Македонија
Бизнисменот Кочо Анѓушев донираше концертен клавир на Факултетот за музичка уметност во Скопје
Бизнисменот Кочо Анѓушев донираше концертен клавир на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а настанот беше одбележан со концерт во Македонската опера и балет, каде на инструментот, кој е од реномиран австриски бренд FEURICH, прв концертираше маестро Симон Трпчевски.
,,Кога слушнав дека Факултетот за музичка уметност последен пат имал нови пијана пред 50 години, таа информација многу ме замисли. За жал, нашата земја никогаш не била доволно богата да може да си дозволи да инвестира во уметноста толку колку што навистина треба и заслужува, вклучително и во образованието на нашите уметници. Решив да купам концертен клавир од мене лично и да го подарам на Музичката академија. И јас сум професор и знам што ќе значи тоа за студентите и за академијата’’-изјави Анѓушев.
Донацијата беше промовирана со настан во Македонската опера и балет, организиран од амбасадорот на Австрија, Мартин Памер, a во присуство на претседателката Гордана Сиљановска Давкова и на министерот за култура Зоран Љутков.
Анѓушев и компаниите БРАКО и ФЕРОИНВЕСТ досега имаат донирано во образование, здравство, спорт, проекти за општинска инфраструктура и во верски објекти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

