Спорт
(Видео) Тарковски во 98. минута за реми во последното дерби на „Гудисон Парк“
Евертон го запре Ливерпул во 98.минута во последното Мерсисајд дерби одиграно на кулниот англиски стадион „Гудисон Парк“. Градското дерби, кое требаше да се одигра на 7.декември, а беше одложено поради лошото време, вечерва заврши без победник 2:2. Ливерпул на врвот на табелата во Премиер лигата сега има седум бода повеќе од Арсенал.
Ливерпул се мачеше со градскиот ривал повеќе од 70.минути. Мохамед Салах во 72.минута го комплетираше пресвртот на „црвените“, оркако Евертон дојде до предност со голот на Бето, а изедначи Мекалистер.
А во финишот лудница на трибините. Капитенот на Евертон, Тарковски погоди во 98.минута, ВАР речи две минути ја гледаше целата ситуација пред да го потврди голот.
На крајот откако Мајкл Оливер означи крај на натпреварот, физичка пресметка се случи меѓу Џонс и Дукуре, соиграчите спречија посериозен инцидент, а двајцата играчи добија црвени картони.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
ПСЖ победи во сите пенал серии од доаѓањето на Луис Енрике
Откако Луис Енрике дојде на клупата на Пари Сен Жермен, „Светците“, четири пати беа на пенал рулетот и сите четири пати излегоа како победници.
Тие го одржаа својот 100% учинок во пенал-серијата во среда, со победата во финалето на Интерконтиненталниот куп против Фламенго, благодарение на Матвеј Сафонов.
Рускиот голман го воодушеви светот – одбрани четири од пет обиди на играчите на Фламенго.
Така се здоби со етикетата херој на натпреварот, се потруди да го одржи ПСЖ недопирлив кога станува збор за оваа фаза од играта. Претходно, под водство на Енрике, ПСЖ излезе како победник уште три пати по серија пенали.
Првиот пат беше во раната фаза од Купот на Франција против Ленс (1:1, 4:3), вториот пат беше против Ливерпул во Лигата на шампионите кога Џанлуиџи Донарума блескаше (не толку колку Сафонов) за победа на ПСЖ (4:1 на пенали, по нерешено 1:1 во два натпревари).
Третото изведување пенали на Парижаните во оваа серија го одбележа актуелниот прв чувар на мрежата, Лукас Шевалие, во натпреварот за трофејот од Европскиот Суперкуп против Тотенхем на почетокот. Актуелниот европски првак пенал рулетот го доби со 4:3, откако претходно натпреварот заврши 2:2.
Тешко е да се каже дали Енрике е одговорен за оваа серија, бидејќи голманите и фудбалерите се тие кои директно го создаваат резултатот, но неоспорен факт е дека до доаѓањето на шпанскиот тренер, ПСЖ во седум пенал серии доживеа пет пораази.
Foto/ depositphotos
Спорт
Левандовски го одјави Интер Мајами
Полскиот напаѓач Роберт Левандовски не сака да ја продолжи кариерата во Интер Мајами, објави италијанскиот инсајдер Фабрицио Романо. Левандовски е договорно обврзан со Барселона до крајот на оваа сезона и ќе одлучи за својата иднина откако ќе истече договорот. Романо додава дека, исто како и Левандовски, германскиот напаѓач Тимо Вернер нема да се приклучи на Интер Мајами.
Полјакот има 37 години, а оваа сезона постигна осум гола во 17 настапи и асистираше двапати.
Ова му е четврта сезона во Барселона, за која досега играше многу добро. Има 164 настапи и постигна 109 гола. Пред да пристигне во Барселона, Левандовски играше за Баерн, за кој постигна 344 гола, и за Борусија Дортмунд, за која постигна 103 гола.
Интер Мајами е клубот на Лионел Меси (38). Сопственикот Дејвид Бекам успеа да го убеди Меси да дојде во Флорида пред две години, и оттогаш полека се гради тим од пријателите на Меси. Следната сезона таму ќе бидат Родриго де Пол и Луис Суарез, додека Серхио Бускетс и Џорди Алба ги завршија кариерите.
Интер Мајами ги освои своите единствени трофеи во оваа ера на Меси. Тоа се МЛС Купот и Купот на Американската лига. Меси беше прогласен за МВП на МЛС две сезони по ред.
Foto/ depositphotos
Спорт
Икарди ќе го напушти Галатасарај
Напаѓачот на Галатасарај, Мауро Икарди (32), би можел да ја продолжи кариерата во Италија или Шпанија, објавија италијанските медиуми, додавајќи дека неговиот менаџер е во контакт со Милан, Комо и Рома.
Икарди, во Галатасарај пристигна пред четири години, досега постигна 69 гола и додаде 22 асистенции.
Со доаѓањето на Виктор Осимен, а потоа и на крилниот напаѓач Лерој Сане, целосно се смени статусот на Икарди.
Иако постигна осум гола на 21 натпревар оваа сезона, тој беше во почетниот состав само шест пати. Бидејќи неговиот договор со Галатасарај истекува на крајот од оваа сезона, можно е тој да се пресели во нов клуб веќе во зимскиот преоден рок.
Италијанските медиуми објавуваат дека покрај италијанските, интерес за Аргентинецот покажале шпанските клубови Елче и Овиедо.
За време на неговата кариера, Икарди играше и за Сампдорија, Интер и ПСЖ. Најдлабока трага остави во Интер, за кој постигна 124 гола на 219 натпревари.

