Контакт

Култура

Македонскиот народен театар одбележува 80 години јубилеј

Објавено пред

Македонскиот народен театар, најстарата национална професионална театарска институција и темелот на културата на Македонија, ја испишува сопствената историја, a од почетокот на 2025 година и достојно го одбележува јубилејот – 80 години.

dobivaj vesti na viber

Чуварот на културните и традиционалните вредности низ годините преку репертоарската програма го чува и го негува театарскиот јазик и идентитет. По формирањето и натамошното постоење, поминува низ разни периоди: создавање и негување на ансамблот и на публиката, на творци кои ќе учествуваат во обликувањето на претставите, одржување на репертоарот и гостувања во и од светот. Создава место на европската и светската мапа преку поставување дела од севкупната класична и современа драматургија, но и преку постојано ангажирање на светски реномирани режисери.

МНТ се стреми кон ширење на театарската уметност во јавноста, пред сѐ насочена кон публиката, нивна анимација и едукативно театарско будење, како и приближување до младината за активно размислување на темата култура и театар.

Во чест на јубилејот, нашиот долгогодишен соработник, Зоран Кардула, направи голема чест за најголемата театарска куќа во нашата земја и со неговиот препознатлив дизајнерски печат, го создаде логото „80 години Македонски народен театар“.

Сите ние и секоја следна генерација, сонуваме, мечтаеме кон патувањето и создавањето на нови креативни светови.
МНТ е приказна која започна да се развива веднаш по ослободувањето во ноември 1944 година од страна на група истакнати театарски дејци, да се прикажува во декември истата година преку пет едночинки и да се испишува со почетокот на 1945 година: на 3 јануари со вработувањето на 60 актери и технички, административен и сценски персонал и на 3 април со кревањето на завесата – премиерата на претставата „Платон Кречет“ од Александар Корнејчук, во режија на Димитар Ќостаров, а во превод на Блаже Конески. МНТ денеска работи со веќе постоечкиот уметнички ансамбл, со тенденција за збогатување на нова и млада актерска сила.

Во чест од кревањето на црвената завеса и од првата изговорена реплика поминаа 80 години, на 3 април 2025 година, ќе се одржи голем спектакл со МУЛТИМЕДИЈАЛНАТА ПРЕТСТАВА „СОНЦЕТО, КОЛКУ Е БЛИСКУ СОНЦЕТО“ MADE IN МNT по повод чествувањето „80 години Македонски народен театар“, во режија на Дејан Пројковски. Со овој спектакл ќе се доживее спојот на минатото и сегашноста преку клучните вредности на Македонскиот народен театар (љубов,умeтничка храброст,посветеност, визија,тимска работа, чување на традицијата и создавање на нови вредности за иднината).

Претставата ќе претставува аудиовизуелно патување низ македонската драматургија, поезија, проза и ликовна уметност. Приказна посветена на сите големи актери, режисери, драматурзи, но и на сите оние луѓе кои се позади кулисите и помагаат во создавањето на сценскиот универзум во МНТ.
Публиката ќе биде на едно големо мултимедијално патување во театарот на сонцето .

Прославата „80 години Македонски народен театар“ продолжува со премиерната изведба на претставата „Варвари“ дело на рускиот писател Максим Горки, во режија на Владимир Милчин, еден од најеминентните режисери во нашата земја и надвор од границите. Свечено ќе се одигра на 23 април, со моќна, масовна и бравурозна екипа од 23 актери: Тони Михајловски, Габриела Петрушевска, Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Софиа Насевска-Трифуновска, Владо Јовановски, Григор Јовановски, Ана Стојановска, Оливер Митковски, Тања Кочовска, Александар Микиќ, Верица Недеска, Сашко Коцев, Гораст Цветковски, Јордан Симонов, Сашка Димитровска, Емил Рубен, Александар Ѓорѓиески, Дамјан Цветановски, Ивица Димитријевиќ, Александар Михајловски, Jана Вељановска и Стефан Спасов. Од нив, повеќето се студенти на проф. Владимир Милчин, режисерот на претставата. Значајно е што ова дело за првпат се поставува во Македонија.

ПРОГРАМА

Покрај тековната репертоарска програма и повторно враќање на сцената на неколку претстави (кои не се играа подолг временски период, а тоа се претствавите „Бесачи“, „Ничија земја“ и „Сите сме птици“), репертоарот на МНТ ќе се збогати со новите претстави поддржани од Министерството за култура и туризам на Р Северна Македонија. Станува збор за претставата „Варвари“ дело на рускиот писател Максим Горки, во режија на Владимир Милчин, „Три сестри“ според драмата на А. П. Чехов, а по текст на Ана Ристоска Трпеноска и детската претстава „Земја на заборавените сказни“ во режија на Срѓан Јаниќијевиќ. „Земјата на заборавените сказни“ е уникатна театарска авантура која го слави духот на природата и моќта на имагинацијата. Во свет на технолошка зависност, три деца ненадејно влегуваат во волшебен универзумот на словенската митологија, патување што ќе ве насмее, изненади и трогне. Автори на овој проект се Симон Трпчевски кој после 30 години повторно соработуваат на сцената на МНТ и реномираната писателка Билјана Црвенковска. Претставите ќе бидат поставени на големата сцена, а режисерите кои ќе работат на овие значајни проекти како Дејан Пројковски, Нела Витошевиќ и Срѓан Јаниќијевиќ се вработени во МНТ. До крајот на годината треба да излезе и Монографијата „80 години Македонски народен театар“.

ПАТУВАЊА И ГОСТУВАЊА НА МНТ

Акцентот во 2025 година посебно е ставен на меѓународната соработка, односно гостувања на МНТ надвор од границите, како и гостувања на други театри на сцената во МНТ.
Турнејата на МНТ ќе започне со најактуелните претстави од големата и малата сцена, а тоа се претставите „12“ во режија на Синиша Евтимов и „Народен пратеник“ во режија на Егон Савин.
Во првиот блок се гостувањата во Црна Гора и Босна и Херцеговина. На 8 април во Црногорско народно позориште – ЦНП, Подгорица, ќе се одигра „Народен пратеник“, а ден потоа на 9 април и претставата „12“.
По настапот во Црна Гора, на 11 април следи гостувањето на „Народен пратеник“ и на 12 април со претставата „12“ во Сараево, Босна и Херцеговина.
На 15 април со претставата „12“ МНТ ќе биде дел од фестивалската програма „5РЕ“ во Велес.
На 17 јули Македонскиот народен театар со претставата „12“ ќе биде дел од програмата на „Охридско лето“, а истата ќе биде изведена на сцената во Центарот за култура „Григор Прличев“.
Македонскиот народен театар ќе учествува и на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.
Во вториот блок, во текот на септември предвидено е гостувањето со претставата „Ничија земја“ од Данис Тановиќ, во режија на Александар Морфов, во Националниот театар (Nemzeti Színház), Будимпешта, Унгарија.
Гостувањето во театарот „Иван Вазов“, Р Бугарија ќе се случи на есен, 2025 година, со претставата „Народен пратеник“.

ГОСТУВАЊА ВО МНТ
По потпишувањето на Меморандумот за соработка меѓу Македонскиот народен театар и Црногорско народно позориште, на големата сцена во МНТ, на 17 март во 20:00 часот, ќе гостува претставата „Господа Глембаеви“ во режија на Данило Маруновиќ, по текст на Мирослав Крлежа, а во продукција на ЦНП. Билетите се пуштени во продажба на билетарницата во МНТ, а достапни се и онлајн.
Кон средината во месец мај ќе гостува Народно позориште Сараево од Босна и Херцеговина, односно на 21 мај ќе се одигра претставата „Сараевскиот трговец“, од Игор Штикс, а во режија на Михал Дочекал, а на 22 мај и претставата „Селска опера“ од Д. Бенедек-П. Бела, а во режија на Андраш Урбан.
Предвидено е и гостувањето на Словенско народно гледалишче (СНГ), Љубљана, Р Словенија со претставата „Докторот“, по текст на Роберт Ајк, во режија на Мартин Кушеј. Претставата треба да се одигра на големата сцена на МНТ, во 2025 година. Точниот датум ќе биде договорен меѓу двата театри.

ЕВРОПСКА ТЕАТАРСКА КОНВЕНЦИЈА (ETC)
Со обновување на членството на Македонскиот народен театар во Европската театарска конвенција (ETC), која е водечка и значајна мрежа на јавно финансирани театри во Европа, со 63 театри-членки од 31 земја, ETC е посветена на промовирање на современата драма, олеснување на уметничките размени и поттикнување на културната разновидност во европската театарска уметност. Организацијата служи како платформа за дијалог, демократија и интеракција, со цел да рефлектира и привлече разновидна публика и општества во постојан развој.
Еден од најзначајните претстојни настани на кој ќе присуствува Македонскиот народен театар е Меѓународната театарска конференција на ETC, насловена “Thrive Theatre Thrive! Keep the Flame Alive.” Конференцијата ќе се одржи од 3 до 7 април 2025 година во Националниот театар на Грција во Атина. Конференцијата ќе понуди разновидна програма со говори, дискусии, работилници и изведби, овозможувајќи соработка и размена на идеи меѓу културни професионалци и уметници од цела Европа. Покрај тоа, учесниците ќе имаат можност да го проследат Шоукејсот на грчкиот театар на Националниот театар на Грција, кој ја истакнува богатата грчка театарска сцена и отвора можности за партнерства и копродукции.

РАБОТИЛНИЦА ЗА ТОН И СВЕТЛО
Македонскиот народен театар е исто така во преговори за организирање на иновативна работилница за тон и светло, наменета за театарските професионалци во нашата креативна заедница.
Како театар кој е силно посветен на унапредување на квалитетот на изведбите и поттикнување на уметничкиот развој, ја препознаваме клучната улога на дизајнот за тон и светло во создавање убедливи наративи на сцената. Сигурни сме дека експертизата и иновативниот пристап на компанијата од Финска кон уметничкиот израз ги прави совршен партнер за остварување на нашата цел – организирање квалитетна работилница.
За време на пролетта 2025 година ќе дискутираме за датумите, форматот на работилницата, истата ќе се одржи во летниот период.
Со нетрпение ја очекуваме можноста за соработка со sadsongskomplex:fi за создавање незаборавно искуство за сите вклучени.

МЕМОРАНДУМИ ЗА СОРАБОТКА
Македонскиот народен театар потпиша неколку Меморандуми за соработка кои ќе се реализираат во тековната година, меѓу кои се: Факултетот за драмски уметности – Скопје (ФДУ), Националната опера и балет (МОБ), со Интернационалниот Универзитет ЕУРОПА ПРИМА – Скопје, како и Меморандумот за соработка со Факултетот за музичка уметност – Скопје, (ФМУ).
Од меѓународните посебно ги издвојуваме, потпишувањето на Меморандумот за соработка со еден од најголемите и најзначајните театри во Европа – Националниот театар (Nemzeti Színház), Будимпешта, Унгарија. Со овој договор Македонскиот народен театар и Националниот театар на Унгарија стануваат партнери што ќе реализираат заеднички проекти и размена на претстави од двата театри. Договорот вклучува реализирање и размена на претстави, како и уметници и идеи, и зајакнување на соработката за нови театарски проекти.
Во рамките на оваа соработка, двете институции ќе организираат заеднички настапи, размена на уметнички тимови, учества на фестивали, како и други културни настани што ќе го збогатат театарскиот живот во двете земји. Меморандумот има цел да ја зајакне меѓународната размена и промовирањето на уметноста и културата на двете земји. Посебен акцент е ставен на поддршката на млади театарски уметници. Исто така, продолжи и се зајакна соработката со Црногорско народно позориште, кое, по речиси десет години, повторно ќе гостува во Македонскиот народен театар.

ДОГОВОРИ ЗА ПОКРОВИТЕЛСТВО И СПОНЗОРСТВА
Како главен покровител на Македонскиот народен театар за 2025 година е Diners Club INTERNATIONAL, а официјален спонзор е МИДА МОБИЛИТИ – Скопје. Со ова се покажува дека поддршката кон уметноста не е само обврска, туку е општествена одговорност и чест да се биде дел од светот каде што идеите, емоциите и приказните оживуваат, бидејќи театарот ги негува традиционалните вредности и ја инспирира новата генерација.

ПРОФИЛ НА ТЕАТАРСКА ПУБЛИКА
Досегашното искуство ни покажува дека помасовна е театарската публика постара од 30 години, која веќе има изградено редовна навика за посета на театарски претстави. Но досегашното искуство, исто така, ни покажува дека учениците од средните училишта редовно ги посетуваат претставите, кои се секако наменети за нивната возраст. Нашата цел е генерацијата младинци почесто да го посетува Македонскиот народен театар, со што ќе ја разбуди сопствената имагинација и ќе си отворат нови видици за нови перспективи. Имено, во нив ќе се пробуди чувство да ја чуваат и да ја негуваат културата. Преку обликување на поединецот, кој ќе ги проширува видиците, буди емоции и ја развива креативноста. Преку посетите на театарот, тие развиваат критички умови храбри гласови и ангажирани и општествено одговорни граѓани. Преку уметничката креација, тие не само што го одразуваат светот — тие ќе го обликуваат она што доаѓа.
Во тоа име нашиот слоган одлучивме да биде: МНТ – ПРИКАЗНИ ПОГОЛЕМИ ОД ВРЕМЕТО.

ЛЕТНА СЦЕНА
Програмата за Летната сцена „Славиша Кајевски“ ќе стартува од 10 и ќе трае до 20 јуни и ќе биде во рамките на „80 години Македонски народен театар“. Концептот оваа година ќе биде насочен кон концертни настани на македонски изведувачи.

На официјалната веб-страница на МНТ можете да се информирате и на англиски јазик, за театарот, новостите, ансамблот итн. Дополнително започнавме и со професионално снимање на новите претстави како и нивно тековно архивирање.

ЕВИДЕНЦИЈА НА ПОСЕТЕНОСТ
Повеќе од 66.000 гледачи – од 1 јануари 2024 година заклучно со декември 2024 година

Одобрени средства за Годишна програма за 2025 година согласно решение од Министерство за култура:

– Драмска дејност : 6.300.000 денари
– Меѓународна соработка : 1.100.000 денари
– Одржување на објектите и опремата: 1.139.000 денари
– Издавачка дејност: 350.000 денари
– Европски интеграции: 340.530 денари

Во вкупен износ од 9.223.530 денари

Култура

„Џез под ламба“ повторно во Центар, магична божиќна атмосфера со Мартина Елиора и нејзиниот бенд

Објавено пред

Од

Општина Центар на 27 декември, со почеток во 19:00 часот, ќе го одржи настанот „Џез под ламба“ на пјацетата кај Италијанската амбасада.

dobivaj vesti na viber

Граѓаните ќе имаат можност да уживаат во џез верзии на најпознатите новогодишни и божиќни песни во изведба на Мартина Елиора со нејзиниот бенд, но и да пробаат греано вино и печени костени.

„Ги поканувам сите љубители на добрата музика да ни се придружат и да ја споделиме божиќната атмосфера. Да ја продолжиме оваа навистина убава традиција, која му дава посебен и препознатлив шарм на Центар“, порача градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Настанот „Џез под ламба“ веќе трета година е дел од програмата за култура на Општина Центар, музички настан кој го промовира џезот и македонските изведувачи.

Прикажи повеќе...

Култура

Македонското глумиште денес се простува од својот колега, актерот Лазе Манасковски

Објавено пред

Драмскиот театар – Скопје ја информира јавноста дека погребот на актерот Лазе Манасковски е денес на Градските гробишта во Бутел. Семејството, роднините, колегите, пријателите и почитувачите ќе се простат од Лазе Манасковски од 11.30 до 12.30 часот во капелата на гробиштата.

dobivaj vesti na viber

Македонскиот театарски, филмски и телевизиски актер Лазе Манасковски е роден на 27 март 1958 во Скопје, а почина на 20 декември 2025 во Скопје. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 1983 година тој се вработил во Драмскиот театар – Скопје, каде што бил професионално ангажиран сè до неговото пензионирање во 2022 година.

Kомеморација во чест на починатиот актер ќе се оддржи во неговата матична куќа, Драмскиот театар – Скопје, на 24 декември (среда) во 12 часот.

Прикажи повеќе...

Култура

Новогодишен концерт „Кадифено“: Зарина Првасевда ја исполни Филхармонијата со традиција и современ звук

Објавено пред

Во саботата, 20 декември се одржа новогодишниот вокалната уметница и интерпретаторка на традиционална музика Зарина Првасевда, со наслов “Кадифено”. Во преполната сала на Филхармонија, беше отсвирен репертоар кој вклучи македонски традиционални песни, но и песни од албанската, турската, влашката традиција, односно песни кои се дел од културата на нашите простори.

dobivaj vesti na viber

Гости на концертот беа перкусионистот Ахмет Алан, како и гитаристот Џенк Ердоган, кој по неколку минутниот аплауз од публиката, повторно се вратија на бис.

“Бев многу среќен на концертот, најмногу поради комуникацијата која се оствари меѓу нашите култури и традиции. Многу ми се допадна музиката која ја отсвиревме, ми се допаднаа и приказните зад секоја од композициите, особено бидејќи Зарина беше доволно љубезна да ја раскаже приказната зад секоја од песните. Со тоа, јас дополнително се внесов во интерпретацијата на секоја од нив, бидејќи ги бирав акордите во зависност дали е љубовна песна или песна со трагичен крај. Целиот амбиент, салата, декорацијата на бината направи да се чувствувам како дома, како да седиме со моите пријатели и свириме од срце. Би сакал да дојдам повторно, се радувам на таа идеја” – изјави Џенк Ердоган, виртуозот на фретлес гитарата од Турција кој е Греми награден артист и еден од гостите музичари на концертот.

„Настапот со уметници со светско значење како Џенк, Ахмет, Андреа и Тони претставува исклучителна чест и задоволство. Концертот отвори можност традиционалната музика да се согледа од поинаков агол и пред публиката да се претстави еден современ пристап кон народното музичко наследство. Особено ме радува што публиката имаше можност преку овој настан да се поврзе со светот и да доживее музичко искуство исполнето со нова енергија и чувствителност. Атмосферата беше навистина магична, а големата посетеност и бројните пораки исполнети со топлина, мекост и милина кои ги добив по концертот потврдуваат дека оваа идеја беше препознаена и прифатена.Искрено сум благодарна на сите кои со својата посветеност и поддршка придонесоа за успешната реализација на овој концерт.“ – изјави Зарина.

На концертот настапија и професорот и музичар Тони Арслан, македонскиот виртуоз на виолина како и младата и надежна контрабасистка, Андреа Мирческа.

„Кадифено“ е концертен настан што создава дијалог меѓу традиционалната музика, модерниот звук и интернационалната музичка извонредност.

Овој проект ја означува премиерата на новиот музички опус на Зарина Првасевда, каде интимниот и длабоко емотивен израз се испреплетуваат со македонската и ориенталната традиција, добивајќи современа звучна форма низ импровизација и модерен сензибилитет.

„Овој концерт претставува само почеток на концертниот циклус на Зарина, кој ќе продолжи и во текот на следната година, кога се планирани снимање и издавање на нов албум, како и нов концертен проект.

Фотограф: Стефан Рајхл, соопштение „Друга страна“

Прикажи повеќе...

Најново

Економија2 часа

Минималната плата ќе се зголеми во март за 1.500-2.000 денари, зголемување пред март ќе значи отпуштање работници, вели Дурмиши

Економско – социјалниот совет на денешната седница не се договори за зголемување на минималната плата барем на 500 евра, според...

Македонија2 часа

На аеродромот во Скопје откажани се осум лета, а еден е пренасочен

Авиосообраќајот на Меѓународниот Аеродром Скопје се стабилизира, реализирани се 27 лета, откажани се осум лета, а еден е пренасочен, соопшти...

Македонија3 часа

(Фото) Николоски: На автопатот Охрид – Кичево се вршат сложени инженерски зафати, кои првпат се користат во регионот

Првпат на автопатот Охрид-Кичево изведуваме сложени инженерски и градежни зафати и ова првпат се изведува во регионот, а се со...

Македонија4 часа

Мисајловски: Буџетот за одбрана за 2026 е 358 милиони евра, што е 8,4 проценти повеќе од годинава

Стабилно буџетирање, дополнителен стимул во процесот на модернизација и целосното почитување и унапредување на правата и обврските кон вработените, се...

Македонија4 часа

Мицкоски: Зголемувањето на минималната плата мора да биде резултат на заедничка согласност меѓу работниците и работодавците

Целта на Владата е да создаде посилна економија која отвора нови работни места и обезбедува достоинствен животен стандард за секој...

Македонија6 часа

Трамп менува 30 амбасадори, меѓу кои и Агелер

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп заменува 30 дипломати од кариера од амбасадорски и од други позиции во амбасадите, меѓу...

Македонија7 часа

Македонија трета во Европа по убиства на жени од партнер или член на семејство

Македонија се најде на третото место во Европа според стапката на убиства на жени извршени од партнер или член на...

Европа8 часа

(Видео) Руски генерал убиен во Москва

Руски генерал е убиен во експлозија во Москва, потврдија руските власти. Рускиот истражен комитет соопшти дека генерал-потполковник Фанил Сарваров е...

Топ8 часа

Американски државјанин истепал полицаец пред ноќен клуб во Градскиот парк: кај Американецот пронајдени поголемо количество оружје и муниција

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против американски државјанин со потекло од Нигерија, бидејќи по преземени...

Свет9 часа

(Видео) Сојузник на Трамп: Ако Путин го отфрли мировниот договор, мора да одиме до крај

Републиканскиот американски сенатор и сојузник на претседателот Доналд Трамп, Линдзи Греам, изјави дека Вашингтон треба драстично да го зголеми притисокот...

Европа10 часа

Батлер во Елисејската палата крадел садови и порцелан: сакал да ги продаде на интернет

Главниот послужувач задолжен за среброто во Елисејската палата е уапсен под сомнение за кражба на вредни садови и порцелан, а...

Свет10 часа

Трамп назначи специјален пратеник за Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека го назначува гувернерот на Луизијана, Џеф Ландри, за специјален пратеник за Гренланд. „Џеф...

Македонија10 часа

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри...

Свет19 часа

Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица...

Македонија23 часа

Доктор Беќаровски советува: Како да се заштитиме во денови на екстремно загадување

Во денови кога концентрациите на ПМ 2.5 и ПМ 10 честичките се енормно високи, а загадениот воздух станува сериозна закана...

Македонија1 ден

МВР апелира до возачите да внимаваат поради маглата

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска упати апел до сите учесници во сообраќајот крајно внимателно да ги управуваат своите возила...

Топ1 ден

Маж и жена, државјани на Македонија загинаа на автопатот Белград – Ниш

Двајца државјани на Македонија, маж и жена од албанско потекло, загинаа рано утринава во тешка сообраќајна несреќа што се случи...

Македонија1 ден

Скопје утрово го сруши рекордот, најзагаден град е во Европа

Скопје утрово се најде на 21. место на најзагадени градови светот и прв во Европа, покажуваат податоците на светскиот сервис на мерење...

Македонија1 ден

АХВ откри над 2 тони киви со ларви и инсекти кои требало да се продаваат во државава

Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство,...

Свет1 ден

Поради зимата во Газа умираат бебиња и деца, повик до Израел да дозволи помош

Организацијата „Лекари без граници“ (Médecins Sans Frontières – MSF) вчера предупреди дека бебиња и деца во Појасот Газа умираат од...