Свет
Сијарто: Би било корисно ако Украина ја укине забраната за преговори со Путин
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/21-sijarto.png)
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто оцени дека, дефинитивно, ќе биде корисно за Украина да го откаже указот на претседателот Володимир Зеленски за забрана на преговорите со Русија.
„Мислам дека секако би било корисно доколку Украина го укине законот кој им забранува на украинските лидери да преговараат со рускиот претседател Владимир Путин. Тоа би било од голема корист“, изјави Сијарто за „РИА новости“.
Одговарајќи на прашање за одржувањето на изборите во Украина, шефот на унгарската дипломатија истакна дека е сигурно во искушение да каже нешто за внатрешната политика во Украина, но, како што наведе, „коментирањето на внатрешната политика на другите земји е против неговата ДНК“, пренесува „Танјуг“.
„Да оставиме на Украинците да одлучат кога сакаат да изберат претседател“, нагласи Сијарто.
Тој исто така нагласи дека Будимпешта нашла решение за плаќање на рускиот гас, нафта и нуклеарно гориво.
„Што се однесува до Газпром банк, ние веќе најдовме решение со помош на нашите руски колеги, така што денеска имам одлична регионална соработка со Србите, Бугарите, Турците и руските колеги иако ситуацијата беше навистина тешка, но ако сите сакате да најдете решение, мора да го направите тоа и ние го направивме. Најдовме решение, тоа е технички проблем. Секогаш можеме да најдеме решение. Повеќе ме загрижува тоа што воопшто не се случуваат такви работи во меѓународната политика“, рече унгарскиот министер.
Сијарто оцени дека санкциите се разочарувачки чекор на поранешната американска администрација истакнувајќи дека претходните американски власти знаеле дека некои од нивните сојузници ќе настрадаат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Вулканот Етна повторно активен, властите соопштија дека нема причина за паника
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/vulkan-etna.jpg)
Еден од најактивните италијански вулкани, Етна, од минатиот викенд повторно исфрла лава, објавија италијанските медиуми.
Надлежните најавија дека будно ја следат ситуацијата и дека нема причина за паника.
Првите слаби ерупции беа забележани на 8 февруари, а тенки потоци лава беа регистрирани и во вторникот на јужната падина на кратерот познат како Боча Нуова, објави веб-страницата nationalworld.com.
Не се забележани значителни промени во параметрите на вулканот, објави „Опсерваторијата Етна“ на Италијанскиот национален институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ).
Како што е соопштено, лавата тече во многу тесна линија и се протега на само неколку стотици метри, па се карактеризира како нормална вулканска активност.
Според вулканолозите, овој феномен е типична подтерминална ерупција бидејќи доаѓа од фрактура, а не од еден од главните кратери.
Етна, на островот Сицилија, е највисокиот активен вулкан (3.330 метри) во континентална Европа.
Минатото лето, по период на релативен одмор по големата ерупција во декември 2023 година, имаше неколку последователни ерупции.
И покрај честите ерупции, Етна е главна туристичка атракција.
Во 2013 година УНЕСКО ги прогласи вулканот и неговата околина за светско наследство препознавајќи ги неговото геолошко значење и влијанието врз локалната култура и економија.
Свет
Зеленски: Нападите врз Киев покажуваат дека Путин не се подготвува за мир
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/12/zelenski45.jpg)
Денешните руски ракетни и беспилотни напади врз Киев покажуваат дека рускиот претседател Владимир Путин не се подготвува за мир, изјави денеска украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
Во денешните напади на пет кварта на Киев најмалку едно лице загина, а тројца се ранети, изјави градоначалникот Виталиј Кличко на „Телеграм“.
„Путин не се подготвува за мир. Тој продолжува да убива Украинци и да уништува градови. Само силни мерки и притисок врз Русија може да стават крај на овој терор“, рече Зеленски.
„Она што ни треба сега се единство и поддршка на сите наши партнери во борбата за праведен крај на војната“, додаде тој.
Зеленски синоќа изјави дека е подготвен за размена на територија со Русија како дел од можните мировни преговори под покровителство на Соединетите Американски Држави.
Свет
Потврдено: во Украина убиен првиот Швајцарец
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/shvajcarija-EPA.jpg)
Првпат од почетокот на руската инвазија во 2022 година швајцарски борец загина на бојното поле во Украина.
Швајцарската амбасада во Киев била информирана за неговата смрт на почетокот на годината, соопшти денеска швајцарското Министерство за надворешни работи.
Според швајцарските медиуми, службата во странски армии, како што е платеничкиот ангажман, според швајцарскиот воен кривичен закон се казнува со казна затвор до три години или со глоба.