Црна хроника
Страшни детали од бруталното насилството во Визбегово врз жена и нејзините две деца

Јавното обвинителство соопшти дека 24-годишен маж од Визбегово е осомничен за тешко семејно насилство врз својата вонбрачна партнерка и нејзините две малолетни деца. Насилството се случувало во периодот од 4-ти до 7-ми месецов во нивниот семеен дом.
Според обвинителството, осомничениот повеќепати ги напаѓал жртвите со тупаници, клоци и тврд предмет, нанесувајќи им сериозни телесни повреди. Жената претрпела повеќе скршеници, додека нејзините деца – на возраст од 10 и 4 години – биле брутално претепани. Помалото дете добило хематом на црниот дроб, повреди на белите дробови, лузни на лицето и загубило заби, додека постарото дете има животозагрозувачки фрактури на черепот.
Обвинителството посочува дека осомничениот ги тепал жртвите за да ги принуди да му ги даваат парите од просење.
Јавниот обвинител доставил предлог до судија за претходна постапка за одредување мерка притвор за насилникот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Скопјанец со автомобил удрил во бетонски ѕид и билборд, тешко повреден малолетник

Вчера околу 16.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Македонско – косовска бригада“ во Скопје, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К.(32) од Скопје, удрило во рекламно пано и бетонски ѕид.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник во возилото, додека со телесни повреди се здобиле возачот, уште еден малолетен сопатник и сопатникот С.С.(25), сите од Скопје, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител возачот А.К. бил лишен од слобода и против него ќе биде поднесена пријава.
Црна хроника
Уапсен 24-годишник од Тетовско: возел со 162 км/час на место каде е дозволено 80 км/час

Вчера во 17.43 часот на автопат Тетово – Гостивар, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода 24-годишниот В.М. од село Пирок, тетовско.
При сообраќајна контрола и преземени мерки и активности, полициските службеници констатирале дека В.М. управувал патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистерски ознаки со брзина од 162 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на час.
Лицето е пиведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управувањена моторно возило“.
Црна хроника
На тераса во Кочани украден паричник од 90-годишен маж

90-годишник од Кочани синоќа пријавил кражба што се случила околу 21:30 часот на терасата од неговата семејна куќа.
Според пријавата во ОВР Кочани, едно лице му го одзело паричникот во кој имало пари и лични документи.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.