Црна хроника
Приведено лице во Штипско, управувал возило со 151 км/ч на место на кое е дозволено 80 км/ч

Вчера во 15.30 часот на експресен пат Штип – Кочани, кај село Крупиште, општина Карбинци, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип го лишиле од слобода А.М.(26) од Скопје, со живеалиште во Кочани.
При контрола во патниот сообраќај со уред за мерење брзина – радар надвор од населено место, било измерено дека тој управува патничко возило „фолксваген пасат“ со кочански регистарски ознаки со брзина од 151 километри на час на место каде што брзината е ограничена на 80 километри на час.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Автомобил удри во пешак во Штип, се здоби со тешки повреди

Вчера на улицата Христијан Тодоровски Карпош во Штип, автомобил „мицубиши“ со штипски регистарски ознаки, управувано од П.Б.(41) од Штип, удрило во пешакот Ј.Ј.(67) од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничка болница Штип.
Извршен бил увид.
Црна хроника
Тешко повреден едниот од возачите во несреќата што се случи вчера кај Раец

Тешко повреден е 36-годишниот возач од Богданци во несреќата што се случи вчера на магистралниот пат Градско – Прилеп, во близина на селото Раец, кавадаречко.
Во несреќата учествуваа товарно возило „ман“ со приколка со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(36) од Богданци и товарно возило „волво“ со приколка со велешки регистарски ознаки, управувано од М.Д.(29) од Велес.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.Т., констатирани во Општата болница Кавадарци.
Извршен бил увид.
Црна хроника
Уапсен крадец во Куманово

Вчера во 16.10 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 26-годишниот Л.Ш. од Куманово. Тој се сомничи дека на 10.03.2025 од тезга на пазар на ул.„Иво Лола Рибар“ во Куманово одзел пари.
Л.Ш. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.