Свет
Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина за да учествуваат во војната

Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека денеска ќе одржи нова средба со лидерите на неколку европски и неевропски земји.
„Целта е да разговараме со сите 27 (членки на ЕУ) до крајот на неделата“, изјави Макрон за француската телевизија РТЛ откога во понеделникот во Париз собра десет лидери од клучните европски земји, Европската Унија и НАТО.
Макрон рече дека Париз во моментот не се подготвува да испрати свои копнени трупи во Украина, но истакна дека Франција размислува да испрати воени експерти или ограничен контингент надвор од зоната на конфликтот, пренесува „Танјуг“.
„Денес, Франција не се подготвува да испрати борбени копнени трупи на линијата на фронтот. Меѓу решенијата за обезбедување безбедносни гаранции за Украина можно е испраќање експерти, па дури и војници во ограничен број, надвор од која било зона на конфликтот, да ги поддржат Украинците и да покажат солидарност“, рече Макрон.
Тој додаде дека Париз го поддржува повторното вооружување на Украина, што треба да стане дел од долгорочната безбедносна стратегија.
Францускиот лидер ја спомена и можноста да се одлучи во рамките на преговорите да се одлучи за спроведување мировна операција под мандат на ОН, која би се одвивала по линијата на фронтот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Осумнаесет општински службеници во Истанбул завршија во затвор

Турски суд затвори 18 службеници на градската власт во Истанбул поради обвиненија за корупција, продолжувајќи ја репресијата против опозицијата, поради која беше затворен и градоначалникот Екрем Имамоглу.
Имамоглу, главен политички ривал на претседателот Таип Ердоган и водечки на анкетите, беше затворен во март во очекување на судење по обвиненијата за корупција. Тој се соочува и со обвиненија за помагање на терористичка група.
Градоначалникот ги негираше сите обвиненија, а неговото апсење ги предизвика најголемите протести во Турција во последната деценија, економски превирања и обвинувања за политизирано судство. Владата ги отфрла овие тврдења и вели дека судството е независно.
НТВ објави дека 34 од 52 лица приведени за време на викендот биле ослободени со кауција. Турските медиуми пред четири дена објавија дека властите привеле десетици вработени во општина Истанбул како дел од правните истраги насочени кон Имамоглу, проширувајќи ја репресијата против опозицијата што започна кон крајот на минатата година.
Меѓу приведените се генералниот секретар, началникот на кабинетот на Имамоглу и претседателот и заменик-претседателот на Управата за водоснабдување и канализација.
Европа
Шведската полиција уапси осомничен за пукањето во кое загинаа три лица

Шведската полиција објави дека привела осомничено лице по пукањето во кое загинаа три лица во градот Упсала во вторникот.
Лицето е осомничено за убиство и е едно од неколкуте лица кои се испрашуваат како дел од истрагата, изјавија полицајци за новинарите.
Пукањето се случило во фризерски салон во Упсала, додадоа тие.
Полицијата соопшти дека инцидентот се смета за „изолиран“ и не е поврзан со големите прослави на Валпургиската ноќ што се очекуваат во Упсала во среда.
Свет
Зеленски: Москва подготвува офанзива

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, предупреди дека Русија подготвува потенцијална воена агресија под маската на заеднички вежби со Белорусија ова лето, објави „Киев Индепендент“.
„Погледнете ја Белорусија – ова лето Русија подготвува нешто таму под маската на воени вежби. Така обично започнуваат нејзините нови напади“, рече Зеленски на Самитот на трите морињa.
„Но, каде овој пат? Не знам. Украина? Литванија? Полска? Бог да нè чува! Но, сите мора да бидеме подготвени. Сите наши институции се отворени за соработка“, рече Зеленски.
Белорусија ќе биде домаќин на воените вежби „Запад 2025“ со руските сили, дел од долготрајната серија вежби што се одржуваат на секои две години од 2009 година.
И покрај тоа што не е директно вклучена во руската инвазија на Украина, Белорусија сè уште е домаќин на руски трупи и ракети на својата територија.
Белорусија граничи со Украина, Полска, Литванија, Латвија и Русија, што ја позиционира како клучен стратешки коридор помеѓу НАТО и Москва.
Зеленски постојано предупредуваше дека Русија би можела да ги ескалира воените дејствија надвор од Украина.
Тој предупреди за време на Минхенската безбедносна конференција дека рускиот претседател Владимир Путин планира да распореди до 150.000 војници, првенствено во Белорусија, што укажува на можно зголемување на силите за идни офанзиви против земјите од НАТО.