Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Голем гаф на обвинителот; кој ќе кажува и ќе суди што е тежок и што е лесен пропуст?
Голем гаф на обвинителот. Со изјавата дека ќе се повлече само ако се докаже тешка дисциплинска грешка, Коцевски кажува дека доколку е лесна грешка или пропуст, ама да не е тежок, тој ќе остане. Кој ќе кажува и ќе суди што е тежок и што е лесен пропуст, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ
Јавен обвинител, додаваат од партијата, не смее да има никаков пропуст ако сака и другите во државава што треба да ги истражува да немаат никаков пропуст.
„Зошто тогаш тие со помал пропуст не ги ослободува како обвинител? Зошто, според него, мал пропуст не е причина за разрешување. Тогаш, мал пропуст, мал прекршок на законот, не треба да се санцкионира според таа логика“, додаваат од владејачката партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Непречен сообраќај, поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Од АМСМ известуваат дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење.
Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.
Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта.
Кооридинираните активности на надлежните институции продолжуваат и во текот на наредниот перидод, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, соопшти АМСМ.
Македонија
Дел од Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска се планирани прекини и тоа:
· во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците на улиците 393 и Стојна Стевкова, општина Чаир.
Македонија
(Видео) Работници од Индија кои никогаш не виделе снег, за прв пат му се радуваат овде во Македонија
Работниците од Индија кои работат на автопатот Прилеп-Битола и се сместени во кампот на “Бехтел и Енка”, за прв пат гледаат снег во Македонија, па одлично се забавуваа и уживаа во белата покривка.

