Контакт

Книги

Објавена новелата „Време на тивки разговори“ од Ан-Лиз Гробети

Објавено пред

Во издание на „Македоника литера“ од Скопје неодамна излезе од печат новелата „Време на тивки разговори“ на швајцарската писателка Ан-Лиз Гробети, во превод од француски јазик на Катица Гароска Ацевска.
 

dobivaj vesti na viber

Во издание на „Македоника литера“ од Скопје неодамна излезе од печат новелата „Време на тивки разговори“ на швајцарската писателка Ан-Лиз Гробети, во превод од француски јазик на Катица Гароска Ацевска.

 

Новелата за млади и возрасни „Време на тивки разговори“ (2001) е поетска проза за пријателството. Делото претставува ретроспективен опис на минатото, каде што нацизмот воопшто не е директно споменат, но е осудуван преку слики, метафори и со атмосферата што постепено станува сè потешка. Приказната ги нагласува улогата на јазикот и неговата манипулација што води до нетолерантност и до неприфатливост. Делото нуди интересна дихотомија меѓу поезијата, литературата, љубовта спрема пријателот (човекот) и нацизмот.За делото „Време на тивки разговори“, кое е преведено на многу јазици, Ан-Лиз Гробети, во 2001 година, ја доби наградата „Сент Егзипери“, а подоцна и наградата „Сорсиер“.Оскар и јунакот на приказната се вистински пријатели – како и нивните двајца татковци, вљубеници  во добрата поезија кои ги врзува длабоко пријателство, кои сакаат да се смеат и да зборуваат до доцна во градината, да цитираат возвишени стихови на големи поети, а потоа и своите стихови… Но еден ден сè ќе се смени… Оваа новела е одлично четиво за пријателство кое секогаш може да им се спротивстави на најлошите појави и да ги победи омразата и насилството. Таа е своевидна лирска балада за вистинското пријателство.Ан-Лиз Гробети (1949 – 2010) е швајцарска писателка, родена во Шо де Фонд, а студирала литература и новинарство на универзитетот во Нојшател. По завршувањето на студиите, работела како новинар. Била политички ангажирана уште во младоста и во седумдесеттите години на 20 век девет години била пратеник на социјалистичката партија во собранието на кантонот Нојшател. Почнала да пишува многу рано и првиот роман, „Да се умре во февруари“, го издала на деветнаесет години, кога ѝ станала позната на читателската публика. За овој роман ја добила наградата „Жорж-Никол“. И следните нејзини дела – романи, новели и куси раскази – го постигнуваат истиот успех: наградата „Рамбер“ и две награди „Шилер“. Меѓу нејзините најпознати романи се вбројуваат: „Зеро позитив“, „Бескрајно плус“, „Зимска свршеница“, „Убавата дама што каса“, „Омилен“. Во 2000 година ја добила престижната награда „Гранд при Ц. Ф. Рамиз“.Во своите дела го афирмира својот женски идентитет, во период кога присуството на жените во литературата почнува сè повеќе да се наметнува. Ан-Лиз Гробети се ангажира за состојбата на жената-писател, од историскиот, од формалниот и од политичкиот аспект на женското писмо, но во своите романи таа првенствено го истражува јазикот со тоналитет својствен за неа./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

Промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори

Објавено пред

На 29 април во 18 часот во Студентскиот културен центар ќе се одржи промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори.

dobivaj vesti na viber

Двете изданија се резултат на соработката меѓу студентите и наставниот и соработничкиот кадар од Факултетот за ликовни уметности, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Издавањето на книгите е поддржано од Инситутот „Данте Алигиери“ во Скопје, Здружението Данте Алигиери во Рим и Министерството за култура и туризам.

Прикажи повеќе...

Книги

Книгата „Мајсторот“ од Димитар Башевски објавена во Софија

Објавено пред

Во издание на издавачката куќа „Изида“ од Софија, деновиве е објавена книгата раскази мајсторот од Димитар Башевски. Тоа е трета книга од Башевски објавена во Бугарија. Претходно објавени се неговите романи „Бунар“ и „Круг“. Преводот на книгата „Мајсторот“ од македонски на бугарски јазик е на Тања Попова.

dobivaj vesti na viber

Во текстот кон објавената книга се вели дека „Димитар Башевски го води читателот на книжевно патување низ длабоките слоеви на човечките емоции и вечните потраги. Со екстремна леснотија и чувство за јазични нијанси, авторот слика живописни слики на љубов, страст и копнеж кои се испреплетени со огромните прашања за смислата на животот и човечкото место во светот“.

Димитар Башевски е автор на дваесеттина книги проза и поезија. Добитник е на највисоките книжевни и општествени награди во земјата. Неговите книги се преведувани и објавувани на повеќе европски јазици.

Прикажи повеќе...

Книги

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Објавено пред

Комисијата за доделување на наградите на Македонската асоцијација на издавачи за периодот меѓу два саема, по разгледувањето на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите, на состанокот на 15.04.2024 г. донесе одлуки за доделување на наградите на МАИ меѓу двата саема во мај 2023 и април 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Признание за најдобра едиција, при што основен критериум бил уредничкиот пристап, концептот на едицијата и унифицираниот изглед/дизајн, со 1. место наградена е едицијата „ПРОаЗА“ („Или-или“), со 2. место едицијата „Бранови“ („Антолог“) и со 3. место едицијата „Современи класици“ („Арс ламина“).

Признание за најдобар оригинален дизајн на корица добија „Не кажувам“ од Петар Андоновски, дизајнирана од Марко Трпески („Полица“), „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски, дизајнирана од Наталија Лукомска („Бегемот“) и „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ од Владимир Јанковски, дизајнирана од Марко Трпески („Антолог“).

Признание за најдобро ликовно-графички уредено издание добија „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска; автор на дизајнот: Петер Личковски („Бегемот“), „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова Младеновиќ; графичко уредување на „Арс ламина“ и „Гени, мени, сени“ од Владимир Лукаш (текст и илустрации), со графичко уредување на „Супрема“.

Признание за оригинални целосно илустрирани книги за деца (сликовници) добија „Си беше еднаш – Најубавите бајки на сите времиња“ (прир. Оливера Ќорвезироска, со илустрации на Наталија Лукомска) („Арс ламина “), „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“) и „Рокчето“ од Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска („Арс ламина“).

Во категоријата најкреативно издание каде влегуваат оригинални изданија за возрасни или за деца, кои се издвојуваат по својата нестандардност, признанија добија „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“), „Шарени ириси“ од Јована Матевска Атанасова, со илустрации на Симонида Филипова Китановска („Арс ламина“) и „Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска („Арс ламина“).

Признанието за автор на годината го доби Лидија Димковска („Три“).

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија24 минути

(Видео) Николоски: Пробиени 17 километри за обиколување на „Стража“ на автопатот Гостивар–Букојчани

Интензивно се одвиваат градежните активности на автопатот Гостивар – Букојчани, кој е дел од Коридорот 8 на релацијата Скопје –...

Македонија35 минути

Синдикатот на вработените на клиниките против реорганизацијата – прераспределбата на кадри може дополнително да ја наруши стабилноста на здравствениот систем

Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници и други јавни здравствени установи (ССКЦ) предупредува дека предложената внатрешна...

Свет1 час

Врховниот адмирал на НАТО: Размислуваме за поагресивен пристап против Русија

НАТО размислува за заземање на поагресивен став како одговор на руските кибер напади, саботажи и нарушувања на воздушниот простор, изјави...

Свет1 час

Хакирани 120.000 камери во домови и гинеколошки ординации во Јужна Кореја, снимки со експлицитна содржина продавани на интернет

Четири лица се уапсени во Јужна Кореја за наводно хакирање повеќе од 120.000 видеокамери во домови и бизниси и користење...

Свет1 час

ЕУ го предупредува Трамп: Путин мора да одговара за воените злосторства

Висок функционер на Европската Унија предупреди дека мировниот план на Доналд Трамп за Украина не смее да го ослободи Владимир...

Свет3 часа

Трамп: Украина има сериозни проблеми

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека е оптимист по разговорите меѓу украинските претставници и неговата администрација за начините за...

Македонија20 часа

Родителите прават штета кога инсистираат нивните деца да добиваат петки без соодветно знаење, вели Јаневска

Проблемот со „петките“ во земјата е навистина сериозен и од моето долгогодишно, веќе пет-шест години со контактите со наставниците, тој...

Македонија22 часа

Убиени оперативци на Хамас откако излегле од тунел во Газа

Израелските одбранбени сили (ИДФ) убија четворица оперативци на Хамас денес откако излегоа од тунел на југот од Појасот Газа, објави...

Македонија1 ден

Поплавени дворови, подруми и ниви во Општината Чешиново – Облешево, не се чистеле каналите

Во Општината Чешиново – Облешево во повеќето од населени места се поплавени дворови, подруми, ниви со неожнеан ориз и  житни...

Македонија2 дена

Марш на ангелите“ во Кочани: До кога ќе се одложува правдата и вистината за „Пулс“

Родителите и блиските на загинатите во пожарот во „Пулс“ одржаа уште еден „Марш на ангелите“ во Кочани, кој почна од...

Македонија2 дена

Анализите покажаа дека нема тешки метали во водата што ја пиеле затруените деца од ОУ „Димо Хаџи Димов“

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска информира дека целосно се завршени анализите на мострите од вода земени од ОУ „Димо...

Македонија2 дена

Поголем дел од Скопје утре без вода

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека утре, 30 ноември (недела), поради два одделни зафати на водоводната мрежа, повеќе...

Македонија2 дена

Бесплатни уролошки прегледи денес во амбулантата на Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина

По повод Месецот на машкото здравје – Мовембер, во амбулантата на Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември”...

Свет2 дена

Еден загинат и 11 повредени во руски напад со дронови врз Киев, меѓу нив и дете

Најмалку едно лице загина синоќа, а 11 се повредени во руски напад со дронови врз Киев, соопштија градските власти. Градоначалникот...

Свет2 дена

Преговорите со САД за мировниот план за прекин на конфликтот со Русија ќе почнат наскоро, вели Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на преговорите со Соединетите Американски Држави за мировниот план за прекин на конфликтот со...

Свет2 дена

Во притвор се сите осомничени за грабежот во Лувр во Париз вреден 88 милиони евра

Четворицата наводни главни извршители на кражбата на скапоцености во Лувр во Париз сега се зад решетки, соопшти вчера јавниот обвинител...

Европа3 дена

ЕУ ѝ постави ултиматум на Украина

Киев мора да преземе решителни мерки за гонење на корумпирани политичари и бизнисмени ако Украина сака да се приклучи на...

Европа3 дена

Главниот советник на Зеленски поднесе оставка

Андриј Јермак, моќниот шеф на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, поднесе оставка. Оставката дојде откако агенти од Националното биро...

Свет3 дена

Трамп му ги предава окупираните украински територии на Путин, пишува Телеграф

САД наводно се подготвени да ја признаат руската контрола врз Крим и другите окупирани украински територии со цел да се...

Македонија3 дена

Во мусаката од првата смена пронајдени бактерии, истите откриени и на чешмите во училиштето „Димо Хаџи Димов“

По стомачните тегоби кај десетици ученици во „Димо Хаџи Димов“, инспекциите утврдија нехигиена на чешмите во училниците и кујната. На...