Свет
(Видео) Руски војници со денови се криеле во гасоводните цевки пред нападот на градот Суџа
Руската војска се обиде да го врати градот Суџа, кој е под контрола на Украина, во западниот руски регион Курск, испраќајќи војници преку гасовод, соопштија украински воени власти.
Генералштабот на украинската армија доцна синоќа соопшти дека руските сили биле „навреме откриени“ од тим за воздушно извидување и одбиени со проектили, артилерија и со дронови, пренесе ДПА.
Информациите не можат да се потврдат од независни извори. На руските воени блогови претходно беше јавено за обид за напад врз Суџа.
Гасоводот што се користел, наводно, бил дел од системот што ја снабдувал Европа со руски гас до почетокот на годинава. Цевките се со дијаметар од 1,4 метри.
🇷🇺🇺🇦And here are the shots of the journey through the pipe to Sudzha. The soldiers had to walk 12 kilometers. Through the pipe. pic.twitter.com/JAl9NvshdD
— Intel Slava (@Intel_Slava) March 9, 2025
Прорускиот воен блогер роден во Украина, Јуриј Подољак, изјавил дека руските специјални сили поминале околу 15 километри долж главниот гасовод и дека некои од нив поминале неколку дена во цевката пред да ги изненадат украинските сили во близина на Суџа. Во Суџа се наоѓаат главните мерења на гасоводот што пренесувал руски природен гас во украинскиот гасен транспортен систем за понатамошен транспорт во Европа.
Прорускиот воен блогер „Two Majors“ изјавил дека се води голема битка за Суџа и дека руските сили ги изненадиле украинските војници влегувајќи во градот преку главниот гасовод. Руски Телеграм канали прикажале специјалци во гасни маски и со светла, со нешто што изгледало како голема цевка, објави хрватски Вечерњи.
„Борбите продолжиле цела ноќ во Суџа. Борбите не престанале“, рекол Подољак.
Друг воен блогер, Јуриј Котенок, изјавил дека украинските сили ја префрлуваат опремата од Суџа кон границата.
„Во овој момент нашите единици напаѓаат североисточниот дел на Суџа и се борат во областа на улицата Ломоносов и во индустриската зона на Суџа“, изјавил Котенок.
Украинскиот упад во Курск минатото лето бил најсериозниот напад на руска територија од нацистичката инвазија на Советскиот Сојуз 1941 година. Во последните недели и месеци руските сили ги истиснаа украинските сили од Курск, ставајќи десетици илјади украински војници во опасност од опколување.
Русија лансирала 119 дронови во напад врз Украина
Руските сили продолжуваат да окупираат приближно една петтина од територијата на Украина.
Најмалку 6 лица загинале во руски напади врз Украина во последните 24 часа, соопштија регионалните власти.
Русија во текот на ноќта лансирала 119 дронови врз Украина, а украинската противвоздушна одбрана соборила 73.
Гувернерот на регионот Доњецк, Вадим Филашкин, соопшти дека 2 лица загинале во градовите Покровск и Сиверск, додека, пак, 23 лица се повредени.
Во регионот Харков, 14-годишно дете загинало во руско гранатирање на селото Кившаривке, потврди регионалниот гувернер.
Според гувернерот на Херсонската област, Олександр Прокудин, во напади во областа Херсон загинале 3 лица, а девет се ранети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Околу 500 патници заглавени во авиони поради снег во Минхен
Околу 500 патници останале заглавени во авиони на аеродромот во Минхен, откако нивните летови биле откажани поради обилни снежни врнежи. Иако дел од авионите биле подготвени за полетување, патниците не можеле да се вратат во терминалот поради недостиг на автобуси и зафатени паркинг-позиции за авионите.
Повеќе од 100 летови планирани за четврток навечер биле откажани поради снегот, а дел од патниците ја поминале целата ноќ во леталата.
Лоша логистика и ограничен капацитет
Според портпарол на авиокомпанијата Луфтханза, дури и летовите што добиле специјални дозволи за ноќно полетување не можеле да тргнат. Како причина се наведува тоа што сите паркинг-места за авиони во близина на терминалот биле веќе зафатени, а капацитетот на автобусите за превоз на патници бил ограничен.
„Во тој момент сите паркинг-места кај терминалот беа исполнети, а бројот на автобуси е ограничен“, изјавил портпаролот, додавајќи дека организацијата на автобускиот превоз е во надлежност на аеродромот.
Летови кон повеќе европски и светски дестинации
Според информациите на Луфтханза, погодени биле летови кон Сингапур, Копенхаген, Гдањск, Грац и Венеција. Дури во раните утрински часови автобуси пристигнале и ги превезле патниците до терминалот.
Од аеродромот во Минхен кратко соопштиле: „Жалиме за непријатностите што настанаа“.
Студен бран во регионот
Ледениот бран изминатите денови го зафати и Виена, додека хаос беше пријавен и во Марибор, каде што голем број жители останаа без струја, а дел и без вода.
Поради состојбата, во поширокото подрачје на вториот по големина град во Словенија беше прогласена вонредна состојба.
Свет
(Видео) Студентски протести и немири на повеќе универзитети во Иран
Студенти втор ден по ред протестираат на неколку универзитети во Иран, а протестите на места прераснаа во немири, јавуваат локалните новински агенции.
Тензиите се случуваат во период кога земјата се соочува со зголемено американско воено присуство во регионот и обиди за договор со Вашингтон околу нуклеарната програма.
Судири и повредени студенти
Иранската државна телевизија објави снимки од лица за кои тврди дека се „претставувале како студенти“ и нападнале провладини студенти во Техеран. Според извештаите, неколкумина биле повредени откако кон нив биле фрлани камења.
Students at Amir Kabir University in Tehran resisted an attempt by Basij members to stop their rally against the Islamic Republic on Sunday. In the footage, plainclothes Basij members can be seen on the right side. pic.twitter.com/VWXZ0SBiNY
— Iran International English (@IranIntl_En) February 22, 2026
Протести се одржале и на универзитети во Машхад, на североистокот од земјата. Организацијата за човекови права ХРАНА соопшти дека интервенцијата на безбедносните сили предизвикала повреди кај демонстрантите и објави видеоснимки од случувањата.
Пораки против врховниот лидер
Во јавноста се појави и видео од Технолошки универзитет Шариф во Техеран, на кое наводно се слуша како демонстранти го осудуваат врховниот лидер Али Хамнеи, нарекувајќи го „убиствен лидер“.
На снимката се слушаат и повици до Реза Пахлави, синот на соборениот ирански шах кој живее во егзил, да стане нов монарх.
Students at Khajeh Nasir University gathered on the campus on Sunday to protest the government and voice support for exiled Prince Reza Pahlavi, videos shared by the university student newsletter show. pic.twitter.com/awommwsfVv
— Iran International English (@IranIntl_En) February 22, 2026
Продолжување на тензиите
Овие протести следуваат по антивладините демонстрации минатиот месец, кои започнаа поради економските тешкотии и брзо прераснаа во политички барања. Според извештаите, тие немири биле најжестоки од Исламската револуција во 1979 година.
Ситуацијата во Иран и понатаму останува напната, со засилено присуство на безбедносните сили на универзитетите и во поголемите градови.
Свет
Иран e подготвен на компромис со САД за да избегне американски напад, објави Ројтерс
Иран кажал дека е подготвен да направи отстапки во својата нуклеарна програма во разговорите со САД, во замена за укинување на санкциите и признавање на неговото право да збогатува ураниум, со цел да избегне американски напад.
Двете страни и понатаму се длабоко поделени – дури и околу обемот и редоследот на олеснувањето на строгите американски санкции – по две рунди разговори, изјавил висок ирански функционер за Ројтерс.
Сепак, Ројтерс за првпат објавува дека Иран нуди нови отстапки откако разговорите завршија минатата недела, кога страните изгледаа далеку од договор и поблиску до воен конфликт.
Аналитичарите велат дека овој потег сугерира оти Техеран се обидува да ја одржи дипломатијата жива и да спречи голем американски напад.
Функционерот изјавил дека Техеран сериозно би разгледал комбинација од испраќање половина од својот највисоко збогатен ураниум во странство, разредување на остатокот и учество во создавање регионален конзорциум за збогатување – идеја што периодично се споменува во долгогодишната дипломатија поврзана со Иран.
Иран би го сторил тоа во замена за американско признавање на неговото право на „мирно нуклеарно збогатување“ во рамки на договор што би вклучувал и укинување на економските санкции, рекол функционерот.
Дополнително, Иран понудил можност американски компании да учествуваат како изведувачи во големите нафтени и гасни индустрии на Иран, во рамки на преговорите за решавање на деценискиот спор околу нуклеарните активности на Техеран.
„Во рамки на економскиот пакет што се преговара, на Соединетите Држави им се понудени можности за сериозни инвестиции и конкретни економски интереси во иранската нафтена индустрија“, изјавил функционерот.
Вашингтон го гледа збогатувањето ураниум во Иран како можен пат кон нуклеарно оружје. Иран негира дека има намера да развива нуклеарно оружје и бара неговото право на збогатување ураниум да биде признаено.
Иран и САД ги обновија преговорите претходно овој месец, додека САД го зголемуваат своето воено присуство на Блискиот Исток. Иран се закани дека ќе ги нападне американските бази во регионот доколку биде нападнат.
Иранскиот функционер изјавил дека најновите разговори ја нагласиле разликата меѓу двете страни, но подвлекол дека „постои можност за постигнување привремен договор“ додека преговорите продолжуваат.

