Македонија
СДСМ: Зголемувањето на платите на универзитетските професори е поради СДСМ и законските решенија
„На лагите на Министерката за образование и наука Весна Јанеска им нема крај. Не е точно дека платите на Универзитетскте професори оваа Влада ги има зголемено за 14%. Зголемувањето на платите на професорите во Високото образование се резултат на заложбите и законските решенија донесени во време на СДСМ“, велат од СДСМ.
„Ова покачување на платите на Универзитетските професори е резулатат за измената на Законот за високо образование со која се регулираше коефициентот за исплата на плата на вработените во јавните високообразовани установи односно усогласување на висината на платата со зголемувањето на минималната плата и животните трошоци. Со вакавата измена, СДСМ овозможи континуиран раст на платите на Универзитетските професори“, посочуваат од СДСМ и додаваат:
„Ја повикуваме Министерката за образование и наука Весна Јанеска да ја запознае јавноста што сработи во перидот од нејзиното именување до денеска, освен што се фали со проектите и решенијата донесени од СДСМ прикажувајќи ги како свои?!Универзитетските професори, наставничката фела е двигателот на ова општество и знаат кој работел и придонел за подбрување на нивниот статус и мотивираност а тоа не е ДПМНЕ ниту Јаневска“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

