Македонија
Левицата: Владата на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и „Вреди“ со државни пари ќе одбележува јубилеј на ансамблот „Илирида“
На собраниската седница, на која се најде и Програмата за одбележување јубилејни настани, пратениците од Левицата, Реџеп Исмаил и Јована Мојсоска, остро се спротивставија на неа актуализирајќи дека во неа се наоѓаат одбележувања на јубилеи на спорни, сепаратистички и антимакедонски здруженија. Пратеникот Реџеп Исмаил имаше излагање на кое посочи дека доколку се изгласа ваквата програма, би се нарушила репутацијата на Собранието и дека таа е во колизија со меѓународните документи донесени со одлука на ООН:
„Во точка 99 одредено е дека се слави јубилеј од ансамблот ‘Илирида’. Прво би сакал да истакнам дека ова несреќно избрано име на овој ансамбл би требало да сноси одговорност за неговата регистрација во Централниот регистар на РМ. Нагласувам дека ова здружение, и по неговата функција и по симболот што го носи, апсолутно не исполнува ниеден од критериумите за одбележување јубилејни годишни и значајни настани“, потенцира пратеникот од Левицата, Исмаил.
Иако тој побара вака спорно срочената Програма за одбележување јубилејни настани да се врати на корекција, исфрлајќи ги, како што ги нарече Исмаил, антиасномските јубилеи, владејачкото мнозинство ја изгласа програмата не земајќи ги предвид забелешките.
На ова реагира и пратеничкатa од Левицата, Јована Мојсоска, која на својот фејсбук-профил напиша:
„На денешната собраниска седница владејачкото мнозинство си ја изгласа Програмата за одбележување јубилејни настани, меѓу кое е и 10 години од основањето на ансамблот ‘Илирида’“!
Откога пратеникот Хактан проблематизира дека здружение кое де факто промовира сепаратизам не треба ни да постои (а камоли да му одбележуваме јубилеј), пратениците од ДПМНЕ искажаа такви небулози, што навистина не знам дали толку немаат поим од историја или не знаат како да си го одбранат коленичењето пред „Вреди“.
Како вмровските пратеници да не се запознаени дека во 1992 година се одржа референдум под платформата „Илирида“, организиран од тогашните албански партии, кои го бојкотираа референдумот во 1991 г. Организаторите на референдумот бараа промена на Уставот, каде што ќе се внесе албанската автономија – Автономна Република Илирида. Исто така, беше предложен додатен дел на Уставот, со наслов: Автономна Република Илирида, која беше одредена како автономна политичка територијална и демократска заедница.
Односно, движењето „Илирида“ предвидува формирање бинационална држава со две федерални единици – албанска и македонска. И, замислете, за комитите од ВМРО, „Илирида“ воопшто не е спорна!
„Мој совет до вмровските пратеници е повеќе да читаат историја за да не завршат повторно на погрешната страна (како во Втората светска војна)“, напиша Мојсоска објавувајќи фотографија од референдумското прашање за „Илирида“: „Дали сте за политичко-територијална автономија на Албанците во Македонија“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Откриен обид за криумчарење на 4.800 пакувања никотински ќесички вредни 1,2 милиони денари
Царинската управа откри и спречи обид за криумчарење на 4.800 пакувања со никотински ќесички со вредност од 1,2 милиони денари. Против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава заради сторено кривично дело „криумчарење“.

„Осомничениот е застанат за контрола од страна на мобилен царински тим, во внатрешноста на државата, веднаш по влезот во државата преку граничен премин Табановце, при што се пронајдени 4.752 пакувања со никотински ќесички со никотин и 48 пакувања никотински ќесички – снус кои содржат никотин и тутун. Стоката и возилото се запленети, а осомничениот е приведен на сослушување од страна на инспекторите за истраги“, соопштија од Царина.
Во предистражната постапка е утврдено дека стоката требало да биде предадена на лице за кое Царинската управа минатата година поднесе кривична пријава за прикривање стоки кои се предмет на криумчарење – цигари без акцизни маркички и царинска измама.

По целосно завршување на истрагата, против осомничениот ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното јавно обвинителство за сторено кривично дело криумчарење.
Македонија
(Видео) Петрушевски: СДС молчи на пратенички прашања за Груби, хистеријата и стравот од одговорност ги направи заложници на криминалот
СДС молчи на пратенички прашања за Груби, хистеријата и стравот од одговорност ги направи заложници на криминалот, вистакна на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ниту едно пратеничко прашање од страна на СДС кон членовите на Владата за Артан Груби. А толку беа гласни изминативе три дена со измислување на 10-тина тези, за кои народот секако не им поверува.
Но вистината, почитувани, полека но сигурно излегува на површина. Стравот од можните искази на Артан Груби за криминалите на поранешната власт на СДС и ДУИ очигледно го притисна паник тастерот во Бихаќка.
Дури и потпретседателката на СДС, Јованка Тренчевска, отиде чекор понатаму, посочувајќи дека за еден од случаите во кои се сомничи Груби за сторен криминал, кривични пријави треба да добијат и неговите колеги од тогашната влада“.
Петрушевски прашува дали толку многу знае Груби, што некои поранешни функционери би биле подготвени да се жртвуваат. Дали, како што рче, паник тастерот во СДС го притисна кланот Заеви. „Дали стравот кај Вице и Зоран Заев навистина толку е голем, па затоа СДС со Филипче на чело застана во одбрана? Затоа ли Спасовски, Филипче и Зечевиќ делуваат видно вознемирени?
За криминалот, на крајот, има само еден одговор, а тоа е правдата“.
Македонија
Имаме чувство дека српски служби пробуваат да го ослабнат СДСМ, велат од оваа партија
Имаме чувство дека странски служби работат за различни цели, велат од СДСМ.
„Излезе информација дека странски служби дале информација за Груби дека е во опасност.
Беше 14 месеци, како што вели ВМРО (изгледа имале информации, а никој не го барал), на Косово и во Албанија – без никаква опасност.
А сега е во опасност во затворот Шутка, покрај сите мерки за обезбедување.
Посигурен е дома. Тоа сигурно – храната стигнува од ресторани, а и на телевизија има интересни содржини. Како во хотел.
Она што не го кажа Мицкоски е од која странска служба ја добиле информацијата, бидејќи како што се гледа од изјавите за медиумите од МВР и АНБ, никој ја нема таа информација“.
Од СДСМ прашуваат дали информацијата му стигнала од српска или од руска служба.
„Може ли тоа да ни го каже, или и тоа е тајна?
Исто така, покрај ова што наводно го прават странските служби во земја членка на НАТО, имаме чувство дека истите тие служби се занимаваат и со членови на СДСМ.
По бројните обиди за слабеење на СДСМ одвнатре, кои што не успеаа, истиот модел продолжува.
Така, имаме чувство дека поединечни членови продолжуваат контакти со служби, одат во амбасади, одат на ручеци – како што одамна прават некои т.н. новинари кои се во служба на водење антиевропска кампања со цел јакнење на руското влијание во Македонија“.

