Спорт
Леброн Џејмс: Наскоро ќе ставам крај на мојата професионална кариера

Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс наскоро ќе ја заврши кариерата.
– Не останува уште многу време. Едноставно тоа е реалноста и треба да се прифати. Наскоро ќе ставам крај на мојата професионална кариера, изјави Џејмс за американските медиуми.
Во тековната сезона, 40-годишниот Леброн Џејмс одигра 48 натпревари во регуларниот шампионат на НБА, на кои имаше просек од 24,3 поени, 7,7 скока и 9 асистенции.
Големата НБА-ѕвезда во текот на својата богата кариера има настапувано и за Кливленд кавалирс и Мајами хит.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Астон Вила го декласира Њукасл

Во последниот саботен натпревар од 33. коло на Премиер лигата, Астон Вила забележа убедлива победа против Њукасл. Избраниците на Унаи Емери славеа со 4:1 (1:1).
Вила поведе по само 34 секунди игра, кога Оли Воткинс го матира Ник Поуп.
Во следните минути се редеа шансите на домашните, а откако не успеаја да ја зголемат предноста, казната ги стигна во 18. минута. Харви Барнс нафрли прецизно, а Фабијан Шер од непосредна близина лесно ја испрати топката во мрежата.
Оли Воткинс имаше неколку прилики до крајот на полувремето, а Њукасл се закани преку Сандро Тонали, но резултатот остана 1:1.
Во вториот дел Астон Вила целосно се награди за добрата игра. Во 64. минута Матсен на асистенција на Воткисн го постигна вториот гол за Вила, десет минути подоцна автогол си постигна Ден Брн, а во 75. минута убав го постигна Онана 4:1.
Њукасл останува на третото место на табелата со 59 бодови, а Астон Вила сега е шеста со 57.
Спорт
Ферстапен ги победи Пјастри и Расел за пол-позицијата во Џеда

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Саудиска Арабија, петта трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1.
Холанѓанецот ја оствари својата втора квалификациска победа сезонава, во борбата за пол-позицијата низ улиците на Џеда го победи со круг од 1:27.294. Четирикратниот шампион за само 10 илјадити делови од секундата беше побрз од Оскар Пјастри во Мекларен.
Најблиску до мив двајцата беше возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, кој заостана десетинка зад Австралиецот. До Расел трката ќе ја започне Шарл Леклер (Ферари), а следуваат Карлос Саинц (Вилијамс) и Луис Хамилтон (Ферари. Меѓу најдобрите 10 пласман на стартото изборија Јуки Цунода (Ред Бул) у Пјер Гасли (Алпин).
Квалификациите беа одбележани и со најголемата грешка на Ландо Норис оваа сезона. Возачот на Мекларен помина преку работ и удри во заштитната ограда и на тој начин предизвика застој.
Лидерот во генералниот пласман, инцидентото го предизвика на почетокот на третата квалификациска сесија, поради што ќе стартува од 10-тото место на петтата трка во сезоната.
Трката за Големата награда на Саудиска Арабија в недела ќе започне во 19 часот.
Спорт
Ветеранот Де Фрај ќе го продолжи договорот со Интер

Искусниот стопер на Интер, Стефан де Фрај (33) и следната сезона ќе настапува за клубот од Милано.
Ова го потврди и неговиот менаџер Федерико Пасторело.
„Стефан долго време е во Интер, среќен е и што е најважно игра. Иако конкуренцијата е жестока за сите, во календарот има доволно простор, се играат 60 натпревари секоја година“, изјави Пасторело и додаде:
„Нема дискусија, Де Фрај ќе остане во Интер барем уште една година. Потоа ќе видиме што ќе се случи“, изјави Пасторело.
Де Фрај е во Интер од летото 2018 година, кога како слободен играч пристигна од Лацио. Неговиот актуелен договор е до 30 јуни, а јасно е дека ќе биде продолжен за уште една година.
Интер оваа сезона е во игра за освојување на таканаречената „триплета“.
Тој е лидер во Серија А на крајот од првенството, во полуфиналето од Лигата на шампионите ќе се соочи со Барселона, додека во полуфиналето од Купот на Италија ќе ги одмери силите против градскиот ривал Милан. Првата средба заврши со резултат 1:1.