Контакт

Топ

Се судрија камион и цистерна на патот Градско-Прилеп, сообраќајот е во целосен прекин

Објавено пред

Во прекин е сообраќајот на магистралниот пат, Градско-Прилеп, кај селото Раец поради судир на цистерна и камион.

dobivaj vesti na viber

Од АМСМ известија дека сообраќајот е во целосен прекин од 19:55 часот.

Засега нема официјални информации за природата на повредите на учесниците во несреќата.

Македонија

Мицкоски: Шокиран сум како се однесувал прв човек на едно обвинителство кога слушнал за акцијата на МВР и БЈБ

Објавено пред

По акцијата за канцерогениот мазут во која беа уапсени 11 лица, премиерот Христијан Мицкоски денес кажа дека бил шокиран од однесувањето на еден обвинител. Тој не сакаше да ги коментира судските одлуки со кои тројца добија затворски притвор, за едниот од обвинетите беше определен куќен притвор, а на останатите седуммина им беа определени мерки за претпазливост, но зборуваше за „првиот човек на едно обвнителство“.

dobivaj vesti na viber

„За мене се алармантни информациите кои што ги добивам кои што се поврзани со однесувањето на прв човек на едно обвинителство кога слушнал за акцијата која што ја спроведуваа МВР и БЈПБ пред две дена. Навистина сум шокиран како се однесувал тој човек и како продолжува да се однесува. Мислам дека многу скоро од денеска ќе се кае, но тогаш се плашам дека ќе му биде доцна“, рече премиерот Мицкоски на камен – темелникот за македонско – грчкиот граничен премин Маркова нова.

Синоќа Кривичниот суд им одреди 30 дена притвор на бизнисменот Ратко Капушевски – сопственик на фирмата РКМ, Ерџан Сулкоски и ексдиректорот на ЕСМ, Адријан Муча, на Асмир Јахоски – сопственик на „Пуцко Петрол“ му одреди мерка домашен притвор, а на останатите седуммина им одреди мерки за претпазливост. Осомничени се за злоупотреба на тендер за набавка на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино. Единаесетмината вчера беа уапсени во акција која се спроведуваше во Скопје, Велес и Кичево.

Премиерот Мицкоски рече дека ќе почека да заврши истрагата за да даде коментар за тоа дали уапсените ќе одговараат за злоупотреба на службена должност или пак ќе им се стави на товар и труењето на граѓаните со канцероген мазут.

Прикажи повеќе...

Македонија

Палевски првин ја прашал Вања кои ѝ се родители за да им испрати фотографии, потоа ја застрелал преку перниче, сведочеше Манев

Објавено пред

Обвинетиот Велимир Манев сведочеше во судот за грабнувањето на Вања тврдејќи дека Љупчо Палевски-Палчо им покажувал фотографии од возрасна жена што требало да биде киднапирана, а во комуникација со него тие ја киднапирале 14-годишната Вања не знаејќи дека е дете.

dobivaj vesti na viber

Ја грабнале во влезот на зградата, ја врзале, ја ставиле во вреќа за спиење, која претходно ја зеле од канцеларија и ја ставиле во багажникот.

„Стигнавме до местото Дупки и го отворивме багажникот. Палчо ја праша како се вика, кои ѝ се татко, мајка, од каде е и кога дозна, ни рече да ја извадиме надвор од автомобилот за да ја фотографира и да може да им ги прати на родителите и на фамилијата. Ја извадивме, ја откопчавме вреќата за спиење и кога го тргнав салотејпот, тогаш видов дека тоа е дете, а не жена. Веднаш му рековме јас и Влатко, бевме до него, ова е некоја грешка, дека треба да го вратиме назад девојчето и бидејќи сме под маски, никого не видела, да ја ослободиме. Палчо повторно почна да ми кажува да прекинам, дека јас ништо не знам, сѐ е чисто“, сведочеше Манев.

Потоа им рекол дека првичната сума што им ја понудил за грабнувањето нема да може да се земе и дека таа ќе биде помала.

„Се свртев да гледам кон лозјата, бидејќи беа некои запуштени лозја, кон напуштените соби за да видам во која од собите да ја внесеме. Додека пријдов и гледав. Палевски му пријде на детето со пиштолот и со перниче во раката ѝ го испука куршумот преку него и јас повторно бев надвор од себе. Се врати Палчо до пикапот и од него извади копач и лопата, нови неупотребени. Ги фрли пред нас и нареди да ископаме дупка за да се закопа детето“, сведочеше Манев.

Палчо им наредил да закопуваат, а Манев тврди дека плачел. Потоа Палевски го запалил автомобилот на Панче Жежовски.

Тој рече и дека бил натеран со тепање од полициски инспектори да каже дека Љупчо Палевски бил во комуникација со таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Манев за грабнувањето на Вања: Палевски ни рече дека ќе грабнеме возрасна жена, а не дете

Објавено пред

Пред да биде грабната 14-годишната Вања, првоосомничениот Љупчо Палевски-Палчо на обвинетите им рекол дека ќе грабнуваат 38-годишна жена, ќерка на сопственик на веледрогерија, сведочеше обвинетиот Велимир Манев.

dobivaj vesti na viber

Според сведочењето, Палевски размислувал и за киднапирање на директорот на „Гранит“, а првата личност што сакал да ја грабнат била ќерка на пензиониран скопски бизнисмен, кој живее во истата зграда од која беше грабната Ѓорчевска. Потоа Палевски им рекол дека ќе грабнат 38-40-годишна жена од богато семејство.

„Ни ги покажуваше фотографиите на телефон. Изгледаше на 40-годишна жена, не личеше на дете“, рече Манев.

Палевски им го објаснил системот и начинот како се отвора вратата, ентериерот на внатрешноста на зградата.

„Јас и Боре влеговме во зградата. Беше темно, немаше светилка. Светлина доаѓаше од влезната врата. Чекавме. Кога се симнуваше личноста, Боре ја грабна со едната рака, а со другата ѝ ја залепи устата и ја повлековме кон скалите, кон потемното. Излезе од лифтот спуштајќи се по скалите надолу. Според фотографиите што ни ги даваше Палчо, личноста беше идентична, колку што можевме да видиме во темното. Ја врзавме, ја ставивме во вреќа за спиење. Кешишев го донесе автомобилот пред влезот, го отвори багажникот за да можеме да ја ставиме“, рече Манев.

На таткото на Вања, обвинетиот Александар Ѓорчевски му се слоши, по што судијата даде пауза.

Тој претходно детаљно ги раскажа убиството на велешанецот Панче Жежовски и планот во дупки да се чуваат врзани киднапираните додека да бидат исплатени пари. Сепак, според сведочењето на Манев, Палчо го застрелал Жежовски и му рекол дека така е почисто.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

Мицкоски: Шокиран сум како се однесувал прв човек на едно обвинителство кога слушнал за акцијата на МВР и БЈБ

По акцијата за канцерогениот мазут во која беа уапсени 11 лица, премиерот Христијан Мицкоски денес кажа дека бил шокиран од...

Македонија2 часа

Палевски првин ја прашал Вања кои ѝ се родители за да им испрати фотографии, потоа ја застрелал преку перниче, сведочеше Манев

Обвинетиот Велимир Манев сведочеше во судот за грабнувањето на Вања тврдејќи дека Љупчо Палевски-Палчо им покажувал фотографии од возрасна жена...

Македонија2 часа

Манев за грабнувањето на Вања: Палевски ни рече дека ќе грабнеме возрасна жена, а не дете

Пред да биде грабната 14-годишната Вања, првоосомничениот Љупчо Палевски-Палчо на обвинетите им рекол дека ќе грабнуваат 38-годишна жена, ќерка на...

Македонија3 часа

Манев сведочеше во судот: Палчо го застрела Панче Жежовски, кога се спротивставив, ми рече: „Да не расипуваме пријателство, имаш убава фамилија“

Едниот од обвинетите за  убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Велибор Манев, во судница даде исказ за двократното убиство...

Свет3 часа

Лавров: „Фирерот“ Урсула ја вооружува Европа за војна против Русија

Москва во никој случај нема да прифати присуство на војници на НАТО во Украина како мировни сили, изјави рускиот министер...

Европа5 часа

(Видео) Објавени нови мапи, Русите силно напредуваат во Курск

Анализата на „Скај њуз“, врз основа на картографски податоци и геолокацирани снимки, покажува дека руската армија ги потиснала украинските сили...

Македонија5 часа

ВМРО-ДПМНЕ: 167 милиони евра криминал со канцероген мазут, а судството само одзема пасоши

Социјалдемократскиот сојуз и ДУИ упорно го бранат корумпираното судство и обвинителство, а вистинската причина денес е јасна – се работи...

Свет5 часа

Како би можела да заврши војната во Украина, на маса се повеќе опции

Ограничен прекин на огнот, меѓународни мировни сили или откажување од територија? Постојат повеќе сценарија за можен крај на борбите во...

Македонија6 часа

Антикорупционерите ќе утврдуваат дали има корупција, непотизам и судир на интереси за тендерите што ги добил сопругот на државната секретарка Клинчарова

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) ќе проверува дали има судир на интереси, непотизам и корупција за тендерите во Министерството...

Европа7 часа

Човек на Путин: Мировниот договор ќе биде според условите на Москва, а не на Вашингтон

Влијателен руски пратеник, коментирајќи го предложениот прекин на огнот за кој преговараа американски и украински претставници, денеска изјави дека секој...

Свет7 часа

Австралија: Царините на САД се неоправдани, но ние нема да возвратиме

Австралискиот премиер Ентони Албанез изјави во понеделникот дека американските царини за австралискиот челик и алуминиум се неоправдани, но неговата влада...

Европа7 часа

ЕУ подготвува жесток одговор на царините на Трамп: на удар познати американски производи

Европската унија планира силен одговор на глобалните царини на Трамп од 25 отсто за челик и алуминиум, пишува Политико, повикувајќи...

Свет8 часа

(Видео) Трамп им вети пекол на напаѓачите на продавниците на „Тесла“

Нападите на продавниците на „Тесла“ ќе бидат означени како домашен тероризам, а сторителите „ќе поминат низ пекол“, изјави американскиот претседател...

Свет8 часа

Стапуваат во сила царините на Трамп за челик и алуминиум

Во сила стапија царините наметнати од американскиот претседател Доналд Трамп за увоз на челик и алуминиум. Оваа мерка ја зголемува...

Македонија16 часа

Триесет дена притвор за Капушевски, Муча и Сулкоски, сопственикот на „Пуцко Петрол“ оди во куќен притвор

Судот определи 30 дневен притвор за бизнисменот Ратко Капушевски – сопственик на фирмата РКМ, Ерџан Сулкоски и ексдиректорот на ЕСМ,...

Топ17 часа

Се судрија камион и цистерна на патот Градско-Прилеп, сообраќајот е во целосен прекин

Во прекин е сообраќајот на магистралниот пат, Градско-Прилеп, кај селото Раец поради судир на цистерна и камион. Од АМСМ известија...

Свет18 часа

Трамп се надева дека прекинот на огнот во Украина ќе стапи во сила во следните денови

Претседателот на САД, Доналд Трамп зборуваше со новинарите пред Белата куќа, потврдувајќи дека очекува да разговара со Владимир Путин оваа...

Свет19 часа

Америка ја враќа воената помош во Украина, Киев: Подготвени сме на примирје од 30 дена

Соединетите држави и Украина издадоа заедничка изјава по состанокот во Џеда, Саудиска Арабија, потврдувајќи дека САД веднаш ќе ја укинат...

Македонија19 часа

Единаесет лица се приведени за злоупотреба на тендер за набавка на мазут

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување на истражна постапка за тринаесет лица и една...

Македонија21 час

Собранието изгласа недоверба на пет членови на Судскиот совет

Собранието изгласа недоверба на членовите на Судскиот совет Павлина Црвенковска, Селим Адеми, Весна Дамева, Тања Чачарова Илиевска и Миљазим Мустафа....