата и сите неопходни превентивни дејства“, соопштија претходно од полициската управа во Загреб.
Тие нагласуваат дека нема опасност за учениците и бараат да не се шири паника.
Минатата недела во Хрватска беа регистрирани над 90 лажни пријави за поставени експлозивни направи во средните училишта, а пораки со слична содржина добија над 220 училишта во Словенија и речиси 260 во Унгарија пред десетина дена.
Сите пријави во хрватските училишта се покажаа како лажни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
Србинката осомничена дека го убила сопругот во Грција ќе се појави пред суд, семејството на жртвата верува дека имала соучесник
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Screenshot-2025-02-11-115215.jpg)
Србинката (34) осомничена дека го убила својот сопруг Костас Сијамитрас во Лептокарија, Грција, а потоа го закопала во дворот од нивната куќа и тврдела дека го нема пет месеци, денеска ќе се појави на суд.
Истовремено, семејството на убиениот смета дека обвинетата не дејствувала сама и бара да се знаат сите околности во кои е убиен Костас.
„Ќерката на жртвата цврсто верува дека има соучесник, а ако не во извршувањето на злосторството, тогаш секако во обидот да го прикрие пренесувањето и закопувањето на татко ѝ“, вели Димитрис Милонерос, адвокатот на ќерката на убиениот, за „Прототема“.
Во текот на прелиминарната истрага 34-годишната жена тврдела дека по расправијата што ја имала со својот партнер, тој паднал, си ја удрил главата и бил смртно повреден. Потоа сама го носела и го закопала во дворот од нивната куќа. Шокантната информација е дека за сите овие месеци колку што властите трагаа по 58-годишниот, неговиот тригодишен син си играл во дворот од куќата, каде што минатиот четврток бил пронајден закопан, според признанието на жената.
Според информациите, откако ќе заврши распитот на Србинката и во зависност од истражните дејства што ќе бидат наредени, не е исклучено роднините на жртвата да побараат реконструкција на делото.
Регион
(Видео) Еди Рама пцуеше и удираше на масата во интервју емитувано во живо
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/edi-rama-nervozen.jpg)
Еди Рама, албанскиот премиер, луто одговори на прашања на социјалните мрежи по апсењето на градоначалникот на Тирана, негов близок соработник.
Албанскиот премиер изјави дека по апсењето на градоначалникот на Тирана, Ерион Велијај, тој нема да поднесе оставка и дека само срцето или народот може да го тргнат од политиката.
Тој во видеоинтервју емитувано во живо на социјалните мрежи рече дека неговите политички противници, по апсењето на Велијај, побрзаа да побараат негова оставка, пишува „Евроњуз на албански јазик“.
Edi Rama has a complete meltdown during a live broadcast. pic.twitter.com/XeHCBBs7kw
— Admirim (@admirim) February 11, 2025
Во еден момент Рама удри со раката на масата и пцуеше на англиски јазик.
„Можете да заборавите на мојата оставка. Тоа го бараат од кога влегов во политиката. Има само два начина да ме отстраните од политиката – или ќе ме отстрани срцето ако не чука доволно бргу за да ме разбуди наутро или народот на Албанија ќе ме отстрани“, рече Рама.
Понатаму изјави дека за ова прашање ќе формира отворена јавна комисија.
„Од која причина да поднесам оставка? Ќе се справиме со ова прашање внимателно, ќе формираме отворена јавна комисија доколку е потребно“, рече Рама.
Градоначалникот на Тирана, Ерион Велијај, беше уапсен во понеделникот по наредба на Специјалното обвинителство, а Специјалниот суд за борба против корупцијата и организираниот криминал ѝ одреди куќен притвор на неговата сопруга Ајола Џоџа и нареди претреси во станот што наводно го користела.
Регион
Рама: Заборавете на мојата оставка, само срцето или народот ќе ме отстрани од политиката
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/677z381_677z381_73-6707e814b7b98.jpg)
Албанскиот премиер Еди Рама денеска соопшти дека по апсењето на градоначалникот на Тирана, Ерион Велијај, нема да поднесе оставка и дека само срцето или народот може да го тргнат од политиката.
Тој во видеоинтервју на социјалните мрежи рече дека неговите политички противници по апсењето на Велијај побрзале да побараат оставка, пишува на албанскиот „Евроњуз“.
„Можете да заборавите на мојата оставка. Тоа го бараат откако влегов во политиката. Има само два начина да ме отстраните од политиката – или ќе ме отстрани срцето ако не чука доволно бргу за да ме разбуди наутро или народот на Албанија ќе ме отстрани“, рече Рама.
Градоначалникот на Тирана, Ерион Велијај, беше уапсен во понеделникот по наредба на Специјалното обвинителство (СПАК), а Специјалниот суд за борба против корупцијата и организирниот криминал (ЃККО) ѝ одреди домашен притвор на неговата сопруга Ајоли Џоџи и нареди претрес во станот што го користеше.