Свет
На Трамп следниот месец ќе му биде направен рутински медицински преглед

На американскиот претседател Доналд Трамп следниот месец ќе му биде направен рутински медицински преглед, објави неговиот лекар Шон Барбабела.
Годишниот систематски преглед на американскиот претседател ќе се изврши во Националниот воено-медицински центар „Валтер Рид“ идниот месец, се наведува во соопштение објавено од Белата куќа.
„Датумот на неговиот преглед ќе биде јавно објавен во следните неколку недели“, изјави д-р Барбабела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Маж се обидел да киднапира две деца во основно училиште во Милано

Италијанската полиција уапси 50-годишен маж осомничен дека се обидел да киднапира две деца пред основно училиште во Милано.
Неименуваниот маж првично се обидел да киднапира 10-годишно девојче, кое на училиште дошло со нејзината сестра близначка во придружба на нејзината мајка, а потоа уште едно малолетно лице.
Според очевидци, мажот рекол „Сакам дете“, а и покрај обидите на присутните да го исплашат, влегол во училиштето во обид да се сокрие, пренесува Раи.
Свет
Белата куќа: Трамп го изеде ручекот наменет за Зеленски по прекинот на состанокот

Портпаролот на Белата куќа, Керолин Левит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп буквално и фигуративно го изел ручекот наменет за украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Претседателот уживаше во ручекот. Тој буквално и фигуративно го изеде ручекот на претседателот Зеленски. Тоа беше негова одлука (да ја откаже официјалната вечера со Зеленски – уред). Тој чувствуваше дека претседателот Зеленски не е во позиција да преговара за мир во моментот“, рече Левит одговарајќи на прашање од водителката на „Фокс њуз“, Лаура Инграун, чија одлука беше да се откаже ручекот.
На социјалните мрежи беше споделена и фотогарфија од менито наменето за украинскиот лидер. Како што се гледа на неа, Зеленски требаше да јаде пролетна салата од млада зелка, пилешко печено со рузмарин.
Во петокот, 28 февруари, средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски во Овалната соба во Вашингтон заврши со неочекуван вербален судир, што резултира со откажување на планираното потпишување на договорот за минерали.
Трамп и американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс го обвинија Зеленски за недостиг на благодарност за американската воена помош, а Зеленски ја напушти Белата куќа порано од предвиденото.
Свет
(Видео) Возач се заби во пешаци во центарот на Манхајм, Германија

Возач на автомобил удри во пешаци во германскиот град Манхајм, а полицијата ги повика граѓаните да го избегнуваат центарот на градот.
Инцидентот се случил во центарот на Манхајм, во близина на Васертурм. Според локалните медиуми, се работи за црн теренец, кој со голема брзина удрил во пешаците.
Augenzeugen berichten mir, dass jemand mit dem Auto in der Fußgängerzone von #mannheim in die Menschenmenge gefahren ist. Angeblich soll es Verletze geben pic.twitter.com/j8JmAE9Bnd
— Bamdad Esmaili (@besmaili) March 3, 2025
Како што пренесува „Манхајм 24“, има неколку тешко повредени лица, а на терен се и голем број итни служби.
Според информациите на „Манхајмер морген“, најмалку едно лице загинало.
Според германски „Билд“, возачот на автомобилот е уапсен. Сите патишта и мостови кои водат надвор од градот се под контрола на полицијата.
Покрај тоа, хеликоптер лета над Манхајм, пишува „Билд“.