Македонија
(Видео) Петрушевски: Љупчо Коцевски ја оневозможува правдата, ги остави метастазите на СДС во правосудството да се шират

Љупчо Коцевски ја оневозможува правдата, 0% реализација и целосно кочење на постапки. Коцевски како шеф на ЈО покажа дека е безпоговорен послушник на СДС, истакна на денешната прес-конференеција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Дека Љупчо Коцевски не планирал да гони криминал, туку да ги штити кадрите на СДС е непостапувањето против судиите и обвинителите во случајот со Наќе Георгиев и Иџет Мемети, кои признаа вина дека се стекнале со имотна корист за да влијаат на намалување на казната на Боро Марлборо“.
Љупчо Коцевски, додава Петрушевски, ги остави метастазите на СДС во правосудството да се шират.
„Љупчo Коцевски како шеф на ЈО покажа дека е неспособен да реализира предмети на висока корупција, затоа што ги штитеше кралевите на криминалот и корупцијата – СДС.
Во јавноста и стручната фела нема еден аргумент зошто Љупчо Коцевски треба да остане, а милион зошто треба да си замине. Време е за одговорност“, истакнува Петрушевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
За прв пат после шест години, учениците во основните училишта ќе имаат учебници по сите странски јазици, вели Јаневска

„Наместо училиштата да им делат парталави и неупотребливи учебници на учениците, треба да ги пријават во електронскиот систем на Министерството за образование и наука и истите ќе бидат заменети со нови пред почетокот на новата учебна година. За оваа намена обезбедени се буџетски средства и нема потреба да ги разочаруваме ниту учениците, ниту нивните родители кои оправдано реагираат до министерството дека нивните деца добиваат учебници без корици и искинати страници“.
Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на денешната прес конференција посветена на набавката на учебници за основци и средношколци за новата учебна 2025-2026 година.
„Овој предизвик воопшто не треба да постои. Секое училиште има комисија за учебници која лесно може да процени дали еден учебник може или не може да се употребува и тоа што не е за употреба, не смее да се враќа во библиотечниот фонд и потоа некому да се доделува. Треба да се извести Педагошката служба при министерството и потребниот тираж ќе биде надополнет“, рече Јаневска, изразувајќи очекувања за поголема ажурност на членовите на училишните комисии за учебници.
Потсети дека учебниците од прво до трето одделение секоја учебна година се печатат во полн тираж, па така ќе биде и оваа, со оглед дека станува збор за таканаречени „работни учебници“ кои содржат материја што се пополнува со пишување, боење и сечење.
„Нови учебници со надградена содржина ќе има и за седмо одделение, затоа што од септември започнува примената на нови наставни програми. Се сеќавате дека ја модифициравме Kонцепцијата за основно образование на претходната Влада, која предвиде интегрирање на предмети како историја и географија, хемија и физика во седмо. Ги одвоивме, на барање на пошироката јавност, а најмногу на барање на наставниот кадар и затоа имаме нови наставни програми и нови одобрени учебници кои наскоро влегуваат во процес на печатење“, рече Јаневска.
Министерката информираше дека за прв пат после шест години, учениците во основните училишта ќе имаат учебници по сите странски јазици.
„Цели шест години, не беа набавени учебници по англиски, француски, германски и така натаму. Како нова Влада се заложивме уште минатата година, да го спроведеме овој процес и ќе успееме да го завршиме. На 1 септември, за сите странски јазици во основните училишта ќе има нови учебници“, потврди министерката.
Нови учебници по дел од предметите ќе има и во гимназиското и во средното стручно образование. Јаневска рече дека ова е втора учебна година по ред во која ќе има навремена испорака на учебници, што, како што нагласи, не беше пракса седум претходни години.
Според министерката, учебниците се еден од клучните фактори за квалитет на образовниот процес, покрај мотивираните наставници, наставните програми и инфраструктурата. Изрази благодарност до сите вклучени во постапките за нивна изработка, набавка и навремена испорака.
Годишно во просек за набавка на учебници, министерството издвојува околу 660 милиони денари.
Македонија
Герасимовски: Зелениот регистар е гаранција за зачувување на урбаното зеленило

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, информира дека секој граѓанин, јавно и без никакво најавување, може да има целосен увид во Зелениот регистар преку ГИС платформата на Општината.
„Секое дрво е важно. Создаваме општина во која секој граѓанин има пристап до податоци за состојбата на зеленилото. Воведуваме поголема контрола и транспарентност во урбаното планирање“, изјави Герасимовски.
Досега се регистрирани над 10.000 дрвја, од кои 8.000 се листопадни и 2.000 зимзелени. Секое е мапирано со фотографија, состојба и латинско име. Најзастапени видови се липа, јавор, костен и јасен.
„Зелениот катастар ни овозможува реална слика за тоа што го имаме и што ни недостига. Тоа е суштинска алатка за долгорочна заштита на зеленилото“, додаде градоначалникот.
Покрај Зелениот регистар, преку ГИС платформата се достапни и други услуги – електронски упис на првачиња, увид во урбанистички планови и јавни површини. Општина Центар е првата општина која го воведе ГИС системот и од тогаш континуирано работи за надградба и усовршување на оваа дигитална технологија, се со цел поголема транспарентност пред граѓаните, побрз пристап до информации, подобро управување со истите и поголема ефикасност во оперативното работење на секторите, велат од Општината.
Македонија
„Додека Филипче е спотер на Заев и му го чува претседателското столче во СДС, главен фокус му е бизнисот во Бугарија и фирмите на иста адреса со кланот Заеви“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Додека Македонија беше во здравствена и енергетска криза Венко Филипче како тогашен министер за здравство освен што имаше низа скандали како тие со набавката и провизиите за кинеските вакцини, Филипче си градел и луксузна хациенда на три ката на Водно, вредна еден милион евра и си отворал фирми во Бугарија“, вели ВМРО-ДПМНЕ.
„Додека Филипче е спотер на Заев и му го чува претседателското столче во СДС главен фокус на Филипче му е бизнисот во Бугарија и фирмите кои се на иста адреса како и фирмите на кланот Заеви.
Венко Филипче и ден денес е управител на бугарската фирма Пауер Ај 8, која е во негова 100% сопственост. Статусот на фирмата и ден денес е активен што се гледа и од електронските регистри.
Филипче оваа фирма во Бугарија ја основал на 18.11.2022 година, со седиште во Петрич на улица Гоце Делчев бр. 12, адреса каде што се регистрирани и многу од фирмите на Заеви.
Фирмата на Филипче, Пауер Ај 8 е фирма регистрирана за изградба на згради, продавање на станови, нивно издавање, потоа за трговија, но и за хотелска дејност.
Дали тоа што е претседател на СДС му овозможува полесна соработка со Бугарија и ширење на бизнисот?
Филипче е должен на јавноста да одговори што точно работи фирмата и какви бизниси има во Македонија, Бугарија, Персискиот залив и Дубаи“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.