Свет
Путин пресече, ова се условите за завршување на војната во Украина
Рускиот претседател Владимир Путин сигнализираше можност за размислување за итен прекин на огнот во Украина, но под строги и потенцијално спорни услови.
Според извори блиски до Кремљ, Русија е подготвена да размисли за итен прекин на огнот, но само доколку се исполнат конкретни услови.
Познавачите на преговорите велат дека барањата на Путин вклучуваат јасно дефинирана рамка за конечен мировен договор, како и внимателен избор на земји кои би учествувале во потенцијална мировна мисија.
Овие барања предизвикуваат загриженост во Украина и кај нејзините западни партнери, кои стравуваат дека таквиот договор може да ја фаворизира Москва.
Додека американскиот претседател Доналд Трамп се обидува да постигне мировен договор, Кремљ ја користи оваа прилика за да ги оствари своите стратешки цели, пишува Дејли Меил.
Меѓународната заедница е потресена од новиот пристап на Трамп кон Москва, што претставува ненадејна промена во досегашната политика на САД. Во исто време, Трамп врши притисок врз Украина да се согласи на преговори.
„Работите одат многу добро со Русија. Искрено, ми е многу потешко да се справувам со Украина“, рече Трамп во петокот во Овалната соба.
Овие барања предизвикуваат загриженост во Украина и кај нејзините западни партнери, кои стравуваат дека таквиот договор може да ја фаворизира Москва.
Администрацијата на Трамп тајно ги истражуваше опциите за олеснување на санкциите кон Русија, вклучително и размислување за укинување на ограничувањата за продажбата на руската нафта, што предизвика загриженост кај европските сојузници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

