Свет
Во судар на два автобуси во Боливија загинаа 35 возрасни и две деца

Најмалку 37 лица загинаа, а неколку се повредени во судар на два автобуси во Боливија, пренесоа светските агенции. Автобусите се судриле на пат во близина на градот Ујуни, во јужна Боливија, соопшти полицијата.
Од жртвите, 35 се возрасни, а две се деца.
Едниот автобус патувал до место каде што требало да има карневал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Маж се обидел да киднапира две деца во основно училиште во Милано

Италијанската полиција уапси 50-годишен маж осомничен дека се обидел да киднапира две деца пред основно училиште во Милано.
Неименуваниот маж првично се обидел да киднапира 10-годишно девојче, кое на училиште дошло со својата сестра близначка во придружба на мајката, а потоа уште едно малолетно лице.
Според очевидци, мажот рекол „Сакам дете“, а и покрај обидите на присутните да го исплашат, влегол во училиштето во обид да се скрие, пренесува РАИ.
Свет
Белата куќа: Трамп го изеде ручекот наменет за Зеленски по прекинот на состанокот

Портпаролот на Белата куќа, Керолин Левит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп буквално и фигуративно го изел ручекот наменет за украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Претседателот уживаше во ручекот. Тој буквално и фигуративно го изеде ручекот на претседателот Зеленски. Тоа беше негова одлука (да ја откаже официјалната вечера со Зеленски – уред). Тој чувствуваше дека претседателот Зеленски не е во позиција да преговара за мир во моментот“, рече Левит одговарајќи на прашање од водителката на „Фокс њуз“, Лаура Инграун, чија одлука беше да се откаже ручекот.
На социјалните мрежи беше споделена и фотогарфија од менито наменето за украинскиот лидер. Како што се гледа на неа, Зеленски требаше да јаде пролетна салата од млада зелка, пилешко печено со рузмарин.
Во петокот, 28 февруари, средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски во Овалната соба во Вашингтон заврши со неочекуван вербален судир, што резултира со откажување на планираното потпишување на договорот за минерали.
Трамп и американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс го обвинија Зеленски за недостиг на благодарност за американската воена помош, а Зеленски ја напушти Белата куќа порано од предвиденото.
Свет
(Видео) Возач се заби во пешаци во центарот на Манхајм, Германија

Возач на автомобил удри во пешаци во германскиот град Манхајм, а полицијата ги повика граѓаните да го избегнуваат центарот на градот.
Инцидентот се случил во центарот на Манхајм, во близина на Васертурм. Според локалните медиуми, се работи за црн теренец, кој со голема брзина удрил во пешаците.
Augenzeugen berichten mir, dass jemand mit dem Auto in der Fußgängerzone von #mannheim in die Menschenmenge gefahren ist. Angeblich soll es Verletze geben pic.twitter.com/j8JmAE9Bnd
— Bamdad Esmaili (@besmaili) March 3, 2025
Како што пренесува „Манхајм 24“, има неколку тешко повредени лица, а на терен се и голем број итни служби.
Според информациите на „Манхајмер морген“, најмалку едно лице загинало.
Според германски „Билд“, возачот на автомобилот е уапсен. Сите патишта и мостови кои водат надвор од градот се под контрола на полицијата.
Покрај тоа, хеликоптер лета над Манхајм, пишува „Билд“.