Македонија
Филипче: Економската состојба се влошува, СДСМ ќе предложи сет мерки за подобрување на животниот стандард на граѓаните

Има значајно влошување на економската состојба, стандардот на граѓаните опаѓа, имаат се помалку пари во џебовите, извозот бележи пад а владата не нуди решенија, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешниот брифинг со медиумите.
-Изминатиот период граѓаните се под огромен притисок, каков што не биле во изминатите повеќе години. Има значајно влошување на економската состојба, влошување на стандардот и се помалку пари во џебовите на граѓаните. Нема нешто што не е поскапено и тоа значајно. Од основни прехранбени продукти, парно, видовме последните сметки за струја, зголемувањето е од 10% до 20%. При тоа гледаме дека Владата воопшто не нуди предлог решенија како граѓаните да се справат со серијата поскапувања, како да ограничи некои цени согласно законските можности ниту пак има план и страгегија како да го зголеми стандардот на граѓаните, во делот на раст на платите, рече Филипче.
Мерките кои сега владата ги презема за маржите прво се задоцнети, второ се однапред најавени, што им дава на маркетите и големите трговци простор да ги зголемат цените, а само како една и единствена мерка нема да даде никаков ефект. Затоа СДСМ ќе предложи сет на мерки за подобрување на животниот стандард на граѓаните, потенцираше Филипче.
-Гледаме дека и македонската економија бележи пад на извозот, би рекол алармантни 15,5% намален извоз кон крајот на 2024 година споредбено со 2023 година со Геманија. Мора да имаме предвид дека нашиот дел од извозот којшто е поврзан со Германија може и понатаму да се соочува со идни предизвици, имајќи предвид што во Германија се случува. Владата треба да направи план и стратефија како да се справи со овој удар кој очигледно е дека ќе го осетиме, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Претежно сончево и многу топло

Времето денеска, претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Под влијание на топла воздушна маса од југ, до средината на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност.
Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C.
Во недела во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.
Македонија
Без вода делови од Гази Баба и Кисела Вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска ( четврток) поради изведување на водоводен приклучок од ф – 80 мм на ул. Михаил и Евтихиј бр. 33 во населба Кисела Вода, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од ул. Михаил и Евтихиј. ( општина Кисела Вода).
Од таму со соопштение дека поради изведување на водоводен приклучок од ф – 100 мм на ул. 30 во населба Трубарево, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од населба Трубарево. ( општина Гази Баба ).
Македонија
Тошковски од Мала Преспа: Македонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на Македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот „Македонско културно лето“–симбол на истрајноста и духот на македонската заедница во Албанија.
„Фестивалот претставува жив сведок на богатството на македонската култура, уметност и традиција и испраќа јасна порака дека македонскиот идентитет не познава граници. Наша обврска е да го зачуваме и промовираме, секаде каде што чука македонско срце”, потенцираше министерот Тошковски.
Во рамки на посетата на Пустец министрите остварија средба со градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колевски со кого разговараа за конкретни начини на поддршка од страна на македонската држава.
„Како Министерство за внатрешни работи, подготвени сме да го олесниме процесот за издавање на лични документи на оние жители кои имаат македонско државјанство и да преземеме мерки за олеснување на граничниот проток на преминот Стење, особено во сезоната на берба на јаболка, кога многу жители од овој крај доаѓаат на работа во Ресенскиот регион“, истакна министерот Тошковски.
Присутните вечерва имаа чест да го проследат настапот на велешкиот театар – силна потврда дека македонската култура обединува, каде и да се наоѓа.
„Мала Преспа е прекрасна, но уште повредно е чувството дека македонскиот дух тука живее силно и гордо“, заврши министерот Тошковски.